Спорт
Синер e прв финалист во Шангај
Јаник Синер е првиот финалист на Мастерсот во Шангај.
Италијанецот по вторпат сезонава го победи Чехот Томаш Махач, 33-ти во светот, со 6:4, 7:5 по 103 минути игра.
Со ова тој го обезбеди лидерското место на АТП листата на крајот од оваа година.
Исто како и минатата пролет во Мајами, кога првпат играше со Чехoт, светскиот рекет број еден најде решение и со тоа ја заврши одличната недела на противникот.
Светскиот рекет број еден на тој начин стигна до осминафиналето сезонава и в недела ќе се бори за седмата титула во 2024 година, вкупно 17-та во кариерата.
Не може да се каже дека Махач одигра лошо, напротив играше во свој стил. Погодуваше со сета сила, ризикуваше во ударите, но впечатокот е дека Синер ги добиваше клучните поени и правеше значително помалку грешки.
Сепак, Чехот одлично го започна мечот, веднаш нападна и го изненади Синер со ран брејк, а потоа и со водство од 2:0.
Сепак, тоа не го збуни Синер, кој го задржа темпото на игра и го сврте резултатот во своја полза, 3:2.
Италијанецот имаше и две брејк топки во следниот гем, но не ги искористи, само за да добие нова шанса во самата завршница од сетот.
Во десеттиот гем искористи брејк прилика за водство од 6:4 во мечот по 44 минута.
Италијанецот трпеливо градеше поени во остатокот од мечот и ја чекаше својата прилика.
Махач правеше многу повеќе грешки, но никако не успеваше да добие шанса за брејк.
Додуша, добро се држеше во овој сет, не му дозволи на противникот да добие брејк шанси, но не успеа ни самиот да ги создаде, се до деветтиот гем кога имаше два, но Синер извонредно извлече и стигна до 5. :4.
Махач одговори со 5:5, но Синер не ни трепна, брзо стигна до 6:5 без загубен поен, само за Италијанецот да притисне, стигнувајќи до брејк на крајот и трето мастерс финале во сезоната.
Таму ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Брајтон го нокаутираше шампионот – четврт последователен пораз на Сити
Фудбалерите на Брајтон го совладаа Манчестер Сити со резултат 2:1 (0:1) во 11. натпревар од англиската Премиер лига.
Она што сега стана главна вест во европскиот фудбал е четвртиот последователен пораз на Манчестер Сити во сите натпреварувања.
По Тотенхем во Лига купот (1:2), Бурнемаут во Премиер лигата (1:2), Спортинг во Лигата на шампионите (1:4), сега Брајтон го зазеде скалпот на тимот на Пеп Гвардиола.
А тоа секако ќе запали многу црвени светла во таборот на четирикратниот последователен шампион на Англија.
И се чинеше дека нема да биде така, бидејќи Ерлинг Халанд ја затресе мрежата на домаќините во 23. минута.
Со тоа Халанд собори уште еден рекорд, но тоа нема да биде преголема утеха за него бидејќи заедно со целата екипа доживеа уште еден удар во вториот дел.
Поточно, во самиот финиш, откако Брајтон погреши и Едерсон одбрани се, мораше два пати да ја вади топката од својата мрежа.
Најпрвин капитулираше во 78. минута кога израмни Бразилецот Жоао Педро, а потоа О’Рајли по голема гужва во шеснаесетникот ја смести топката во мрежата за конечни 2:1.
Брајтон сега се проби на четвртото место со 19 бодови, а Манчестер Сити има четири повеќе, но и меч повеќе од Ливерпул кој има 25 бодови и може дополнително да му побегне доколку ја совлада Астон Вила од 21 часот.
Спорт
(Видео) Проектилот на Мусија му донесе победа на Баерн, Баер се сопна во Бохум, Мајнц е кошмарот на Дортмунд
Баерн Минхен создава предност во однос на главните конкуренти во борбата за титулата во Бундес лигата, Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд. Баварците во 10.коло победија во Хамбург кај Сенкт Паули, актуелниот првак Баер освои само бод кај последнопласираниот Бохум, а Борусија доживеа пораз во Мајнц.
Баерн се мачеше во Хамбург, победи со спектакуларниот гол на Џамал Мусиала во 22. минута. Младиот играч од 25 метри шутираше неодбранливо за голманот на Сенкт Паули. Инаку Мусиала и во средата против Бенфика, во Лигата на шампионите го постигна единствениот гол со кој Баерн успеа да победи.
Шампионот Баер од Леверкузен, не успеа да го победи Бохум и покрај тоа што имаше предност од 14.минута со голот на Шик.
„Фармацевтите“ во претпоследната минута ги шокираше Мијоши. Бохум е последен на табелата, се уште нема победа во досегашниот тек од сезоната, а против Баер го освои вториот бод.
Мајнц е кошмар за Борусија Дортмунд, тоа го покажа и попладнево. Екипата која ја остави Борусија без титулата пред две сезони победи со 3.1.
Работата на домаќините им ја олесни Емре Џан кој доби црвен картон во 27.минута.
Девет минути подцна домашните поведоа преку Ли, а во 40.минута изедначи Гираси од пенал. Сепак Мајнц на полувреме замина со предност, откако гол постигна Бакхарт. Конечниот резултат го постави Небел во 54. минута.
Спорт
Вардар го победи Шкупи, Работнички поразен во Струга, Шкендија е нов лидер во ПМФЛ
Фото/ facebook.com/FKVardarSkopje
Победата на Вардар над Шкупи, поразот на Работнички во Струга и ефикасниот натпревар меѓу Шкендија и АП Брера го обележаа 14.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Вардар, во грдското дерби, на дебито на новиот тренер Гоце Седоски, го победи Шкупи со 3.2. Вардар ја прекина серијата од седум натпревари без пораз, во натпревар во кој не беше фаворит.
Шкупи во 10.минута дојде до предност со голот на Канда, но во последните 15 минути од првиот дел црвено-црните направија пресврт. Најпрвин изедначи Закариќ, а потоа предност на Вардар му донесе Николовски. Ибиши изедначи на 2:2 во 76.минута, а седум минути подоцна победата на Вардар му ја донесе Мицевски.
Работнички повеќе не е лидер на табелата, откако во Струга од актуелниот шампион го доживеа првиот пораз во сезоната. „Романтичарите“ се во криза, немаат победа на последните четири натпревар. Пред овој дуел три пати одиграа нерешено. На последните четири натпревари Работнички постигна само еден гол.
Дербито во Струга го реши Кехинде со голот во 34.минута. Со оваа победа Атруга се изедначи на табелата со Работнички. Овое два тима имаат два бода помалку од трите екипи на врвот.
По 14.коло, лидер на табелата е Шкендија. Во Тетово, Шкендија во ефикасен меч славеше над АП Брера со 4:3. Ист број бодови како Шкендија имаат и Гостивар, односно Силекс. Гостивар ја декласира Воскаспорт со 4:0, а Силекс со 1:0 го победи Пелистер.
Табела: