Спорт
Штутгарт веќе му спреми дрес со „десетка“ на Меси
Додека богатите фудбалски клубови како Манчестер сити креираат вистински планови за финансиски подвиг да го добијат потписот на Лео Меси, германскиот бундеслигаш Штутгарт веќе му подготви дрес со бројот 10 како дел од кампањата на дел од фановите на клубот за носење на Аргентинецот во Бундеслигата.
Навивачите на Штутгарт си поставија цел од 900 милиони евра за да се обезбедат пари за клаузулата на Меси и неговата плата, но посочија дека доколку не се случи да стигнат до посакуваната сума и Меси потпише за друг клуб, парите ќе ги уплатат на добротворни организации.
Сега, тие добија и поддршка од својот клуб, кој на Твитер објави дека веќе му го подготвил дресот со број 10, кој „дарежливо“ го отстапил Дида.
„Те чекаме Лео! Благодарност до Дида, кој се согласи да го препушти бројот 10. Собираме пари за твојот трансфер, а ако не дојдеш, тогаш тие ќе отидат во добротворни цели“, напишаа од Штутгарт на Твитер.
¡Te estamos esperando – t´estem esperant, Leo! ?
Besonderer Dank auch an Dida für den freiwilligen Verzicht auf die Nr. ?! ? #VfB #Messi Falls es nicht klappen sollte, geht der Crowdfunding-Erlös in jedem Fall an eine richtig gute Sache!
? https://t.co/vrw6ii3ANg pic.twitter.com/BIDMZtoxY2
— VfB Stuttgart (@VfB) September 3, 2020
Фановите на Штутгарт почнаа да собираат 900 милиони евра за Меси
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Германците „удрија“ по Ноер: Тој е виновен за поразот на Баерн
Германската јавност жестоко удри по голманот на Баерн, Мануел Ноер. Тој е виновникот за поразот на Баварците од Астон Вила (1:0) во второто коло, во Лигата на шампионите.
Ноер само беше Ноер претходната вечер во Бирмингем, тој беше надвор од шеснаесетникот за време на акцијата на Астон Вила и беше казнет поради тоа.
Колумбиецот Џон Дуран додека се уште беше на дуелот со Упамекан ја забележа „дупката“ што ја остави Ноер и фин лоб го совлада германскиот голман.
Баерн по којзнае кој пат настрада поради несериозноста на својот голман, кој не бега од вината, туку вели дека според планот бил поставен токму онаму каде што требало да биде.
„Сите кои ги гледаат нашите натпревари знаат дека генерално стојам подалеку од голот. Така играме и тоа го бара тренерот. Можеби требаше да застанам два метри поблиску до голот, но не сум сигурен дека и во тој случај ќе можев да стигнам до топката и да спречам гол“, изјави Ноер.
„Голот очигледно е негова вина“, изјави поранешниот играч на Ливерпул Дитмар Хаман за „Скај Спортс“ и дополни.
„Не знам што правеше надвор од 16 метри. Немаше опасност бидејќи Упамекано се уште беше во дуел со Дуран“.
Со Хаман се согласил и Михаел Балак.
„Ману е виновен за голот што го прими Баерн“, кратко и јасно изјави поранешниот германски репрезентативец.
Спорт
ФИФА би можела да ги исфрли Израелците од сите натпреварувања
ФИФА наскоро може да го суспендира Фудбалскиот сојуз на Израел, фудбалската репрезентација на Израел и клубовите од своите натпреварувања. Во екот на војната во Појасот Газа во март оваа година, Израелците беа пријавени од Палестинскиот фудбалски сојуз. Одлуката за евентуална суспензија требаше да биде донесена во мај, но таа беше поместена за следниот четврток.
Советот на ФИФА ќе се состане и ќе донесе важна одлука. Составен е од претставници на фудбалски асоцијации од целиот свет. Палестинските фудбалски функционери сметаат дека Израелците ги прекршиле правилата на ФИФА и сакаат санкции за израелските клубови и репрезентацијата, кои овој месец треба да играат во Лигата на нации против Франција и Италија.
„Се соочуваме со циничен непријателски политички обид на Палестинците кои сакаат да му наштетат на израелскиот фудбал“, ја пренесува изјавата на првиот човек на израелскиот фудбал, Шин Моше Зуарес, британскиот јавен медиум Би-Би-Си.
Доколку ФИФА одлучи да ги исклучи Израелците од сите натпреварувања, тоа ќе биде втор пат во последните неколку години да биде донесена ваква одлука. На почетокот на војната во Украина, беа исфрлени руските клубови и репрезентацијата.
Израел започна воена операција во Појасот Газа како одговор на нападот на Хамас што се случи на 7 октомври минатата година, во кој загинаа 1.200 луѓе, а 250 беа заробени.
Спорт
(Видео) Во Загреб се револтирани од судењето: Ние сме мал клуб на кој може да му го направат ова
Фудбалерите на Динамо Загреб не се задовлни од арбитржата на судијата Харм Осмерс по нерешениот резултат со Монако (2:2) во второто коло од Лигата на шампионите.
„Модрите“, не успеаја да ја задржат предноста од два гола, примија голови во 74. (Салису) и 90.минута од пенал (Закарија).
Токму досудениот пенал во последната минута од натпреварот ги натера да го кренат гласот против главниот судија.
Играчите на Днамо потсетуваат дека претходно во слична ситуацјија капитенот Бруно Петковиќ беше соборен во шеснаесетникот на Монако, а германскиот арбитар покажа фаул во напад. Во 90.минута донел поинаква одлука, пвотрно на шетата на Динамо.
„Не го разбирам судискиот критериум, не би сакал да се расправам околу тоа, но некои одлуки беа во нивна полза. Го прашав судијата, ако над Бруно немаше пенал, како може да биде пенал на другата страна? Навистина не ги разбирам тие одлуки“, ече стрелецот на вториот гол за Динамо, Мартин Батурина, а неговиот соиграч Јосип Мишиќ дополни.
„Ние сме мал клуб на кој може да му го направат ова“. .
Динамо во следното коло гостува кај Салцбург.