Спорт
Синот на Руни даде четири гола за Јунајтед, тие загубија од Ливерпул!

Каи Руни, синот на најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, се покажува како одличен талент, откако 11-годишникот откри дека ги постигна сите четири гола за У-12 тимот на „ѓаволите“, иако тие загубија со 5:4 од лутите ривали Ливерпул.
Руни јуниор е дел од академијата на Јунајтед откако потпиша договор во декември 2020 година, и тој оваа сезона покажува дека е одличен пред голот на противниците, откако веќе имаше еден хет-трик, пред да ги даде четирите гола против Ливерпул.
Оваа година младиот Руни не е единствениот кој носи славно презиме во академијата на Јунајтед, откако по враќањето на Кристијано Роналдо и неговиот син Кристијано Јуниор почна да тренира со „ѓаволите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сонот за двојна титула на ПСЖ заврши на „Велодром“ во Марсеј!

Олимпик Марсеј, можеби уште не може да се бори со Пари Сен-Жермен за тронот на францускиот фудбал, но тимот на Игор Тудор денеска осигура дека моќниот клуб од престолнината нема да освои нова двојна титула, елиминирајќи ги со 2:1 победа во 1/8 финалето на Куп де Франс.
Марсеј дојде во водство во 31. минута, кога беше досуден пенал, а ветеранот Алексис Санчез не згреши од белата точка, но гостите се врати во игра кога во судиското продолжение во првото полувреме, Серхио Рамос израмни по асистенција на Нејмар. Со Лео Меси (со бројот 10 на грбот) и со Нејмар во тимот, фаворизираниот тим не само што не успеа да дојде во водство, туку во 57. Руслан Малиновски со неверојатна „бомба“ ги донесе Марсеј во водство.
Спорт
Јунајтед „спасуваше“ поен против Лидс во „војната на розите“

Манчестер јунајтед не успеа да ја добие првата битка со своите традиционални ривали Лидс јунајтед, откако на „Олд Трафорд“ се враќаа од 0:2 негатива за да стигнат до 2:2 реми против тим кој е без постојан менаџер по отказот за Џеси Марч.
Мечот започна катастрофално за тимот на Ерик Тен Хаг, откако Вилфрид Њонто по само 55 минути игра по една брза акција успеа да го совлада Давид де Хеа. „Ѓаволите“ до крајот на полувремето не успеаја да го совладаат Меслие на голот на Лидс, кои иако без постојан менаџер, на моменти беа поопасен противник.
Само што почна второто полувреме, следуваше уште еден шок за навивачите на „Олд Трафорд“, кога во 48. минута по една акција пред голот на Де Хеа, Рафаел Варан си ја смести смешно топката во сопствената мрежа.
Меѓутоа, по влегувањето во игра на Фекундо Пелјистри и Џејдон Санчо, ритамот на игра се смени и во 62 минута, Маркус Рашфорд ја продолжи својата неверојатна форма со уште еден гол за 1:2. Санчо, кој повеќе месеци беше во аут со ментални проблеми, се врати во 70. минута со гол за израмнување.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-41886”));
Спорт
Реал Мадрид ќе ја брка петтата светска титула против Ал-Хилал

Најуспешниот европски клуб во историјата, Реал Мадрид ќе оди по својата петта титула од Светското клупско првенство, откако во полуфиналето во Мароко со 4:1 го совладаа африканскиот шампион, Ал-Ахли од Египет со 2:1. Противник во финалето ќе му биде саудискиот и азиски шампион, Ал-Хилал, кои вчера го шокираа јужноамериканскиот шампион Фламенго во првото полуфинале.
Тимот на Карло Анчелоти немаше најдобар почеток и се чекаше до 42. минута за да дојдат во водство, кога Винисиус Жуниор стрелаше за 1:0.
Феде Валверде ја искористи деконцентрираноста на одбраната на Ал-Ахли за во 46. минута да зголеми на 2:0 и да најави финале. Египетскиот клуб се врати во игра во 65. минута со гол од пенал на Малуи, а и „кралевите“ добија шанса од пенал, но Лука Модриќ не беше ефикасен во 87.минута. На 3:1 во 92. минута зголеми Родриго, за младиот Серхио Арибас во 98. минута да стави точка на мечот.
Реал Мадрид ја освојуваше титулата од Светското клупско првенство во 2014, 2016, 2017 и 2018, а покрај тоа имаат и три титули од претходниот Интерконтинентален куп во дуел со шампионите на Јужна Америка.