Спорт
Шампионскиот појас на Али продаден за шест милиони долари
Американскиот бизнисмен Џим Ирсеј за 6.180.000 долари го купи шампионскиот појас на боксерската легенда Мухамед Али. Али појасот го освои во 1974 година во мечот со Џорџ Форман наречен „Грмотевица во џунглата (Rumble in the Jungle) “.
Сопственикот на НФЛ-франшизата, Индијанаполис Колтс, на „Твитер“ напиша дека се „гордее што станал чувар“ на историскиот појас на Светскиот боксерски совет (ВБЦ).
Ирсеј даде до знаење дека може да го покаже појасот на изложбата на неговата колекција во август во Чикаго и во Индијанаполис во септември.
Бизнисменот е познат како редовен купувач на интересни предмети. Тој е сопственик на гитари што им припаѓале на Елвис Присли, Џон Ленон и на Принс. Исто така, во негова сопственост е и оригиналниот ракопис на „Водичот за анонимни алкохоличари“, напишан од Бил Вилсон во 1939 година.
Али го победи претходно непоразениот Формен во Киншаса, Заир (сега Демократска Република Конго) со нокаут во осмата рунда и ја освои светската титула во тешка категорија.
Али, кој почина во 2016 година на 74-годишна возраст, ја држеше титулата на ВБЦ, сè додека не беше поразен од Леон Спикс во 1978 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.