Спорт
Синот на Хаџи потпиша за белгискиот шампион Генк
Белгиските шампиони Расинг Генк го засилија својот состав за новата сезона со романскиот талент Јанис Хаџи, синот на легендарниот Георге Хаџи, човекот кој носеше прекар „Марадона од Карпатите“.
20-годишниот Хаџи, кој блесна на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Италија предводејќи ја Романија до полуфиналето, потпишал петгодишен договор со белгискиот клуб (до 2024 година).
Тој доаѓа од романскиот Виторул Констанца, каде што се врати по 18-месечниот престој во Фиорентина, каде што замина како 17-годишник, но доби само два натпревари. Генк оваа година влегуваат директно во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Будимир го изведе најлошиот пенал во историјата, па заврши во болница, скришил три ребра
Анте Будимир, најдобриот стрелец на Осасуна оваа сезона, синоќа против Валенсија се изрезили за „сите пари“. Хрватот, кој во моментотв е втор најдобра стрелец во Примера, го изведе најлошиот пенал во историјата.
Стрелецот на 16 голови оваа сезона, во 97.минута од натпреварот, при водство на Валенсиј 0:1, до последен момент го чекаше голманот Мамадршвили да падне, на крајот буквално му ја даде топката во рацете.
Пеналот на Будимир може да го погледнете во приложеното видео:
„Анте веќе три пати ми побара прошка за пеналот што го изведе, но нема што да му простам. На крајот на краиштата, Будимир ни донесе толку многу среќа што немаме право да му лутиме за промашувањето, мораме да го охрабриме“, рече по мечот тренерот на Осасуна, Арасате.
Промашениот пенал е најмалиот проблем што во моментов го има Будимир. Тој се повредил против Валенсија и ноќта ја минал во болницата.
„Веднаш по натпреварот Анте Будимир беше пренесен во Универзитетската болница во Навара. Тестовите покажаа дека претрпел сериозна траума во пределот на градниот кош. Поточно, скршил три ребра. Прими лекови против болки. Ноќта ќе ја помине во болница. а во вторник ќе биде подложен на дополнителни претреси“, објави клубот.
Спорт
Американците со најдобрите ќе настапат на ОИ во Париз
Најдобрите кои во моментов играат во НБА лигата ќе ја претставуваат САД на Олимписките игри во Париз.
Според извори на ЕСПН, селекторот Стив Кер веќе го знае списокот од 11 играчи кои дефинитивно ќе играат во Париз следното лето, а оставил едно празно место.
Она што е сигурно е дека Кер ќе може да смета на следните имиња: Стеф Кари, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Ентони Едвардс, Девин Букер, Кевин Дурент, Џејсон Тејтум, Ентони Дејвис, Леброн Џејмс, Бам Адебајо и Џоел Ембиид. Остана уште едно празно место.
Не се знае кој ќе биде последниот играч во ростерот, но од приложеното може да се види колку силен ќе биде олимпискиот тим на САД.
Тоа ќе биде прв олимписки турнир за Стеф Кари, додека Кевин Дурант ќе има единствена шанса за уште еден – четврти медал од Игрите. Тој е единствениот, заедно со Кармело Ентони, кој има три златни олимписки медали во својата колекција.
Што се однесува до Леброн Џејмс, тоа ќе му биде четврти олимписки турнир, има бронза од 2004 година и две злата во 2008 и 2012 година.
Инаку, САД ќе бидат во група со Србија, Јужен Судан и победникот од квалификациската група која ќе се игра во Порторико.
Натпреварот меѓу Србија и САД ќе биде мечот со кој ќе се отвори турнирот во Париз.
Спорт
(Видео) „Покер“ на Палмер во мрежата на Евертон – Се скара со соиграчите, па го стигна Халанд
Фудбалерите на Челси го декласираа Евертон со 6:0 во 33.коло, во Премиер лигата на Англија. Натпреварот во секој поглед го обележа Кол Палмер со четири гола. 20-годишникот на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата се изедначи со Ерлинг Халанд. Двајцата имаат постигнато по 20 голови.
Првиот, и најубавиот гол на Палмер на натпреварот, го одбележа седмиот последователен домашен натпревар на кој тој постигнува гол. Палмер е првиот играч на Челси во историјата со ваков учинок.
Помеѓу 13. и 29. минута, Палмер го постигна својот втор последователен хет-трик на „Стемфорд Бриџ“.
Палмер малку си ја нагрди брилијантната партија во второто полувреме кога одби да му дозволи на Нони Мадуеке да изведе пенал. Во таа прилика го оттурна Џексон, кој топката му ја даде на Мадуеке тој да го изведе пеналот. На крајот пресуди капитенот Конор Галагер.
Палмер го изведе пеналот, постигна гол и се изедначи со Халанд во листата на стрелците, а реализираниот пенал беше негов деветти без промашување. Тоа е втора најдолга серија во историјата на Премиер лигата, пред него е само Јаја Туре (11).
Челси во наредното коло ќе игра против Арсенал, а Евертон против Нотингем Форест.