Спорт
Силекс и Шкендија ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија
Фудбалерите на Шкендија и Силекс ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. Силекс во полуфиналето го елиминираше Охрид, а Шкендија имењакот од Арачиново.
На стадионот во Кратово, Силекс со 1:0 славеше против второлигашот Охрид. Првиот меч заврши 1:1.
Силекс со гол од оенал славеше во реваншот. Вториот пенал за домаќинот го реализираше Додев во 34-та минута, откако девет минути претходно Серафимов му одбрани опенал на Алиќ.
Во Арачинови, Шкендија од Тетово, во винишоит гио скрши отпорот на донмаќинот со два гола. Во интервал од 120 секунди тетовци ги постигнаа головите преку Спахиу во 86-та и Ндзенге во 88-та минута.
Финалниот меч ќе се одигра на 20 мај.
Foto/ facebook.com/fcshkendija
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вардар е шампион на Македонија
Фудбалерите на Вардар на ја освоија шампионската титула, 12-та во клупската историја и прва по пауза од шест години. Во пресрет на последното коло, Вардар, стекна недостижна предност во однос на сега поранешниот првак, Струга Трим Лум.
За да ја обебеди титулата во 32-то коло, на Вардар му беше потребен бод во Струга. Црвено-црните ги освоија трите.
Славеа минимална победа со голот на Цетковиќ во петтата минута.
Вардар во сезоната 2026/ 2027 ќе игра во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.
Табела:

Спорт
Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата
Драмата околу враќањето на кошаркарскиот клуб од Дубаи во татковината продолжува. Клубот од Обединетите Арапски Емирати се заканува дека ќе ја напушти АБА лигата.
Дубаи се пресели да игра во Сараево поради војната на Блискиот исток, но по испаѓањето од Евролигата одлучи да се врати во Обединетите Арапски Емирати.
„Во договор со лигата, испративме писмо до Клуж и Будуќност за да разјасниме дали имаат административни пречки да патуваат во Дубаи, бидејќи тие не одговорија до вторник напладне, објавивме дека се враќаме дома. Будуќност подоцна зазеде став дека не се согласува со тоа, односно дека не сака да игра натпревари во Дубаи затоа што некои играчи не сакаат да дојдат“, тврди неименуван извир на „Спортал“.
Тимот се врати во ОАЕ, а во меѓувреме, АБА лигата одлучи Дубаи да продолжи да игра на неутрален терен.
Наводно, клубот верува дека челниците на АБА лигата направиле грешка затоа што наместо писмо, требало да организираат состанок со клубовите, каде што ќе разговарале за враќањето на Дубаи во татковината.
Соговорникот на споменатиот извор тврди дека Дубаи очекува промена на одлуката, и дека доколку тоа не се случи, сигурно ќе ја тужат лигата, што би довело до потенцијална разделба.
Foto/ ABA league
Спорт
Нојер ќе брани за Германија на СП
Легендарниот германски голман Мануел Нојер (40) е на проширениот список на Јулијан Нагелсман за претстојното Светско првенство, а според германските медиуми, договорено е неговото враќање во репрезентацијата по пензионирањето во 2024 година.
Наводно, селекторот и голманот на Баерн се сретнале и се согласиле Нојер да се врати во репрезентацијата.
Сепак, ова наводно не му гарантира место меѓу 26-те патници на Светското првенство, а конечниот список треба да биде објавен на 21 мај.
Нојер се збогува со репрезентацијата во 2024 година откако беше елиминиран од Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство.
Тешко е да се очекува дека Нојер ќе оди на СП за да биде втор или трет голман и ако е на списокот, јасно е дека ќе биде „единицата“ на Германија.
Во тој случај, цехот би го платил голманот на Хофенхајм, Оливер Бауман, кој беше виден како стартер за „Панцерите“ на Светското првенство.
Германците ќе бидат дел од групата Е на Светското првенство, а нивни ривали ќе бидат Брегот на Слоновата Коска, Еквадор и Курасао.
Foto/ Depositphotos
