Спорт
Серија А: Идеален тим од фудбалери од источна Европа
Специјализираниот италијански фудбалски портал „Фудбал Италија“ одбрал 11 најдобри играчи во историјата Серија А кои доѓаат од источниот дел на Европа. Изборот предизвика доста полемики, во овој тим нема место за Горан Пандев, но и за Џеко, Коларов, Иличиќ, Јанкуловски, Вучиниќ, Пјаниќ…
Новинарот Вилизар Јакимов идеалниот тим го составил во формација 3-4-2-1.
Голман: Самир Хандановиќ (Удинезе/Интер – Словенија)
Одбрана: Каха Каладзе (Милан/Џенова – Грузија), Синиша Михајловиќ (Рома/Сампдорија/Лацио/Интер – Србија), Кристијан Киву (Интер – Романија)
Среден ред: Дејан Станковиќ (Лацио/Интер – Србија), Владимир Југовиќ (Сампдорија/Јувентус – Србија), Звонимир Бобан (Милан – Хрватска), Павел Недвед (Лацио/Јувентус – Чешка), Дејан Савиќевиќ (Милан – Србија), Збигњев Боњек (Јувентус – Полска)
Напад: Андреј Шевченко (Милан – Украина).
BLOG: Greatest Eastern European XI in Serie A history
Throughout the years some of the finest Eastern Europeans plied their trade in Serie A, so @vilizar_yakimov picked out his greatest XI https://t.co/7EdY66MCgT #SerieA #ACMilan #FCIM #Juventus #Lazio #ASRoma pic.twitter.com/ITX2ojGkkn
— footballitalia (@footballitalia) May 19, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.