Спорт
Шахистот Карјакин доби шестмесечна суспензија поради поддршката на Путин

Рускиот велемајстор Сергеј Карјакин доби шестмесечна забрана на настапи на шаховските турнири поради поддршката на претседателот Владимир Путин и војната во Украина, потврди Интернационалната шаховска федерација (ФИДЕ).
32-годишниот Карјакин, кој е роден на Крим, а од 2009 настапува под руско знаме, загуби од Магнус Карлсен за светската титула во 2016 година.
„Сергеј Карјакин е виновен за прекршување на одделот 2.2.10 од кодот на етика на ФИДЕ и има забрана од шест месеци на сите натпреварувања на ФИДЕ. Изјавите на Сергеј Карјакин за воениот конфликт во Украина донесе негативни реакции на социјалните мрежи“, се вели во објавата.
Тој вели дека се работи за срамна одлука.
„Сосема очекувана, но не и помалку срамна одлука на ФИДЕ. Сите спортски принципи се прегазени. Најважно, јас сум патриот на мојата земја, а второ, јас сум спортист. Да имам повторно шанса да ги поддржам претседателот на Русија, луѓето и армијата, ќе го направам пак истото тоа“, изјави Карјакин.
Другиот руски велемајстор Сергеј Шипов, кој исто така ја поддржа воената акција, не беше казнет бидејќи неговите изјави биле „поинакви и помалку провокативни од тие на Карјакин“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ го губи првото место поради одлуката на АТП
АТП и ВТА одлучија да не ги бројат освоените бодови на Вимблдон оваа сезона, како одговор на одлуката на најпрестижниот тениски турнир во светот, да го забрани доаѓањето на руски и белоруски тенисери оваа година.
Уште во април, Вимблдон објави дека нема да дозволи настап на руски и белоруски тенисери, поради руската инвазија на Украина со помош на Белорусија.
„Сметаме дека секој тенисер мора да има право да учествува на турнирот без било каква дискриминација. Одлуката на турнирот за забрана на руските и белоруските тенисери го нарушува интегритетот на системот за бодување на АТП. Жал ни е, но единствениот чекор што можевме да го направиме беше да се укинат бодовите на овогодинешниот Вимблдон“, стои во официјалното соопштение на АТП.
Најпогоден од ваквата одлука на АТП ќе биде Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер и бранител на титулата на Вимблдон. Ѓоковиќ на тој начин ќе остане без можност за одбрана на 2.000 поени.
Неговите најголеми ривали за тенискиот трон, Русинот Даниил Медведев и Германецот Александар Зверев, минатата година во Лондон освоија по 180 поени, па сигурно е дека Ѓоковиќ по завршувањето на Вилмблдон нема да биде на првото место.
Доколку веднаш се одземат бодовите од Вимблдон, Медведев, кој годинава нема право на настап во Лондон, би имал 7800 бодови, Зверев 6895, а Ѓоковиќ би бил трет со 6660 бодови. Петтопласираниот Рафаел Надал не играше ниту на Вимблдон минатата година, така што нема да загуби ништо.
Спорт
Погба се враќа во Јувентус

Пол Погба, по завршувањето на сезоната, како слободен играч ќе се врати во Јувентус. „Газета дело Спорт“ објави дека менаџерот на фудбалерот и челниците на „старата дама“ го договориле трансферот.
Светскиот првак со Франција, повторно како слободен играч од Манчестер јунајтед ќе се пресели во Јувентус. Според „Газета дело Спорт“, Погба ќе игра за Јувнетус за значително помала плата.
Во Јунајтед годишно заработуваше 18.000.000 евра, во Јувентус ќе има фиксни 7.500.000, а доколку ги исполни бонусите, може да дојде до 10.000.000 евра на годишно ниво.
„Газета дело Спорт“, тврди дека Погба, поради тренерот Масимилијано Алегри, решил да ја прифати понудата на Јувентус, пред онаа на ПСЖ.
Погба во Јунајтед се пресели во 2016 година за 105.000.000 евра, за шест години не успеа да се наметне како лидер во тимот.
Спорт
Далас испуштија предност од 19 поени, Вориорс водат со 2:0

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс поведоа со 2:0 во финалната серија од Западната конференција на НБА лигата.
Во вториот меч во Сан Франциско, „воините“ славеа триумф со резултат 126:117 и покрај уште една фантастична партија на Лука Дончиќ, кој беше болен пред овој меч, објавија американските медиуми.
Имено, Дончиќ беше под знак прашалник, за вториот натпревар, тој имал температура и повраќал и не спиел во средата навечер.
Успеа да тренира во четвртокот, а покрај стомачниот грип (се претпоставува) се здоби и со повреда на рамото.
И покрај сето тоа постигна 42 поени и додаде осум асистенции и пет скока, но тоа не беше доволно за триумф на Маверикс.
Во првото полувреме постигна 24 поени, а Далас имаше предност од дури 19 поени.
Но, во вториот дел со лоша одбрана, ја прокоцкаа предноста, бидејќи шутерите на Вориорс влегоа во ритам и направија пресврт.
Први повлекоа Луни и Пул, кои најпрво ја намалија разликата на помалку од 10 поени, а Вигинс ја продолжи серијата и Голден Стејт се приближи на негатива од два поени пред последната четвртина.
Во него, пресвртот се случи а со тројката на Ото Портер дојде до пресврт.
До крајот ударното трио на Вориорс, Кари-Томпсон-Грин, успеа да го приведе мечот до крај и да зачекори кон големото финале.
Стеф Кари го предводеше Голден Стејт со 32 поени, осум скока и пет асистенции. Пул додаде 23 поени, а Луни 21 поен со 12 скока. Вигинс заврши на 16, Томпсон на 15, а Портер даде 11 поени.
Кај Далас покрај ДОнчиќ се истакна Џејлен Брансон со 31 поен,седум скока и пет асистенции, Булок постигна 21, Фини-Смит забележа десет поени и осум скока.
Интересна е статистиката што ја има тимот на Стив Кер, 15 пати имале резултат 2:0, не успеале да минат во наредната фаза само еднаш.