Спорт
Што бараше Барса на бизарниот Марадона-куп против Бока јуниорс?

Барселона и Бока јуниорс одиграа 1:1 во бизарниот меч наречен Марадона-куп во Саудиска Арабија по што Каталонците загубија со 4:2 во пенал-серијата во дуел на кој, според многу фудбалски фанови, не требаше да играат Каталонците и за кој двата клуба добија по 2 милиона евра.
Чави Ернандез на „МРСООЛ парк“ во Ријад на теренот не го изнесе својот најдобар тим, иако му даде шанса на Дани Алвеш да игра покрај фудбалери од младиот состав (Ахомач, Демир, Нето, Санз, Балде), а својот прв гол во дресот на Барса го постигна 22-годишниот Феран Жугтла во 50. минута, кој неодамна со Осасуна дебитира, а пристига во Барселона од Еспањол во текот на летото. За Бока израмни тинејџерот Езекиел Зебалјос во 77. минута од мечот. Во пенал-серијата сите фудбалери на Бока беа прецизни, а Матеуш Переира и Гијем Хаиме беа непрецизни за Барселона.
Диего Армандо Марадона е идол на многу фудбалски фанови и на неколку фудбалски клубови, од кои секако на првото место е неговиот омилен Наполи, но и Бока јуниорс и Њуел олд бојс. Барселона тешко дека може да се вброи во оваа конкуренција, особено бидејќи тој помина само две сезони со многу повреди во клубот, а и самиот немаше најдобри зборови за Каталонците. Но, откако Наполи побара 4 милиони евра за мечот, Барселона во финансиска криза го прифати мечот.
Да потсетиме, во 2018 година, во интервју за „Марка“, Марадона најави дека и неговиот сонародник и наследник, Лео Меси, ќе замине од Барселона.
„Во Барселона ги забораваат своите идоли многу бргу. Нека внимаваат да не го направат со Меси она што го направија со мене, со Ривалдо, со Роналдо, со Ромарио, со Луиш Фиго. Можам да набројам многу фудбалери што беа исфрлени од Барселона поради љубомора. На крајот губат фановите“, изјави тогаш Марадона.
W?WSERS! @Ferranett7 with the turnaround! pic.twitter.com/IuaY4L4H0S
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 14, 2021
¡GOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOLAZO DE #BOCA, LO HIZO ZEBALLOS!????#VamosBoca pic.twitter.com/Vscl4LoWUu
— C.A.B.J. Gol (@CABJGol) December 14, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ ја растажи Подгорица, Французите триумфираа во Даблин

Светскиот вицепрвак Франција стигна и до втора победа во квалификациите за ЕП 2024 откако ја совлада Република Ирска со 0:1 во Даблин. Бенјамин Павар беше стрелец на победничкиот гол за „триколорите“ во 50.минута од мечот.
Србија го доби дуелот со Црна Гора со 0:2, благодарение на Душан Влаховиќ. Напаѓачот на Јувентус беше двоен стрелец. Го отвори резултатот во 78.минута, а потоа и го потврди триумфот во 96.минута.
Шведска немаше милост против Азербејџан и славеше со 5:0, а Австрија со пресврт ја победи Естонија со 2:1.
Чешка не успеа да слави на гости во Кишињев против Молдавија и ремизираше без голови, а Полска ја победи Албанија со 1:0, со голот на Карол Свидерски. Унгарците беа убедливи и со 3:0 победија против Бугарија.
Холандија очекувано го победи Гибралтар со 3:0.
Спорт
Нагелсман ќе го почека отказот на Грем Потер и сака да раководи на „Стемфорд бриџ“

Раководството на Челси го посакува германскиот тренер Јулијан Нагелсман, откри новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Плетенберг.
Доколку Потер не успее да постигне подобри резултати со Челси до крајот на сезоната, Тод Боели ќе го разреши. „Сините“ сакаат да му дадат поддршка, тоа го потенцираа неколку пати, но сега дојде моментот кога Челси треба да влезе во серија на позитивни резултати.
Реал Мадрид ќе биде тешка пречка за нив во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Тешко е да се поверува дека преку Премиерлигата би можеле да стигнат до ова натпреварување за следната сезона бидејќи моментално се на десеттото место со 38 бода.
Нагелсман веднаш доби понуда и од градскиот ривал Тотенхем. Тој е отворен и за тренерското место во тој клуб, но бидејќи Челси во моментов е финансиски помоќен и е во тек нов проект, Германецот многу лесно би можел да избере да дојде на „Стемфорд бриџ“.
Спорт
Калулу го пропушта дербито против Наполи

Францускиот интернационалец Пјер Калулу ќе го пропушти дербито на Милан против Наполи, лидерот во Серија А, поради повреда на потколеницата. Во соопштението, „росонерите“ велат дека централниот дефанзивец за една недела ќе биде подложен на дополнителни прегледи, но дефинитивно е во аут за дуелот со „наполитанците“.
Калулу се повредил за време на настапите за младата репрезентација на Франција до 21 година.
Милан и Наполи во април ќе се сретнат и во италијанското четвртфинале во Лигата на шампионите.