Спорт
Се подготвува чистка во ПСЖ – деветмина ќе го напуштат клубот
Елиминацијата од Лигата на шампионите на површина ги исфрли сите проблеми со кои се соочува ПСЖ. И на најголемите оптимисти во клубот им стана јасно дека ПСЖ не е тим, туку група од ѕвезди што го носат истиот дрес.
Вчера, ѕвездите, со исклучок на Килијан Мбапе и Ашраф Хакими, добија порција свирежи на натпреварот со Бородо.
Навивачите, претходно, во отворено писмо побраа од клубот да си заминат претседателот Насер ал-Келаифи, спортскиот директор Леонардо, тренерот Маврисо Покетино и најскапото засилување Нејмар.
Француските медиуми тврдат дека во летниот преоден рок ПСЖ ќе направи голема реконструкција.
Со оглед на елиминацијата од Реал во Лигата на шампионите, јасно е дека Килијан Мбапе ќе го напушти клубот. По неговите стапки, како слободен играч од Париз ќе си замине и Анхел ди Марија.
Жители на Париз нема да бидат и играчите што дојдоа како големи засилувања, а не покажаа ништо: Серхио Рамос и Жоржињо Вајналдум.
На трансфер-листата ќе се најдат и Леандро Паредс, Мауро Икарди, Идирса Геј, Тило Керер, Лавин Курзава, Јулијан Дракслер и Андер Ерера.
Според овие извори, Меси и Нејмар ќе останат уште една сезона на „Паркот на принцовите“.
Клупските челници решиле новиот тим да го градат околу Марко Верати, Маркињос, Персел Кимпембе, Ашраф Хакими, Џиџи Донарума и Нуно Мендеш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.