Спорт
Сериозни обвинувања – Фергусон го наместил мечот Јувентус-Јунајтед!
Италијанскиот агент Џузепе „Пино“ Паљара на судењето во Англија за примање поткуп, тврди дека помогнал легендата на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон да намести меч со Јувентус.
Паљара е на суд во истото судење за „операцијата“ на британскиот весник „Дејли телеграф“, поради кој Сем Алардајс беше приморан да си даде оставка од позицијата селектор на англиската репрезентација. Паљара, уште еден фудбалски агент, Декс Прајс и помошникот тренер на Барнсли, Томи Рајт се главни обвинети во случајот.
Обвинителот Брајан О’Нил денеска потврди дека Паљара го обвинил Фергусон за местење на меч од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер јунајтед и Јувентус.
„На крајот на состанокот, Паљара почна да зборува против Сер Алекс Фергусон, обвинувајќи го дека заедно наместиле меч помеѓу Јувентус и Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, за што Паљара му се заблагодарил со златен часовник ’Ролекс’. Паљара исто така тврди дека Фергусон земал пари од трансферите на фудбалерите и дека му плаќал и претходно“, вели обвинителот О’Нил.
Клучната работа во случајот е лажирање на правилата за посредно сопствеништво на фудбалерите, и давањето пари на тренерите за да се помогнат трансферите.
„Морате да имате офшор сметка и да го завршите тоа. На пример, Антонио Конте, кој тогаш беше во Челси, ни намигна и ни кажа: ’Го сакам тој фудбалер, има ли кафе за мене, Пино?’. Секако, не зборуваме за двојно еспресо“, тврди Паљара, објаснувајќи дека парите потоа ќе се префрлат со достава за консултантски услуги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.