Контакт

Спорт

Шериф на оригинален начин ја прослави сензационалната победа во Мадрид

Објавено пред

Шериф е најголемата сензација во историјата на Лигата на шампионите. Екипата што големо внимание привлече со елиминациите на Црвена звезда и Динамо Загреб, во квалификациите во првото коло го победи Шахтјор, а синоќа го шокира Реал среде Мадрид. Со шест бода Шериф е лидер во Д-групата.

Клубот од молдавската покраина Транснистрија го нарекуваат легија на странци. Составен е од фудбалери од 14 националности. Меѓу нив е и македонскиот репрезентативец Бобан Николов.

Според рејтингот на УЕФА, Шериф се наоѓа на 66. место, за споредба – Реал е шести. Податоците на „Трансфермаркт“ покажуваат дека целиот тим на Шериф има пазарна вредност од 12.000.000 евра, Реал е 66 пати поскап, неговите играчи вредат 793.000.000 евра.

Епскиот потфат, најголемиот успех во клупската историја, Шериф го прослави на оригинален начин. Нивната објава на „Инстаграм“ стана хит на социјалните мрежи. На еден крак од ѕвездата ја закачија кралската круна на Реал.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Нова главоболка за Милан – и Брахим Дијаз позитивен на КОВИД

Објавено пред

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ќе има нов проблем со изборот на играчи за мечот против Сампдорија овој викенд, откако по позитивниот тест на КОВИД на Тео Ернандез, денеска беше потврдено дека и Брахим Дијаз е позитивен и дека е во „изолација“.

„Милан потврдува дека Брахим Дијаз имаше позитивен тест на денешните задолжителни тестови. Тој е во добра состојба и е во домашна изолација. Остатокот од тимот имаше негативен тест“, велат од Милан.

„Росонерите“ се мачат со многу повреди и отсутни пред мечот против Верона на Игор Тудор, а Пиоли потврди дека утре ќе донесе одлука дали Златан Ибрахимовиќ ќе игра. Давиде Калабрија е вратен во погон, додека Жуниор Месијас и Тиемуе Бакајоко уште се во аут.

Прикажи повеќе...

Спорт

Пелистер со импресивна деби-победа во АБА2 лигата

Објавено пред

Пелистер ја забележи својата прва победа во АБА2 лигата, декласирајќи го црногорскиот клуб Сутјеска со 93:73 (24:23, 27:24, 27:16, 15:10).

Мечот беше неизвесен до средината на третата четвртина, кога успеаја да го зголемат водството од 4 поени кое го имаа на полувреме.

Трајковски и Малешевиќ имаа по 16 поени за битолскиот клуб, Хојтон додаде 14, а Младеновски заврши со 13.

Фото: АБА лига

Прикажи повеќе...

Спорт

Мекинро: Федерер е како 65-годишен пензионер

Објавено пред

Победата на Хуберт Хуркач во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс значи дека Роџер Федерер испадна од топ 10 првпат од 2017 година, откако оваа сезона одигра само 13 мечеви, од кои последниот му е поразот во четврт-финалето на Вимблдон, и тоа токму од Хуркач.

40-годишниот 20-кратен гренд слем шампион неодамна потврди дека по третпат бил на операција на десното колено во последните година и пол и Џон Мекинро, американската тениска легенда вели дека треба да бидеме реални.

„Да бидеме јасни, да имаш 40 години во тенисот е како да имаш 65 години во било која друга работа. Знам дека Роџер знае што да направи за да ја заврши кариерата на совршен начин“, вели Мекинро.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Приведено лице за давање поткуп за гласови во општина Лозово

Во општина Лозово денеска е приведено 50-годишно лице кое нудело пари на гласачи за претстојните избори. Според информациите на МВР,...

Топ4 часа

Украден сеф со 84.000 денари од Поштата во Миладиновци

Украден сеф со 84.000 денари од Пошта во село Мичадиновци. „ На 14.10.2021 во 8:40 часот во Полициското одделение Петровец...

Свет4 часа

(Видео) Американски разорувач спречен да влезе на руска територија

Американски разорувач се обиде да ја наруши државната граница на Русија во Јапонското Море, а беше спречен во тоа од...

Свет5 часа

(Видео) Британски пратеник избоден со нож до смрт додека држел говор во црква

Британски пратеник од Конзервативната партија, сер Дејвид Ејмс денеска беше избоден со нож неколку пати по што почина, објавија британските...

Македонија7 часа

9 починати и 413 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на...

Топ11 час

Четворица повредени во превртениот автобус во Битола

Четири лица се повредени во несреќата што утрово се сучи во Битола кога се преврте автобус со работници од фабриката...

Македонија13 часа

(Видео) Спасовски: Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава

Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава. Затоа и ве поканувам во еден празничен изборен дух да...

Македонија13 часа

Во Македонија активни 6.602 случаја на коронавирус

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473,...

Македонија13 часа

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела. Агенцијата за аудио и...

Македонија1 ден

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Македонија1 ден

Град Скопје ќе им додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за...

Македонија1 ден

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им...

Економија1 ден

(Видео) Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Западен Балкан во постковид-светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?, е темата на самитот на Западен Балкан во...

Свет1 ден

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се...

Свет1 ден

Курц: Не сум робот, туку човек со грешки и мани

Лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, кој поднесе оставка на функцијата канцелар поради истрагата против него и луѓето...

Регион2 дена

Мирна ноќ во Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта во Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот...

Регион2 дена

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот инстаграм-профил под која напиша: „Ќе ги браниме нашите луѓе на Косово...

Свет2 дена

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои...

Свет2 дена

(Видео) Пожар во зграда на Тајван, 25 загинати и 44 се повредени

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 44 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван. Зградата...

Регион2 дена

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за прележан коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора...

Досие