Спорт
Синер ја одбрани титулата на Австралија опен

Јаник Синер ја одбрани титулата на Австралија опен. Првиот носител во финалето го победи Александар Зверев со 6:3, 7:6, 6:3. Мечот траеше два часа и 42 минути.
Синер ја освои третата Гренд слем титула во кариерата, откако минатата година победи во Мелбурн, а потоа и на Ју-ес опен.
Зверев и во третото Гренд слем финале остана со празни раце. Претходно доживеа пораз од Доминик Тим на Ју-ес опен во 2020 година и Карлос Алкараз на Ролан Гарос во 2024 година.
Италијанецот ја продолжи доминацијата, ја забележа 21. последователна победа, вклучувајќи го и крајот на минатата сезона. Синер ќе остане прв на АТП листата, сега со повеќе од 3.000 поени пред второпласираниот Зверев.
Колку Јаник беше доминантен во мечот за трофејот говори и фактот што Зверев немаше ниту една брејк шанса во текот на целиот меч.
Синер во првиот сет му го одзеде сервисот на противникот во осмиот гем. Во вториот сет, во тај-брејкот, клучен беше деветтиот поен, кога при резултат 4:4, топчето по ударот на Синер удри во сајлата и падна таму каде што Зврев не можеше да стигне.
Во третиот сет, Италијанецот направи брејк во шестиот гем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси одби да игра во Лигата на шампионите поради -15

Интер Мајами би можел да биде без Лионел Меси во првиот натпревар од осминафиналето на КОНКАКАФ Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Интер Мајами во првиот натпревар ќе играат на гости кај Канзас Сити.
Како што пренесуваат американските медиуми, големи се шансите Меси да не игра на тој меч, а причината е што температурата во тој град ќе биде -15 Целзиусови степени, а наводно се чувствува како да е -25.
Затоа Меси не сака да биде на теренот, но има минимални шанси да се предомисли.
Исто така, како што објави новинарот кој го води подкастот на Интер Мајами, според негови извори, клубот бара одложување на натпреварот.
Спорт
(Видео) Нејмар стрелец по пауза од 502 дена

Нејмар пред еден месец се врати во Сантос, а во четвртиот меч за клубот во кој ја започна кариерата го постигна првиот гол. Нејмар постигна гол од пенал. Бразилецот погоди по пауза од 502 дена.
Поранешниот играч на Барселона, ПСЖ и Ал Хилал , со гол и асистенција го предводеше Сантос до победата над Агуа Санта (3:1).
Amazing run from Neymar to win a penalty 🥶
He then of course converts the penalty 🇧🇷pic.twitter.com/fiDQhAjppN
— Brasil Football 🇧🇷 (@BrasilEdition) February 17, 2025
Спорт
Аморим му порачал на Кристијан Ериксен да си бара нов клуб

Рубен Аморим ќе мора комплетно да го реорганизира тимот во летниот преоден рок. Во планотвите на португалските тренер нема место за Кристијан Ериксен.
Данскиот играч за врска веќе некое време не добива вистинска шанса на натпреварите на Јунајтед, а сега е јасно зошто.
Аморим им порачал на клупските челници дека повеќе не смета на Ериксен и дека Данецот може слободно да бара нов клуб. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и нема да биде продолжен.
Ериксен дојде на „Олд Трафорд“ во 2022 година по одличната сезона во Брентфорд. Данецот претходно беше одличен во Тотенхем, имаше одлична кариера, но по несреќниот случај на Европското првенство во 2021 година кога Ериксен мораше да биде реанимиран, мораше да паузира неколку месеци.
Ериксен поради правилата во Серија А, мораше да го раскине договорот со Интер, ја прифати понудата од Брентфорд каде ја потврди класата.
Ериксен отсега ќе може да бара нов клуб, а од Јунајтед ќе си замине без обештетување. Во својата кариера настапуваше за Ајакс, Тотенхем, Интер, Брентфорд и Манчестер јунајтед.