Контакт

Спорт

Серена фуриозно до полу-финалето, Ванг без шанси

Објавено пред

Серена Вилијамс ја забележа 100 победа во кариерата на Ју-Ес опен. Американката во четврт-финалето ја растури Кинеската Ванг Чијанг со 6/1, 6/0.

Серена одигра еден од најкратките мечеви оваа година, таа мина само 44 минути на теренот, а на противничката и препушти само еден гем.

Според статистиката Кинеската мечот го завршила со само 15 освоени поени, без ниту еден винер, а направила 13 неизнудени грешки. На својот прв сервис освоила само три поени.

Од другата страна Серена освоила вкупно 50 поени, а мечот го завршила со 25 директни поени и само 10 неизнудени грешки. Серена во вториот сет на противничката и препуштила само четири поени.

Во полу-финалето Серена Вилијамс за противничка ќе ја има Елина Свитолина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Во Дејвис-купот Русите подобри од шампионот Хрватска, Белгија преку Колумбија

Објавено пред

Актуелниот шампион од Дејвис-купот, Хрватска, го загуби првиот меч од финалето во нов формат на тениското натпреварување кога Русија во Мадрид го победи со 2:0.

Андреј Рублев лесно со 6:3/6:3 го совлада дебитантот во тимот, Борна Гојо, по што Карен Хачанов со 6:7(4)/6:4/6:4 беше подобар од Борна Чориќ. Младиот Хрват спасуваше три брејк-топки во првиот сет пред да го освои во тај-брејк, но потоа Хачанов безмилосно со два брејка го освои мечот.

Сепак, ова не значи дека Хрватите се елиминирани бидејќи со новиот формат на натпреварување, креиран од ИТФ и од фудбалерот на Барселона, Жерард Пике, во финалето на Дејвис-купот настапуваат 18 репрезентации во 6 групи – покрај Хрватска и Русија, во таа група се и Шпанците. Во четврт-финалето ќе се пласираат победниците во шесте групи и најдобропласираните две втори репрезентации.

Белгија, пак, исто така стигна до стартна победа – Стив Дарси беше подобар од Сантјаго Хиралдо (6:3/6:2), а Давид Гофан со 3:6/6:3/6:3 го совлада Даниел Галан Риверос.

Прикажи повеќе...

Спорт

Откажан документарецот за Шуми поради чувствителен материјал

Објавено пред

Планот за објавување на документарниот филм за животот на седумкратниот Формула 1-шампион, Михаел Шумахер, е одложен поради чувствителниот материјал кој се најде во првата верзија и поради кој семејството на Германецот реши да побара промени.

Планот за објавување на филмот како дел од прославата на 50-тиот роденден на Германецот и 25-годишнината од неговата прва титула беше објавен во мај, но филмот нема да се појави во декември.

„Режисерите и продуцентите сакаат повеќе време да го комплетираат филмот поради големиот материјал и чувствителноста на содржината“, објави продуцентската куќа „Б/14 филм“ за „Билд“.

Беше најавено дека во филмот ќе има досега необјавени снимки од семејството, но јасно е дека последниот бор ќе го имаат 50-годишната сопруга на Шумахер, Корина, и таткото Ролф, кои по несреќата во декември 2013 прават сè што е можно да ја задржат приватноста на Германецот.

Шумахер доби сериозни повреди на главата и мозокот при падот на скијањето на Француските Алпи, но фановите добиваат минимални вести за неговата здравствена состојба. 20-годишниот син на Шумахер, Мик, веќе настапува во Формула 2-шампионатот, а 22-годишната ќерка Џина-Мари се натпреварува во коњички натпревари. Корина вели дека постапките се за доброто на Михаел.

„Тој е во најдобрите раце во моментот и сите правиме сè што е возможно да му помогнеме. Но, мора да сфатите дека ја следиме неговата желба со тоа што неговата здравствена состојба не ја објавуваме на јавноста“, изјави Корина Шумахер во интервју за магазинот на Мерцедес.

Прикажи повеќе...

Спорт

Продолжува сагата со Абидал – братучедот признава дека трансплантацијата е сомнителна

Објавено пред

Сапуницата за Ерик Абидал и неговата трансплантација на црниот дроб продолжува кога братучедот на поранешниот фудбалер, Жерар Арман, пред појавувањето на суд оваа недела признава дека има нешто сомнително во целата процедура.

„Сега со време мислам дека има нешто сомнително. Би сакал да знам што е тоа и најдобро би било да нема ништо. Но, ако има нешто, тогаш се надевам дека Ерик не бил свесен за тоа бидејќи во спротивност ќе има нешто грдо“, вели Арман во интервју за весникот „Ел конфиденсијал“.

Абидал, кој сега е спортски директор на Барселона, пред седум години имаше трансплантација на црниот дроб по што се појавија шпекулациите дека тогашниот претседател на каталонскиот клуб, Сандро Росел, обезбедил црн дроб на црниот пазар пред да се јави приказната со братучедот.

„Немаше муабет за пари бидејќи тоа ќе претставуваше тргување со органи. Се согласив бидејќи се работи за мој роднина, моја крв. Бев предупреден за компликациите, но сакав да направам нешто добро. Бев шокиран кога слушнав дека дробот не е мојот бидејќи јас ја направив операцијата. Пред операцијата односите со Ерик беа одлични. Но, сега не сме се виделе осум-девет месеци. Веќе не зборуваме. Немам вести, не знам како е Ерик“, вели Арман.

Експретседателот на Барса му купил на Абидал црн дроб на црно?

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија5 часа

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија7 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија11 час

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија11 час

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија11 час

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија12 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет13 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет14 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија15 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија16 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија1 ден

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет1 ден

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа1 ден

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет1 ден

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија1 ден

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет1 ден

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет1 ден

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија1 ден

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион1 ден

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Досие