Спорт
Силекс и Шкендија утре ќе се борат за трофејот во Купот
Екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија утре од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија, натпревар кој ќе го даде последниот трофеј сезонава и место на европската сцена.
За Силекс ова е можност успешната сезона да ја круниса со трофеј, откако шампионатот го заврши на четвртата позиција. Тренерот Александар Васоски очекува тежок и неизвесен дуел против искусниот состав на Шкендија.
„За нас ова е натпревар на сезоната, бидејќи носи излез во Европа. Шкендија е квалитетен и искусен противник, можеби и во мала предност поради европските натпревари што ги има одиграно. Но, ќе се обидеме да ги искористиме сите слабости што ќе ни се понудат. Која би била предноста на Силекс? Според мене, тоа е што Шкендија има одиграно 54 мечеви сезонава. Посакувам добро финале и нека победи подобриот“, изјави Васоски.
Во таборот на Шкендија владее оптимизам пред финалето, а тренерот Јетон Беќири потенцира дека неговиот тим ќе влезе максимално мотивирано во борбата за трофејот.
„Мислам дека Шкендија по 8 години е во финале на Купот и нормално ќе влеземе максимално во овој меч и како екипа која сака да се надигрува. Имаме почит кон Силекс кои последниве две години играат одлично. Лани до последно коло се бореа со нас за титулата. Нијанси ќе одлучуваат. Можеби имаме мала предност од нашето европско искуство, но во еден меч тоа ништо не значи бидејќи секогаш во овие мечеви одлучува еден момент. Ние ќе дадеме се од себе да победиме утре. Пред се сакам фер натпревар и да има коректно судење, па кој ќе е посреќен нека се радува на крај“, рече Беќири.
Капитенот на Шкендија, Арбин Зејнулаи, истакна дека клубот секогаш има највисоки амбиции.
„Шкендија секогаш пред почетокот на сезоната игра за титули дома и добар настап во Европа. Ова е многу важен меч за нас и ако го дадеме максимумот, мислам дека на крајот ќе стигнеме до трофејот“, изјави Зејнулаи.
Дарко Анѓелески, капитенот на Силекс вели дека ќе гледаме одлично финале, предводникот на кратовчани верува во квалитетите на тимот.
„Ова е најважниот натпревар за нас сезонава и подготвени сме да го дадеме максимумот за да го освоиме трофејот. Знаеме дека не очекува тежок противник, но веруваме во нашите квалитети и во тимскиот дух. Се надевам на добро финале, фер игра и радост за нашите навивачи на крајот“, изјави капитенот на Силекс, Дарко Анѓелески.
Шкендија на утрешниот натпревар ќе биде без најдобриот стрелец Бесарт Ибраими, кој поради повреда нема да настапи во финалето и за него сезоната е завршена.
Izvor i Foto/ FFM.MK
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Mбапе: Меси и Роналдо се многу различни
Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе (27) одигра индивидуално одлична сезона за Реал Мадрид. Тој беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите и во Шпанското првенство, но Реал не освои ниту еден трофеј минатата сезона.
Пред Светското првенство, тој даде интервју за „Сораре“, во кое зборуваше за бројни теми. Една од нив беше споредбата помеѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
„Играв со Меси и против Роналдо. Кристијано е мојот идол, но бев во истиот тим со Лео. Двајцата се многу различни играчи. Имаше големо соперништво меѓу нив. Некои тврдат дека Роналдо добил сè преку напорна работа и дека Меси е чист талент. Тие што го тврдат тоа немаат поим и никогаш во животот не тренирале фудбал“, рече Мбапе.
Foto/ Depositphotos
Спорт
(Видео) Првата ѕвезда на Парагвај, Енсисо, нема да игра на СП
Фудбалската репрезентација на Парагвај ги заврши подготовките за Светското првенство со убедлива победа, но прославата беше засенета од загриженоста за повреда на клучениот играч, Хулио Енсисо.
На последниот тест пред Мундијалот, Парагвај ја победи Никарагва со 4:0 во пријателски натпревар, а навивачите им приредија спектакуларно збогување.
