Спорт
Селски потег на црногорскиот ракометар Ласица кон македонските навивачи

Македонија вчера доживеа болен пораз од Црна Гора, со што нашите противници останаа со најголеми шанси за втората рунда на Европското првенство, но крајот на мечот донесе непријатен момент во кој црногорскиот ракометар Марко Ласица се покажа како вистински „сељак“.
30-годишниот Ласица реши да влезе во конфликт со повеќебројните македонски навивачи, и дури плукна кон нив.
Црногорскиот капитен Васко Шеваљевиќ потоа се извинуваше за однесувањето на својот соиграч, а поголем инцидент спречи обезбедувањето и другите репрезентативци на Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гвардиола: Знаете зошто другите не се толку успешни како нас? Ние имаме добри играчи, тие не
Манчестер сити е на чекор од четвртата титула во Премиер лигата во последните пет години. Избраниците на Пеп Гвардиола во последното, 38. коло ќе играат против Астон Вила, додека Ливерпул ќе се надева на кикс на клубот од Манчестер и со победа над Вулверхемптон да стигне до првото место.
Гвардиола во интервју за „Скај спорт“ ја истакна важноста на неговите играчи.
„Неверојатни луѓе и играчи со исклучителен квалитет. Без тоа нема тактики, идеи, ништо“, изјави шпанскиот стручњак.
„Сите тренери имаат неверојатни идеи и тактики. Секогаш кога ќе ме пофалите, не ви верувам ниту една секунда, имам толку многу сомнежи. Зад сето тоа стојат играчите, квалитетот, талентот и трудот. Добри сме кога следиме една идеја. Но, моите идеи не се попосебни од другите. Сум видел неверојатен број талентирани тренери во Премиер лигата“, изјави Гвардиола и дополни.
„Добри, сме кога се обидуваме целосно да следиме една идеја, но моите идеи не се посебни од другите. Најдов неверојатен број талентирани тренери во Премиерлига и Чемпионшип кои не се успешни. Знаете зошто? Тие немаат добри играчи, кои ние ги имаме, толку е едноставно“, изјави Гвардиола.
Спорт
Ренџерс го освоија Купот на Шкотска

Фудбалерите на Глазгов Ренџерс на триумфален начин ја завршија сезоната, во која останаа без титулата во Шкотска и без трофејот во Лига европа. „Полицајците“, по пауза од 13 години успеаја да го освојат Купот на Шкотска.
Ренџерс, во драматичното финале, по продолжението го победија Хартс со 2:0.
Четири дена по поразот, во пенал серијата, од Ајнтрахт, Ренџерс успеаја да го скршат отпорот на Хартс.
Ренџерс доминираа во текот на целиот натпревар натпревар, но дефанзивно ориентираните гости одлично се бранеа. Најмногу благодарение на голманот Гордон. Арибо и Рајан Кент пропуштија одлични можности во регуларниот дел од сезоната, додека Хартс остана без удар во рамката од голот на Мек Грегор.
Големата офанзива му се исплатеше на Ренџерс во 94. минута. По корнерот на Таверние и навидум елиминираната опасност, топката падна токму на ногата на Рајан Џек, кој непогрешливо шутираше од 16 метри.
Играчите на Хартс паднаа во тој момент. Свесни дека ја пропуштија шансата. Многу брзо, се беше решено. Ренџерс одигра школска контра само три минути подоцна, која со гол за круиса Рајт.
Глазгов Ренџерс го освои 34. трофеј во Купот на Шкотска.
Спорт
„Ова што го прави ПСЖ е навреда за фудбалот“

Одлуката на Килијан Мбапе да го одбие Реал и да остане во Париз предизвика тектонски пореметувања во фудбалскиот свет. Сите релевантни светски медиуми објавија дека Мбапе, вечерва по завршувањето на натпреварот со Мец, со кој ќе биде спуштена завесата во Лига 1, ќе ја соопшти својата одлука.
И додека новинарите се занимаваат со неверојатните суми пари што ќе ги заработи Мбапе на „Паркот на принцовите“, на Твитер се огласи првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тербас.
„Она што го прави ПСЖ со обновувањето на договорот на Мбапе за големи пари Мбапе, додека известува за загуби од 700 милиони евра во последните сезони и троши повеќе од 600 милиони на плати, е навреда за фудбалот. Ал-Келаифи е опасен како и Суперлигата“, напиша Тебас на Твитер.