Контакт

Спорт

Симеоне со поддршка за Валверде: Го направи тоа што мораше да се направи!

Објавено пред

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, вели дека Феде Валверде го направил вистинскиот потег кога грубо го фаулираше неговиот фудбалер Алваро Мората, кој имаше чист пат до голот во шпанскиот Суперкуп помеѓу Атлетико и Реал Мадрид.

Уругваецот доби црвен картон на пет минути пред крајот од продолжението, но неговиот фаул беше клучен за мечот да заврши без голови, по што Реал ја освои титулата по пенал-серијата. Валверде исто така ја доби наградата за фудбалер на мечот и Симеоне, кој и самиот беше бескомпромисен фудбалер, вели дека тоа е заслужено.

„Наградата има смисла бидејќи Валверде го доби мечот со тој потег. Тоа беше најважниот момент на мечот, бидејќи да продолжеше играта можеби ќе беше гол. Му кажав да не се грижи и дека го направил тоа што морал да го направи“, вели Симеоне.

Самиот Валверде, пак, вели дека бил разочаран што добил црвен картон во клучните моменти.

„Моите соиграчи ме поддржуваа, но јас бев тажен. Ми беше незгодно со наградата за играч на мечот. Симеоне исто така дојде и ми кажа неколку зборови кои нема да ги откријам“, вели  Валверде.

Реал Мадрид по пенал-драмата го освои Суперкупот на Шпанија (видео)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

И Веселин Вујовиќ ја славеше победата на Хрватска (видео)

Објавено пред

Веселин Вујовиќ, тренерот на ППД Загреб, иако е по потекло Црногорец, се приклучи на славјето на хрватските навивачи на славната победа над Норвешка во полуфиналето на Европското првенство.

Во видео споделено на Инстаграм страницата на двократниот европски шампион Загреб, Вујовиќ заедно со ракометарите на хрватскиот клуб ја следи драматичната завршница на мечот и останува со рацете во воздух. Ќе биде интересно да се види неговата реакција на резултатот на мечот на Шпанија и на репрезентацијата на чие чело беше до неодамна, Словенија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Хрватска по невидена драма преку Норвежаните во финале по 80 минути ракомет! (видео)

Објавено пред

Со малку среќа и со голем срце, Хрватска по третпат се пласираше во финалтео на Европското првенство во ракомет, откако Жељко Муса во последните секунди постигна гол за 29:28 победа по четири продолженија во драматично шведско попладне.

По 60 возбудливи минути, резултатот беше 23:23, а откако во првото продолжение се постигна само по еден гол (24:24), „викинзите“ на крајот беа поефикасни во нападот за голема победа. Хрватска имаше златна шанса да израмни со пенал досуден по крајот на продо

Во првото полувреме, Хрватите играа посебно добро во одбраната, на чиј „грб“ се направи разликата од два гола на полувреме (12:10), но Норвешка не се предаде и беше далеку подобра на почетокот на второто полувреме, враќајќи се и поведувајќи со 17:16.

Сепак, Норвежаните не успеаја да направат разлика од повеќе од еден гол, и Хрватска се врати со водство од 23:22 на три минути пред крајот, најмногу благодарение на двете одбрани на пенали на Матеј Ашанин. Продолженијата беа исто толку драматични, со малку голови откако двата тима не успеаја да се одвојат, за на крајот Муса да стане хрватски херој!

Домагој Дувњак со осум гола беше најефикасен кај Хрватите, а шест имаше Марино Мариќ, додека стандардно Сандер Сагосен со десет гола беше прв стрелец на Норвешка.

Во второто полуфинале, вечерва во 20.45 часот се среќаваат актуелниот шампион, Шпанија и Словенија под водство на новиот селектор Љубомир Врањеш.

Прикажи повеќе...

Спорт

Нереално излетување на рели ВРЦ шампионот Танак (видео)

Објавено пред

Денеска во Монте Карло стартуваше новата сезона од Рели ВРЦ шампионатот, која можеше да биде посреќна за естонскиот шампион, От Танак, кој сепак, може да е среќен што остана без повреда по тешкиот судир.

Заедно со со-возачот Мартин Јарвеоја се судрија на четвртата етапа на релито, по што веднаш беа однесени во болница, иако вестите кои доаѓаат од таму се дека тие немаат посериозни повреди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Посетата на Шарл Мишел уверува дека имаме силна поддршка на европскиот пат

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој престојува во работна посета на земјава. На...

Европа2 часа

Корона вирусот стигна во Европа, двајца заразени во Франција

Две лица се заразени со корона вирус во Франција, потврди тамошната министерка за АФП. Француската министерка за здравство, Агнес Бузин,...

Македонија6 часа

(Видео) Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ го користи Јовески како лошо алиби за напуштање на преговорите

ВМРО-ДПМНЕ очекувано ја напушти средбата, по вчерашната изјава на Христијан Мицкоски, кој кажа дека има забелешки и од сите 9...

Македонија6 часа

Еден месец притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за закани упатени кон новинарката Мери...

Македонија6 часа

(Видео) Милошoски: Не преговараме за законот за Јавно обвинителство без присуство на Јовески

ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието, откако министерката за правда, Рената Десковска,...

Македонија7 часа

(Видео) Достовски до Филипче и Дуковски: Бидете како Атиџе, половина канабис за вас, половина за пациентите

Пациентите на кои им е потребно маслото од канабис се сосема заборавени во предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанции,...

Македонија10 часа

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија11 час

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Македонија11 час

УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за нов...

Свет13 часа

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан...

Свет14 часа

Вухан гради болница за заболените, планира да ја заврши за 5 дена

Градот Вухан, кој е жариште на новиот корона вирус, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти....

Македонија14 часа

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во посета на земјава

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија. Мишел ќе оствари средби со високи претставници...

Свет1 ден

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени....

Свет1 ден

Вирусната болест во Кина не е вонредна глобална здравствена ситуација

Во седиштето на Светската здравствена организација, во Женева, беше одржан состанок на кој е одлучено дека вирусната болест во Кина...

Регион1 ден

(Видео) Маж се самоуби пред парламентот во Белград

Непознат маж, на околу 50-годишпна возраст, изврши самоубиство вечерва пред зградата на Собранието во Белград, соопшти српската полиција, пренесуваат српските...

Македонија1 ден

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа1 ден

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија1 ден

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија1 ден

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Досие