Спорт
Што да прави кога го сакаат – Федерер со АТП награда иако одигра само шест меча во 2020

Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал беа меѓу добитниците на АТП наградите објавени во понеделникот.
Ѓоковиќ беше „прославен“ како освојувач на првото место на АТП листата рекорден шести пат во кариерата, откако освои четири титули, вклучувајќи ја и осмата круна од Австралија опен, додека шампионите од САД опен, Мате Павиќ и Бруно Соареш се број 1 во пласман на двојки.
Федерер, кој одигра само шест меча во сингл цела сезона, 18-та година едноподруго ја добива наградата како омилен тенисер на публиката, додека Надал, освојувачот на Ролан Гарос, трета година едноподруго е добитник на наградата „Штефан Едберг“ за најфер тенисер.
Русинот Андреј Рубљев е добитник за наградата за најдобар раст во годината, откако скокна од 23. место на 8. место со пет освоени титули. Американецот Тиафоу ја доби наградата „Артур Еш“ за хуманитарно дело за неговата добротворна акција за помош при пандемијата на КОВИД-19. 17-годишниот Шпанец, Карлос Алкараз е добитник на наградата за најдобар „новак“ во сезоната, откако освои три титули во Челенџ турнејата, додека Канаѓанецот Васек Поспишил е добитник на наградата за камбек – во 2019 година тој беше на операција на грбот, а оваа година стигна до две АТП финалиња и направи скок од 90 места на АТП листата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Најден „лекот“ за Борусија – тинејџерот Вирц им пресуди на Дортмунд

Баер Леверкузен со 2:1 славеше над Борусија Дортмунд во дербито на 17-тото коло од Бундеслигата, каде што човек на одлука беше 17-годишниот талент на „фармацевтите“, Флоријан Вирц, кој го реши победникот на дербито и ги крена Леверкузен на второто место на табелата.
Муса Дијаби уште во 14. минута погоди за Баер, но „милионерите“ успеаја да се вратат во игра со голот на Јулијан Бранд од голема далечина во 67. минута, за во еден одлично испланиран контранапад, Диаби да му асистира на Вирц во 80. минута за победа. Леверкузен сега има 32 поени, четири помалку од лидерот Баерн, додека Дортмунд се четврти со 29 поени.
Во другите мечеви, Хофенхајм победи во престолнината со 3:0 над слабата Херта, додека Мајнц остана во зоната за испаѓање по 0:2 поразот од Хофенхајм. Борусија Менхенгладбах, претходно, со 1:0 го победи Вердер за четврти триумф во последните пет меча за „ждребињата“.
БУНДЕСЛИГА, 17.КОЛО
Баер Леверкузен – Борусија Дортмунд 2:1
Борусија Менхенгладбах – Вердер Бремен 1:0
Херта Берлин – Хофенхајм 0:3
Мајнц – Волфсбург 0:2
#BUNDESLIGAxTLT 🇩🇪 | ¡GOOOOOOOOOOOOL! ⚽️
⏰ 80’ Bayer Leverkusen 2-1 Borussia Dortmund
¿SENTENCIADO? 😳. Error imperdonable en salida de la visita, quedando muy mal parado, y los locales no desaprovecharon con el joven Wirtz 🔥
Míralo por acá: https://t.co/FAUYaP4VFC pic.twitter.com/qnkJVeTyCX
— TLT ¡La Tele Tuya! (Desde 🏠) (@LaTeleTuya) January 19, 2021
Спорт
Унгарците ја добија драмата со Германија, познати сите групи од втората фаза

