Контакт

Спорт

Сензација во најава – Челси го враќа Азар за двојно помалку пари!

Објавено пред

Пред 2 години белгискиот фудбалер Еден Азар го напушти Челси затоа што сметаше дека не може повеќе што да постигне со „сините“ од Лондон и се пресели во Реал Мадрид за над 100 милиони евра.

Но оттогаш неговата кариера тргна во надолна насока. Многу повреди го мачеа и постигна само 5 гола во „кралскиот дрес“, а за тоа време Челси ја освои шампионската титула во Европа.

Шпанска „Марка“ пренесува вест дека Челси ги контактирале во Реал Мадрид и им предложиле Азар пак да заигра на „Стемфорд Бриџ“. Претпоставките се дека Реал за него ќе бараат двојно помалку од сумата која ја платија за Белгиецот.

Во соблекувалната на европскиот шампион се израдувале на можноста повторно да играат со фудбалерот кој остави голема трага во Челси каде настапуваше цели 7 сезони.

Азар за „сините“ одигра 352 меча и постигна 110 гола.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Голманот Митровиќ и одбраната ја сопреа Италија – Србија ќе игра во полу-финалето

Објавено пред

Ватерполо репрезентација на репрезентација на Србија, избори пласман во полу-финалето на Олимписките игри во Токио.

Србите, во третото денешно четврт-финале, забележа победа над актуелниот светски првак Италија со 10:6.

Првото полувреме, во кое Србите одиграа брилијантно во одбраната, го реши победникот. На полувреме, Србија имаше предност од 9:3, откако во првата четвртина резултатот беше 5:2, а во втората 4:1.

Лајт-мотив, од овој меч. е моментот од првиот период, кога Србите се одбранија во ситуација со тројца играчи помалку.

Во второто полувреме, Србија постигна само еден гол, но одбраната им дозволи на Италијанците да постигнат само три гола, 0:1 беше резултатот во третата, а 1:2 во последната четвртина.

Играч на натпреварот е голманот на Србија, Братислав Митровиќ, кој забележа 15 одбрани. Италија кон неговиот гол упати 21 удар.

Србија за пласман во финалето ќе игра против Шпанија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кјелини го продолжи договорот со Јувентус

Објавено пред

Џорџо Кјелини го продолжи договорот со Јувентус. Капитенот и во наредните две сезони ќе го носи дресот на „старата дама“ од Торино.

Договорот на Кјелини истече по завршувањето на сезоната. Во меѓувреме со Италија стана европски првак, што беше јасен знак за челниците да го задржат капитенот.

„Кјелини е пример на се што претставува Јувентус како клуб. Неговиот однос и сјајните игри во изминатите 16 години, му обезбедија нов договор“, објави Јувентус.

Џорџо Кјелини одиграл 535 натпревари за „старата дама“. Кариерата ја започна во Ливорно, а пред да се пресели во Јувентс го носел дресот на Фиорентина.

Прикажи повеќе...

Спорт

Соиграч на Пандев се пресели кај Мурињо во Рома

Објавено пред

Узбекистанецот Елдор Шомуродов пристигна во Рома. За соиграчот на Горан Пандев во Џенова, Рома плати 17,5 милиони евра. Преку бонусите Џенова може да заработи уште 2,5 милиона евра.

Шомуродов минатото лето пристигна во Џенова, претходно играше во татковината, во Машал Мубарек и Буњодонкор, и во Русија во Краснодар.

Минатата сезона одигра 31 натпревар во дресот на Џенова, постигна осум гола.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчера вечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР....

Регион4 часа

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа4 часа

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија4 часа

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија5 часа

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион5 часа

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет5 часа

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ17 часа

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија19 часа

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија23 часа

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија1 ден

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија1 ден

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија1 ден

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет1 ден

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа1 ден

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија1 ден

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија1 ден

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија2 дена

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија2 дена

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Досие