Спорт
Себастијан Але – Крал на стрелците во ЛШ

Себастијан Але испиша историја во Лигата на шампионите. Напаѓачот на Ајакс, во првите пет натпревари оваа сезона, Але постигна девет гола. За еден гол го подбри претходниот рекорд од 2019 година, кој беше во сопственост на Ерлинг Халанд.
Але, вчера ги постигна двата гола во победата на Ајакс над Бешикташ (2:1).
Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска, во првото коло против Спортинг постигна четири гола, а потоа по еднаш беше прецизен против Бешикташ и во двата натпревари со Борусија Дортмунд.
Sebastien Haller's first five #UCL games are simply ridiculous! ???
His nine goals tops Erlin Haaland's eight goals in five games at Salzburg in 2019… pic.twitter.com/yoGMzDYUm1
— Football on BT Sport (@btsportfootball) November 24, 2021
Але се наоѓа на врвот на листата, на фудбалери, кои постигнувале голови во првите пет натпревари во фазата по групи. Покрај него и Халанд на оваа листа се наоѓаат Роберт Левандовски и Кристијано Роналдо.
Three players have scored in all five #UCL games this season:
?????? ???????????
⚽️⚽️
⚽️⚽️
⚽️
⚽️⚽️⚽️
⚽️????????? ??????
⚽️⚽️⚽️⚽️
⚽️
⚽️
⚽️
⚽️⚽️????????? ???????
⚽️
⚽️
⚽️
⚽️⚽️
⚽️Will anyone make it 6/6? ? pic.twitter.com/oYPgzmRfAS
— Squawka Football (@Squawka) November 24, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јувентус се соочува со нова казна – Ќе му бидат одземени уште 20 бода

Фудбалскиот клуб Јувентус се соочува со нова казна, поради која може да заврши во Серија Б. Пред две недели, поради финансиски малверзации, на Јувентус му беа одземени 15 бода.
„Обвинителот на Фудбалскиот сојуз на Италија ќе побара Јувентус да биде казнет со одземање на најмалку 20 поени за измама околу исплата на плати на играчите за време на пандемијата на коронавирус, случај кој се смета за многу посериозно прекршување на правилата од користење на лажен капитал во финансиските книги. Доколку се случи ова и на Јувентус покрај веќе одземените 15 бода, му бидат одземени уште 20, клубот ќе падне на последното место во Серија А“, пишува „Кориере дело Спорт“.
Јувентус до пред две недели се бореше за Скудетото, а како сега стојат работите ќе се бори за опстанок.
Доколку Јувентус биде казнет со одземање 20 бода, по 20. коло би имал само три бода и би паднал на последното место на табелата, би бил 10 бода оддалечен од безбедната зона.
Спорт
Три недели пауза за Килијан Мбапе

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн поради повреда на мускулот, пренесува „Екип“.
Мбапе се повреди на натпреварот од 21. коло на францускиот шампионат против Монпелје. Тој ја напушти играта во 21. минута, а по денешните прегледи беше утврдено дека играчот на „светците“ ќе биде надвор од терените најмалку три недели.
Мбапе ќе ги пропушти натпреварите против Тулуз и Монако во францускиот шампионат, мечот со Олимпик од Марсеј во Купот на Франција. Натпреварот помеѓу ПСЖ и Баерн ќе се одигра на 14 февруари во Париз.
Спорт
Ауар се договорил со Бетис

Фудбалерот на Олимпик Лион Хусем Ауар нема да го продолжи договорот со францускиот клуб и од лето ќе стане нов играч на Бетис, дознава специјализираниот фудбалски портал „Гол“.
Веќе подолго време се шпекулира за потенцијалното заминување на Ауар и многу клубови беа заинтересирани за неговите услуги. Медиумите во Англија пишуваа дека ќе го засилил Манчестер јунајтед на крајот од јануарскиот преоден рок, но клубот од „Олд Трафорд“, ја пополни дупката во средниот ред предизвикана од повредите со ангажманот на Марсел Забицер на шестмесечна позајмица.
„Голl,“ тврди дека Ауар ги договорил деталите за соработката со Бетис и дека ќе се пресели во Шпанија по истекот на актуелниот договор со Лион.
За 24. годишниот фудбалер беа заинтересирани Интер и Севиља, но тој реши да му се приклучи на тимот на Мануел Пелегрини.
Бетис веќе купуваше во Лион, откако го ангажираше Набил Фекир за 20 милиони евра во летото 2019 година. Офанзивниот играч за врска беше и на мета на гигантите пред да се одлучи за преселба на „Бенито Виљамарин“. Во зелено-белиот дрес досега одигра 135 пати и забележа 27 гола и 26 асистенции.