Унгарската ракометна репрезентација во драматичен финиш ја победи Германија со 29:28 за да го освои првото место во групата А на Светското првенство во Египет и да пренесе максимални 4 поени во втората фаза, каде што им се приклучуваат силните Шпанија, Полска и Бразил, откако Полјаците ги декласираа Бразилците со 33:23.
Унгарците имаа фантастично прво полувреме, во кое имаа и +5 предност, за на полувреме да отидат со гол предност (15:14). Во второто полувреме, тие не успеаја да направат разлика и на крајот Германија поведе со 24:23 по што се играше гол-за-гол, но Унгарците останаа посилни. Бенце Банхиди и Доминик Мате блеснаа со по осум гола за Унгарија, додека за Германците, Марсел Шилер заврши со седум.
ГРУПА 1: 1.Унгарија 4, 2.Шпанија 3, 3.Полска 2, 4.Германија 2, 5.Бразил 1, 6.Уругвај 0
ГРУПА 2: 1.Данска 4, 2.Хрватска 3, 3.Катар 2, 4.Аргентина 2, 5.Јапонија 0, 6.Бахреин 0
ГРУПА 3: 1.Португалија 4, 2.Франција 4, 3.Исланд 2, 4.Норвешка 2, 5.Швајцарија 0, 6.Алжир 0
ГРУПА 4: 1.Шведска 4, 2.Русија 3, 3.Египет 2, 4.Словенија 2, 5.Белорусија 1, 6.Македонија 0
СП ЕГИПЕТ 2021, 3.КОЛО
ГРУПА А
Уругвај – Зеленортски Острови 10:0 службено
Германија – Унгарија 28:29 (14:15)
Табела: 1.Унгарија 6, 1.Германија 4, 3.Уругвај 2, 4.Зеленортски О. 0
ГРУПА Б
Шпанија – Тунис 36:30 (17:14)
Бразил – Полска 23:33 (11:13)
Табела: 1.Шпанија 5, 2.Полска 4, 3.Бразил 2, 4.Тунис 1
ГРУПА Ц
Јапонија – Ангола 30:29 (16:12)
Хрватска – Катар 26:24 (13:11)
Табела: 1.Хрватска 5, 2.Катар 4, 3.Јапонија 3, 4.Ангола 0
ГРУПА Д
Бахреин – ДР Конго 34:27 (14:12)
Данска – Аргентина 31:20 (15:10)
Табела: 1.Данска 6, 2.Аргентина 4, 3.Бахреин 2, 4.ДР Конго 0
Спорт
Хунтелар: Тука сум да помогнам Шалке да остане во Бундеслигата

Ветеранот Клас-Јан Хунтелар се врати во Шалке во обид да му помогне на гигантот од Гелзенкирхен да опстане во Бундеслигата, враќајќи се на местото каде што постигна 126 гола во 240 натпревари во седум сезони од 2010 до 2017 година.
37-годишниот Хунтелар доаѓа како позајмен фудбалер од Ајакс, за да помогне на Шалке, кои се на последното место на табелата со седум поени од 16 натпревари. Келн се пет поени пред нив на местото кое носи бараж за опстанок, додека Арминија Билефелд е два поени подалку на безбедното место.
„Мора да победуваме на мечеви и да постигнуваме голови. Сакам да помогнам клубот да остане, бидејќи Шалке мора да биде во Бундеслигата“, изјави Хунтелар.
Хунтелар имаше 7 гола во 11 меча за Ајакс оваа сезона, но го загуби стартното место откако Себастиен Але пристигна од Вест хем. Холанѓанецот, со прекар „Хантер“ кај фановите на Шалке, во 2011/12 беше најдобар стрелец во лигата со 29 гола во 32 меча, а имаше вкупно 48 гола во 48 меча во сите натпреварувања за Шалке да го освои ДФБ купот и да заврши на третото место на табелата.
Der HUNTER geht wieder auf Torejagd 🏹⚽️🎥#S04 | #Hunter21 | #Huntelaar pic.twitter.com/MkUSEX8v61
— FC Schalke 04 (@s04) January 19, 2021
⚒️ Nachricht vom HUNTER 💙#S04 | #Hunter21 | #Huntelaar pic.twitter.com/o2pyFXX9yl
— FC Schalke 04 (@s04) January 19, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира