Спорт
„Сер Алекс му викаше на Роналдо да престане да тренира“

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ники Бат, рекол дека работната етика во фудбалот, Кристијано Роналдо ја подигнал на ниво кое не може да се забележи кај другите фудбалери.
Бат го напишал предговорот за книгата „Вива Роналдо“. Тој се присетил на почетоците на Португалецот, кога како 18-годишник од Спортинг пристигнал во Манчестер јунајтед.
„Не е на врвот само поради талентот. Често се зборува дека некои фудбалери вредно работеле, дека останувале да вежбаат и по завршувањето на тренинзите, кај Кристијано во прашање беше целосна посветеност. Телото какво што сега го има не му е Бога дадено, работеше напорно за да го створи. Кога дојде кај нас беше физички слаб, со години работеше на своето тело“, пишува Бат и додава.
„Мораше да дојде стане физички силен, бидејќи тоа го бара Премиер лигата. Имаше можност да се увери колку таа е физички напорна. На тренинзите влегуваше во дуели со Рој Кин и Јап Стам“.
„Секогаш последен го напуштатше тренинг-центарот. Не можеа да го избркаат, неуморно работеше на техниката. Кога ние заминувавме од тренинг-центарот тој се враќаше со полна вреќа топки. Ние ќе ручавме во кантината или ќе се подготвувавме да си одиме и ќе го слушневме сер Алекс Фергусон како му вика на Криситијано да го напушти теренот: „Имам натпревар за два дена, ајде доста е“, заклучил Бат.
Кристијано Роналдо, пред три недели, по 12 години се врати во Манлестер јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рабио од лето на „Енфилд“?

Адриен Рабио на лето би можел повторно да стане слободен играч, бидејќи сѐ уште не го продолжил договорот со Јувентус. Големо прашање е дали „старата дама“ ќе има пари да му понуди иста плата како кога пристигна како слободен играч пред четири години.
Поради тоа, се погласни се гласините дека Рабио би можел да го напушти Јувентус на крајот на сезоната. Се чини дека не би имал ништо против да игра за Ливерпул.
„Ми се допаѓа Ливерпул многу, бидејќи кога бев помлад бев голем фан на Стивен Џерард. Поради него почнав да фантазирам и оттогаш ги следам „црвените“, изјави Рабио.
Англиските медиуми веднаш ова го поврзаа со негов можен трансфер на „Енфилд Роуд“ претстојното лето.
Спорт
Нема ништо од боксерскиот спектакл Фјури – Усик

Пропаднаа преговорите за борба за неприкосновен светски шампион во бокс во тешка категорија меѓу Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Олександр Усик. Оваа вест денеска за „Скај“ беше потврдена од промоторот на Усик, Александар Красик.
Борбата меѓу шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО верзијатам Олександр Усик и шампионот на ВБЦ верзијата, Тајсон Фјури, требаше да се одржи на 29 април на „Вембли“ во Лондон.
Во текот на преговорите Фјури барал парите од борбата да бидат поделени 70-30 во негова корист, на што Усик се согласил, но само доколку Британецот донира милион фунти за помош на Украина.
Сепак, двете страни не успеаја да се договорат, а промоторот на Усик потврди дека преговорите пропаднале.
Усик и неговите соработници наводно го затвориле тренинг кампот и се подготвуваат за следниот противник.
Усик сега ќе мора да ги брани титулите против задолжителниот предизвикувач на ВБА, Даниел Дубоа.
ВБА неодамна објави дека Усик мора да започне преговори со Дубоа за одбрана на појасот доколку до 1 април не покаже потпишани договори за борбата со Фјури.
Спорт
Мендилибар е нов тренер на Севилја

Севилја брзо реагираше и назначи нов тренер по отказот за Хорхе Сампаоли. Станува збор за искусниот баскиски стратег Хозе Луис Мендилибар. Неговиот договор ќе биде до крајот на сезоната.
Мендилибар веќе го одржа првиот тренинг со тимот и беше претставен во јавноста.
Тој има огромно искуство во шпанскиот фудбал, со вкупно 448 натпревари во Ла Лига, на кои Мендилибар оствари 128 победи, 125 нерешени резултати и 195 порази.
За време на својата долга тренерска кариера, 62-годишниот стручњак водеше тимови како Еибар, Атлетик Билбао, Валјадолид, Осасуна и Леванте, а до неодамна беше на кормилото на Алавес.
🚨 José Luis Mendilibar, nuevo entrenador del #SevillaFC.
¡Bienvenido, míster!#WeareSevilla #NuncaTeRindas
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) March 21, 2023