Спорт
Сенегал-Холандија дерби на вториот мундијалски ден
Три натпревари ќе се одиграат на Светското првенство во Катар, кое вчера почна со лесна победа на Еквадор над домаќинот на турнирот (2:0).
Денес ќе биде комплетирано првото коло во А-групата и ќе се одиграат двата натпревари во Б-групата.
Во 17 часот, во А-групата Холандија за противник ќе го има африканскиот шампион, Сенегал. Двата тима ќе бидат без најдобрите стрелци. Мемфис Депај поради повреда на бутниот мускул нема да биде во составот на Холандија, додека Сенегалците на Мундијалот се без Садио Мане.
„Ние ќе бидеме без Депај, тој нема да игра. Сенегал мора да игра без Садио Мане. Ќе биде интересно да се види како двете селекции ќе ги решат проблемите”, изјави холандскиот селектор Луј Ван Гал.
Натпреварите во Б-групата ќе се одиграат во термините од 14 и 20 часот.
Англија е апсолутен фаворит против Саудиска Арабија, додека многу повеќе неизвесност се очекува во пресметката помеѓу САД и Велс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.
Спорт
Баерн го контактирале Арсен Венгер
Баерн се уште е во потрага по нов тренер кој ќе го замени Томас Тухел на крајот од сезоната. Многу имиња „циркулираа“ низ клубот од Минхен, кандидати беа и Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Зинедин Зидан, но конкурсот се уште е отворен.
Германските медиуми открија дека клупата на Баерн му била понудена и на легендарниот Арсен Венгер, поранешниот менаџер на Арсенал.
„Долго време не сум во фокусот и мислам дека во овој момент то а не ми е потребно. Јас сум во пензија. Им се заблагодарив на челниците на клубот од Минхен кои се сетија на мене, но мислам дека е време да најдат помлад тренер, кој ќе ја врати старата слава“, откри легендарниот француски тренер.
Поранешниот менаџер на Арсенал вели дека најдобро решение за Баерн би било доколку го ангажираат Зинедин Зидан, кој со Реал покажа дека е роден да освојува трофеи.
„Голем број на клубови ќе бараат тренери во овој преоден рок. Ќе им биде тешко на моите колеги да решат каде ќе одат. Мислам дека најдобро решение за Баерн би бил Зинедин Зидан, но прашање е дали тој сака да работи во Германија, бидејќи мислам дека проблем би бил што тој не зборува германски“, изјави Арсен Венгер.