Спорт
Сане, Салах и Марез номинирани за најдобар африкански фудбалер во 2019
Конфедерацијата на африкански фудбал (ЦАФ) ги номинираше двојката на Ливерпул, Садио Мане и Мохамед Салах, како и ѕвездата на Манчестер сити, Ријад Марез за најдобар африкански фудбалер за 2019 година.
Сенегалскиот ас Мане ќе биде фаворит за титулата пред својот египетски клупски колега, откако заедно ја освоија титулата од Лигата на шампионите, но од друга страна Марез ја освои Премиер лигата со Сити и беше капитен на Алжир на патот до титулата од Африканскиот куп на нации.
За победникот ќе гласаат капитените и тренерите на 54-те африкански нации, а наградата ќе биде доделена на 7 јануари во Хургада, Египет. Салах ја освојуваше наградата последните две години, додека Марез беше победник во 2016. Сан нема титула – беше трет во 2016 и втор зад Салах последните две години.
? And then there are 3⃣!
?? @Mahrez22@ManCity – @LesVerts
?? Sadio Mané @LFC – @FootballSenegal
Who will be crowned the best in Africa on the 7th of January In Hurghada? ? pic.twitter.com/mc7o47Bk1j
— CAF (@CAF_Online) December 22, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Де Хеа во Бетис?
Давид Де Хеа, минатото лето, како слободен играч го напушти Манчестер јунајтед. Имаше понуди, најмногу од Саудиска Арабија, но тој реши да ја чека вистинската, поради што ја пропушти оваа сезона.
Де Хеа на почетокот на сезоната доби понуда и од Реал Мадрид, кој остана без првиот голман Тибо Куртоа, но одби да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Не откри дали го одбил „кралскиот клуб“ поради финансиската понуда или поради тоа што тој е „дете“ на Атлетико Мадрид.
Шпанските медиуми тврдат дека Де Хеа од наредната сезона се враќа меѓу стативите. Според овие извори тој ќе брани за Бетис. Ќе потпише договор со клубот од Севилја кога ќе започне преодниот рок.
Бетис моментално се седми на табелата во Примера.
Спорт
Баерн преговара и со селекторот на Австрија
Фудбалскиот клуб Баерн веќе два месеци го бара наследникот на Томас Тухел, а сега почнале преговори со Ралф Рангник, пренесува германскиот новинар на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг.
Баварците се во потрага по нов шеф на стручниот штаб кој би го тимот од Тухел по завршувањето на сезоната. Затоа почнале преговори со Рагник, кој е селектор на Австрија со која ќе настапи на ЕУРО 2024. Новинарот потенцира дека многу работи би треабло да се поклопат за Рангник да дојде во Минхен.
Плетенберг пренесува дека е воспоставен контакт со Рагник откако станало јасно дека преговорите за враќање на Јулијан Нагелсман пропаднале кога тој потпиша нов договор со Германскиот фудбалски сојуз, а Баерн сака што поскоро да го претстави новиот тренер.
Договорот на Рагник со Австрискиот фудбалски сојуз е до Светското првенство во фудбал во 2026 година, но може да биде раскинат со соодветна отштета. Доколку челниците на Баерн успеат да се договорат со 65-годишниот стручњак, парите не би требало да бидат проблем.
Дополнително, Де Зерби и Зинедин Зидан се уште се кандидати за клупата на Баерн.
Спорт
Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година
Новак Ѓоковиќ го искористи петтото прогласување за најдобар спортист на планетата за да ги открие своите идни планови.
Српскиот тенисер, на новинарите во Мадрид им откри дека се ште не размислува за пензионирање.
„Мојата најважна цел годинава е златен медал на Олимписките игри во Париз. Верувам дека е можно, да не верувам, немаше ни да играм. Секогаш мора да верувате дека се е можно во животот. Којзнае дали повторно ќе имам таква шанса. Сакам да учествувам на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година, но никогаш не се знае што ќе се случи.
Тој објасни и зошто решил да не игра на Мастерсот во Мадрид.
„Го подготвувам своето тело за Ролан Гарос, Вимблдон, Игрите и Ју-ес Опен и овој период е исклучително важен за мене. Планирам за две недели да учествувам на Мастерсот во Рим. Се надевам дека следната година ќе играм во Мадрид. Сè уште сум млад, ми останува уште многу време за игра“, се пошегува Ѓоковиќ, кој за околу еден месец полни 37 години.