Контакт

Спорт

Се распаѓа дрим-тимот, уште еден играч му откажа на Поповиќ

Објавено пред

Продложи трендот на откази во американскиот дрим-тим во пресрет на почетокот на подготовките за Светското првенство во Кина. Последен што му се заблагодарил на повикот на селекторот Грег Поповиќ е играчот на Вашингтон визардс, Бредли Бил.

Бил им се приклучи на Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Си-Џеј Мекалум и на Ерик Гордон, кои претходно го откажаа учеството на СП со образложение дека сакале да се подготват за напорната сезона во НБА, во која имале високи лични и тимски амбиции.

Играчот на Вашингтон имал поинаква причина од наведените четворица, тој сакал да биде присутен кога ќе му се роди  детето. Сопругата на Бил треба да се породи кон крајот на август.

Светското првенство во Кина ќе почне на 31 август.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

ВРЦ: Танак победи во Германија, Тојота со 1-2-3 пласман!

Објавено пред

Естонецот От Танак го зголеми водството во генерален пласман во Светскиот рели шампионат, откако ја оствари третат последователна победа за Тојота на Германското ГП.

Танак предводеше 1-2-3 победа за Тојота на релито, откако Крис Мик заостана 20.8 секунди зад него, а Јари-Мати Латвала беше трет. Танак сега има 35 поени предност пред Тјери Нојвил во Хјундаи, кој заврши како петти зад својот колега Дани Сордо, откако во саботата имаше малер со дупната гума.

Сепак, Нојвил со победата на пауер-етапата го поминува шесткратниот ВРЦ шампион, Себастиен Ожие во генерален пласман со 13 поени предност. Ожие имаше фрустрирачка трка и заврши на осмото место, откако од почетокот на релито имаше проблеми со електронското управување на Ситроен Ц3 и заврши 1:56.3 зад Танак.

Прикажи повеќе...

Спорт

Шест луѓе повредени откако гром удри на голф турнир во Атланта (видео)

Објавено пред

Шест гледачи беа повредени откако гром удри во дрво во саботата навечер на голферскиот турнир, Тур шампионат во Атланта, Џорџија.

ПГА турнејата потврди дека ударот повредил шест луѓе кои веднаш биле однесени во болница, но не се работи за посериозни повреди. Били Крамер, сопственик на количка за продавање храна на турнирот, за локалната телевизија изјави дека бил во количка за голф кога громот удрил, по што излетал од возилото и го повредил скочниот зглоб.

„Се случи одеднаш, како да пукна бомба и луѓето врескаа“, изјави Крамер.

Ударот се случил додека немало голфери на теренот – играта била сопрена во 16:17 по локално време, а двата грома удриле во 16:45, додека гледачите чекале да се продолжи турнирот.

Прикажи повеќе...

Спорт

ФИФА ги менува линиските судии со роботи?

Објавено пред

ФИФА сериозно размислува за опцијата линиските судии и другите помошници судии да бидат заменети со роботи набргу во уште еден обид со технологијата да го подобри спортот, тврдат британските медиуми.

Според „Дејли мирор“, ФИФА веќе формирала посебен оддел кој ќе разгледува како технологијата може да помогне на спортот, и еден од првите заклучоци е дека судијата со офсајд знамето може да стане работа на минатото за неколку години.

Ако ова навистина се оствари, тогаш реакциите сигурно ќе бидат брутални, бидејќи и сега ВАР системот на ФИФА останува со голем број на скептици меѓу фановите, но јасно е дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е голем љубител на технологијата. Шефот на ВАР системот во Премиер лигата, Нил Сварбик вели дека ВАР е совршена технологија.

„Луѓето едноставно не се навикнати. Понекогаш дури може да биде поинтересно“, вели Сварбик.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт1 час

Шест луѓе повредени откако гром удри на голф турнир во Атланта (видео)

Шест гледачи беа повредени откако гром удри во дрво во саботата навечер на голферскиот турнир, Тур шампионат во Атланта, Џорџија....

Македонија3 часа

Ветрот го шири пожарот кај Опеница, кризниот штаб бара решение

Поради сериозноста на ситуацијата заседава Кризниот штаб на Општина Охрид кој бара решение како да се изгасне пожарот кој се...

Топ4 часа

Ресенчанец со фалц диплома станал полицаец, се запишал на факултет и го унапредиле во инспектор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од село Асамати, Ресенско, поради „фалсификување исправа“, казниво по член 378 став1 од...

Свет4 часа

Трамп размислува да ја повика Русија на следниот Самит Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Бијариц дека е „можно“ тој да ја покани Русија да се врати на годишниот...

Свет4 часа

НАСА објави вознемирувачки снимки од пожарите кои ги уништуваат ,,белите дробови” на светот

Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонија која се нарекува...

Европа6 часа

Уапсени 68 учесници на протестот против Самитот Г7 во Франција

Француските власти соопштија дека уапсиле 68 лица кои учествувале на напнатиот протест во близина на Бијариц, каде се одржува самитот...

Регион6 часа

Вучиќ: Пред Србија е тешка есен и компликувана зима

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на...

Спорт6 часа

Ѓоковиќ: Мојата сопруга е помоќна од мене – секогаш пишува нешто

Новак Ѓоковиќ во ново интервју пред САД опен во Њујорк, последниот гренд слем од сезоната, се отвори за својот личен...

Македонија6 часа

Прв рок за упис на скопскиот универзитет на 29 и 30 август

Првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е...

Спорт7 часа

Ковалев го „здроби“ Јарди во 11. рунда, сега го сака Канело (видео)

Шампионот Сергеј Ковалев го „уништи“ британскиот предизвикувач Ентони Јарди со нокаут во 11. рунда од нивниот меч за ВБО титулата...

Свет19 часа

Над 1 600 нови пожари во Амазонија, на терен испратени 44 илјади војници

Над 1 600 нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, поради што на тарен се испратени авиони како и...

Македонија21 час

ЗНМ и СЕММ бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба...

Македонија22 часа

(Видео) Заев се надева дека со опозицијата консензуално ќе го донесат законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев денеска во Општина Новаци, на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино...

Свет22 часа

Во пожар на Алјаска изгореа 51 куќа и три згради

Шумски пожар којшто гори северно од Анкорејџ, Алјаска, уништи 51 куќа и три деловни згради, соопштија властите. Уништени се и...

Европа22 часа

Макрон апелираше за помош за сузбивање на пожарите во Амазонија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска пред почетокот на самитот на Г7 во Бијариц дека ги повикува сите светски сили...

Македонија1 ден

(Видео) Заев ќе тужи за клевета по објавата на записникот за случајот „Рекет“

Премиерот Зоран Заев денеска oд Прилеп најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој...

Регион1 ден

Во Словенија просечната плата изнесува 1.108 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра, што е за 0,8 проценти пониска од просечната...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе утврдува како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата...

Македонија1 ден

Германски државјанин што се барал со потерница, живеел со лажен идентитет на Попова Шапка

Педесет и петгодишен Германец кој германската полиција го бара за набавка на 700 килограми кокаин деновиве бил приведен во земјава....

Македонија1 ден

Еден мигрант загина, а 12 се повредени во несреќата кај Демир Капија, возачот побегнал

Едно лице од Бангладеш почина, а 12 други се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на автопатот Демир...

Досие