Спорт
Санси преку Индијана до најдобриот скор во НБА лигата

Финикс санс продолжуваат со импресивната игра, победувајќи ги Индијана пејсерс со 113:103 за да го подобрат својот најдобар скор во НБА лигата на 36-9.
Пејсерси се доближија на -6 во последните четири минути од мечот, но одбраната на Санси не им дозволи да се вратат во игра, откако имаа предност од 22 поени во текот на третата четвртина.
Бизмарк Бијомбо со 21 поени, 13 скока и 5 асистенции и Крис Пол со 18 поени и 16 асистенции беа први ѕвезди на Финикс, додека кај Индијана, Дуарте и Стивенсон имаа 17 поени, а Гога Битадзе заврши со 16 поени и 11 скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Милвоки – Сакраменто 133:127
Кливленд – Оклахома Сити 94:87
Финикс – Индијана 113:103
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ-експрес во првиот вечерен меч во историјата на Ролан Гарос

Актуелниот шампион и светски број 1, Новак Ѓоковиќ ја имаше честа прв да игра во вечерен меч на Ролан Гарос, но тие кои ги платија скапите билети на „Филип Шартие“ на крајот не добија многу за парите, откако Србинот го декласираше Јапонецот Јошихито Нишиока во три лесни сета со 6:3/6:1/6:0.
Во првиот гренд слем меч по фијаското со депортирање од Австралија во јануари, Ѓоковиќ имаше „мака“ само во првиот сет, кој го освои за 51 минута, а паузата поради дождот и затворањето на покривот, како да го наполни со енергија за во вториот сет да му дозволи на 99-рангираниот противник само еден гем, и потоа лесно да го комплетира мечот.
Следен за Ѓоковиќ ќе биде подобриот од мечот помеѓу Словакот Алекс Молчан и Аргентинецот Федерико Корија, но потоа ждрепката станува далеку потешка за него – веќе во четврт-финалето би не чекало пресметка со 13-кратниот шампион од Париз, Рафа Надал, а во потенцијалното полуфинале би бил уште еден Шпанец, младиот талент Карлос Алкараз.
Спорт
Херта со голема победа во Хамбург за опстанок во Бундеслигата

Херта Берлин, „старата дама“ на германскиот фудбал ќе игра бундеслигашки фудбал и следната сезона, откако на „Фолкспарк“ во Хамбургер стигнаа до 0:2 победа во реваншот во баражот за опстанок во елитата.
ХСВ во првиот меч во Берлин успеа да стигне до 1:0 победа, така што фановите на клубот од северна Германија се надеваа дека на домашен терен само ќе го потврдат враќањето меѓу најдобрите, меѓутоа тимот на Феликс Магат уште во 4. минута дојде во водство преку Дедрик Бојата за поништување на предноста. Марвин Платенхарт во 63. минута го потврди опстанокот на Херта.
Шалке и Вердер Бремен претходно обезбедија директен пласман во Бундеслигата, додека нови второлигаши се Гројтер Фирт и Арминија Билефелд.
Спорт
Канело ќе одбие римеч со Бивол за „трилогија“ со Головкин

Едно од најголемите боксерски ривалства на денешницата ќе ни донесе нова епизода, откако Саул Канело Алварез потврди дека ќе избегне римеч со ВБА шампионот Дмитриј Бивол за во септември по третпат да влезе во рингот со својот најлут противник, Генадиј Головкин.
Алварез „скокна“ категорија во средно-тешка за да боксува со Бивол за титулата, но доживеа убедлив пораз на поени, покажувајќи дека оваа категорија не е за него. Сега, тој се решава за трилогија со Головкин, со кого имаше ремиво средна категорија во 2017, пред да го победи на поени следната година.
„Веќе имав договор со Головкин, така што продолжуваме според планот. Мислам дека тоа се двата најголеми боксерски мечеви на денешницата, мечот со Головкин и реваншот со Бивол. За жал загубив, но тоа не значи дека нема да се обидам повторно. Сега се враќам во септември и наскоро ќе го потврдиме датумот“, изјави Канело за „ЕСПН“.
Првите два меча меѓу Алварез и Головкин се сметаат за „класика“ кај фановите на боксот. Првиот меч беше контроверзен поради судиските оценки – едниот судија имаше 115:113 за Головкин, а вториот 114:114, додека судијката Аделејд Бирд оцени дека Алварез добил 10 од 12-те рунди. Ова предизвика истрага и таа беше суспендирана.
Римечот беше закажан за мај, но мораше да биде одложен откако Алварез беше позитивен на кленбутерол, по што Головкин се исмеваше со позитивниот тест. Тогаш, двајца судии го оценија мечот 115:113 за Алварез, а третиот сметаше дека било нерешено 114:114.
Канело го победи Головкин на поени во ри-мечот во Вегас (видео)