Paraguay got quite the send off in their friendly vs. Nicaragua before leaving for the World Cup pic.twitter.com/p8Mh6fp7F0
— jwriddle (@jwriddle_) June 6, 2026
Парагвај доминираше во натпреварот од самиот почеток и поведе во 17-та минута, кога Каку беше прецизен од пенал. Кон крајот на првото полувреме, во 42-та минута, Алмирон, на асистенција на Гомез, го зголеми резултатот на 2:0. Галарза постигна гол во 62-та, а конечниот резултат го постави Маидана пет минути подоцна, во 67-та минута, по додавање од Маурисио.
Сепак, големата победа беше засенета од повредата на првата ѕвезда на тимот, Хулио Енсисо.
Младиот напаѓач мораше да го напушти натпреварот и го напушти теренот во солзи на носилки. Сериозноста на неговата повреда предизвика голема загриженост пред почетокот на Светското првенство.
Paraguay's best attacker, Julio Enciso, in tears after being carried off vs Nicaragua in their final tune up before the World Cup.
You hate to see that. pic.twitter.com/8kEGqq3m3x
— herculez gomez (@herculezg) June 6, 2026
По овој натпревар, репрезентацијата на Парагвај патува на Светското првенство. Првиот настап ќе го има на 13 јуни против Соединетите Американски Држави. Во групната фаза, Парагвај ќе се сретне и со репрезентациите на Турција и Австралија.
Foto/ EPA
Спорт
Ултрасите на Милан повикуваат на протест: Подгответе се, најлошото допрва доаѓа
Ултрас групите на Милан ги повика другите навивачи да „се подготват за уникатен протест“ против сопственикот на клубот, Грио Кардинале.
„Ќе биде долго лето, а најлошото допрва доаѓа“, порачаа тие во повикот до навивачите.
Милан не успеа да избори место во Лигата на шампионите за следната сезона и тоа дополнително ги налути навивачите.
Ултрасите претходно организираа протести барајќи од клубот да го отпушти извршниот директор Џорџо Фурлани.
Кога сезоната заврши како што заврши, Кардинале ги отпушти тренерот Масимилијано Алегри, спортскиот директор Игли Таре, техничкиот директор Џофри Монкада и Фурнали. Се чини дека на специјалниот советник Златан Ибрахимовиќ му се дадени поголеми овластувања. Тоа не е доволно за навивачите.
Не се пронајдени замени за ниту еден од отпуштените, а групата „Курва Суд“ го изрази своето незадоволство во официјално соопштение.
„Додека нашиот клуб се движи помеѓу импровизирани кастинг-листинзи и ловци на глави, додека клучните позиции се сè уште празни (не е ни чудо што никој не сака договор со Милан во овој момент), тука е градот, има навивачи, луѓе кои не можат да спијат ноќе затоа што сопствениците продолжуваат да ја уништуваатт страста за дресот на овој величествен клуб.
Нема подобар начин да му наштетите на некого кој се грижи само за изгледот, зголемувањето на заработката, развојот на брендот на сметка на спортските резултати на Милан отколку да му наштетите на имиџот.
Сопствениците се отсутни, обидувајќи се да ја протуркаат својата чудна верзија на фудбалот преку избраните медиуми, да видиме дали ќе бидат навредени, дали пораката ќе стигне до светот дека навивачите повеќе нема да ја толерираат оваа ситуација.
Многу луѓе нè прашуваат за големиот протест: Ве уверуваме дека сите групи отсекогаш биле силни и обединети кога има нешто што треба да се направи. Шоу. Ова ќе биде долго лето. Најлошото допрва доаѓа. Цивилизирани, решителни и со страст, не смееме да им дадеме одмор. Ги молиме сите навивачи да бидат подготвени бидејќи кога ќе дојде време за протест, социјалните медиуми нема да бидат доволни, мора да се подготвиме за уникатно собирање.
Милан нема сопственици. Милан засекогаш ќе им припаѓа на навивачите. Тоа е прашање на срце и не смееме да дозволиме овие недостојни шпекуланти да го претворат во приватен имот без идентитет, да ја уништат љубовта што трае еден век“, е пораката на навивачите на Милан.
Foto/ Depositphotos
