Контакт

Спорт

Семејството Димушевски се враќа на тркачкиот асфалт

Објавено пред

Оваа сезона стартува новиот проект за првата македонска рели посада по пауза од повеќе од 20 години во состав Владимир Димушевски и Бранко Гушиќ

dobivaj vesti na viber

Едно од најпознатите македонски автомобилистички презимиња, членовите на семејството Димушевски, Александар и Влатко, повторно се враќаат на тркачките патеки. Со помош на Бранко Гушиќ како совозач, оваа сезона Влатко ќе настапи на рели шампионатот на Централно – европската зона (ЦЕЗ), а сето тоа под команда на неговиот татко и легендата на македонскиот автомобилизам, Александар како директор на тимот.

И покрај автомобилистичката традиција, рели натпреварите не заживеаа во нашата земја и досега, освен неколку индивидуални настапи во 90 – тите, Македонија немала меѓународна рели екипа.

„Целиот наш ангажман во македонскиот автомобилизам во изминативе 30 години секојпат ја имал пионерската улога како во тркачки, така и во организациски смисол. Релито како една од најтешките, најскапите и најкомплексните дисциплини во нашиот спорт остана како едно недополнето парче во нашиот мозаик. Ете, после долги години одлагања, конечно се одваживме на една ваква авантура. Оваа прва сезона ни е многу важно да учиме и да се подготвуваме за следната сезона да се обидеме со поконкурентно возило „да бркаме“ и добар пласман. Се надеваме дека ќе успееме да настапиме на неколку релија сезонава, се во правец на собирање на неопходното искуство“, изјави директорот на тимот Александар Димушевски.

Првата трка на која ќе настапи двоецот Димушевски – Гушиќ е овој викенд, односно на 10. јули на релито Мионица, Србија кое се бодува за ЦЕЗ рели шампионатот.

Димушевски, како поранешен трикратен првак на Македонија на кружни патеки и Бранко Гушиќ како негов долгогодишен тимски инжинер, ќе настапат како членови на тимот АКК Сити со рели возило „Hyundai i20 Coupe“ во класата „RC5“.

Возилото е подготвено од бугарскиот тим „MSA Motorsport Academy“ од Сливен кој воедно ќе ја дава и механичарската и логистичката поддршка за Влатко и Бранко. Со истото возило и со поддршка од бугарскиот тим, Димушевски и Гушиќ настапија и на релито Две езера кое во 2019 година се организираше во Охрид и Ресен.

„Да настапувам на рели трки отсекогаш ми било сон и предизвик, кој, еве конечно собравме храброст да го претвориме и во реалност. Сепак, и покрај големото искуство што го имам во текот на мојата кариера во натпреварите на ридски и кружни патеки, релито е сосема поинаков “ѕвер“ кој бара многу возачко искуство, поинаква возачка техника и стратегија. Затоа оваа прва година се решивме да се натпреваруваме со послабо возило во пониска класа пред се со цел да го собираме рели искуството кое ни недостасува“, вели Влатко Димушевски. На неговите зборови се надоврзува и совозачот Бранко Гушиќ.

„Долги години со Влатко сме биле нераздвојни во автотрките и заедно сме поминале преку стотина трки на ридски и кружни патеки, но да настапуваме заедно како екипаж на рели трки со вистинско рели возило отсекогаш ни било сон кој многу пати сме го разговарале и мечтаеле. Јас ќе ја имам улогата на совозач, првата проба ја имавме во 2019 година на релито Две езера во Охрид. Имавме амбициозен план, но за жал, поради ковид ситуацијата, продолжението на проектот се одложи дури за оваа сезона. Во Србија ќе се натпреваруваме против искусни рели екипажи кои веќе ја имаат традицијата на српскиот рели шампионат, но како што рековме, почнуваме со учење и со желба за наградба и напредок во овој проект“.

Релито Мионица е во вкупна должина од 200 километри од кои натпреварувачки се 69 километри,поделени во девет етапи, односно брзински испити. Сите етапи се возат во недела на 10.јули. На релито се пријавени 28 екипажи од три земји: Србија, Бугарија и Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига

Објавено пред

На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).

dobivaj vesti na viber

„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.

Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.

Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.

Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот

Објавено пред

Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.

Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.

Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија

Објавено пред

Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.

Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.

Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.

Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија4 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија4 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија4 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија9 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија9 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија10 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија12 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија14 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет15 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет15 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија16 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија16 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет16 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет16 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет16 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...