Спорт
Синистера го потпиша договор со Лидс – Клубот на нови играчи потроши 105 милиони евра

Лидс јунајтед нема намера да му се повтори минатата сезона кога во последното коло се спаси од испаѓање од Премиер лигата. Клубот од „Елан роуд“ од почетокот на преодниот рок е најактивен од сите премиерлигаши на трансфер пазарот. Во четвртокот Лидс го донесе и петтото засилување за новата сезона. Досега на трансфери Лидс потроши 105.000.000 евра.
Колумбиецот Луис Синистера го стави својот потпис на петгодишниот договор со Лидс. За 23-годишниот крилен напаѓач, Лидс на Феенорд му плати 25.000.000 евра.
Синистера во екипата треба да го замени Бразилецот Рафиња. Од почетокот на преодниот рок за потписот на Бразилецот се тркаат Челси, Арсенал и Барселона. Челси нудат најмногу пари, Лидс ја прифати понудата, но Рафиња посакува трансфер во Барселона.
Пред Синистера во Лидс потпиша договори со Брендон Андерсон од Слацбург за 32.840.000 евра, Тајлер Адамс од Лајпциг за 17.000.000 евра, Расмус Кристенсен од Салцбург за 13.000.000 евра и Марк Рока од Баерн Минхен за 12.000.000 евра.
Парите за новите трансфери Лидс ќе ги извади од продажбите на Рафиња, трансферот не би требало да биде помал од 60.000.000 милиони евра и Калвин Филипс кој замина во Манчестер сити 48.000.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Еурофарм Пелистер го претстави пикерот Васиљев: Дојдов во Битола да освојувам трофеи

Ракометниот вицепрвак Еурофарм Пелистер значително ја засили пикерската позиција во тимот за следната сезона. Покрај македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, нов член е и стандардниот репрезентативец на Русија, Денис Васиљев.
„Опцијата да дојдам во Македонија ми ја предложи мојот агент. Ми се допадна идејата, клубот и неговите цели и веднаш се согласив да дојдам во Битола. Добро ги одбработивме подготовките во Маврово, физичкиот дел посебно беше напорен. Групата ракометари добро ме прифати, пријатни луѓе и професионалци. Од моите нови соиграчи ги познавав од претходно Пешевски и Радовиќ, а сум играл и против македонските ракометари во дресот на руската репрезентација“, вели ракометарот на Еурофарм Пелистер, Денис Васиљев.
Тој е освојувач на три шампионати и три национални Купа на Русија со Чеховски Медведи, а има и украинска титула со Мотор.
Спорт
Мората: Среќен сум во Атлетико Мадрид

Алваро Мората не е многу заинтересиран да се пресели во Манчестер Јунајтед ова лето, инсистирајќи дека е среќен во Атлетико Мадрид. Напаѓачот се врати во шпанскиот клуб откако ги помина последните две сезони на позајмица во Јувентус, кој не ја искористи опцијата од 30 милиони фунти за трајно ангажирање на Шпанецот.
Мората му бил понуден на Ерик тен Хаг како опција за напаѓач, но Шпанецот призна дека е среќен на „Ванда Метрополитано“.
„Навистина сакам да играм овде, да работам и да се надрградувам. Возбуден сум што сум дел од Атлетико Мадрид. Шпекулации за мојата иднина? Со тие работи се занимаваат медиумите, а јас само сакам да играм и да дацам голови. Атлетико е еден од најдобрите клубови во светот. Среќен сум овде и сакам да продолжам“, изјави Шпанецот.
Спорт
Роналдо во Атлетико Мадрид, Жоао Феликс во Манчестер Јунајтед?

Кристијано Роналдо да замине во Атлетико Мадрид, а неговиот сонародник Жоао Феликс од „Ванда Метрополитано“ да се пресели во Манчестер Јунајтед. Ова е можноста за супер-размена што ја заговара шпанскиот медиум „Марка“ и би можела да се реализира до крајот на летниот преоден рок.
Секако, за реализација ќе треба Манчестер Јунајтед да доплати одредена сума, со оглед дека ќе добие многу помлад фудбалер.
Цената на Жоао Феликс на трансфер маркетот изнесува околу 80 милиони евра.
Роналдо не сака да остане на „Олд Трафорд“ и тоа е повеќе од јасно, а се чини дека и клубот, па и менаџерот Ерик тен Хаг, се подготвени да го пуштат. Но, само доколку пристигне друг квалитетен напаѓач. Ангажманот на Жоао Феликс би бил добра опција за Манчестер Јунајтед.