Спорт
Сите фудбалери на Интер го одбиле кратењето на две плати
Италијанскиот весник „Ла република“ тврди дека фудбалерите и тренерите на Интер го послушале претседателот Стивен Жанг, но одбиле да се откажат од две месечни плати да помогнат за стабилизирање на економската ситуација во новокрунисаниот италијански шампион.
Кинеските газди се надеваа дека фудбалерите, по еуфоријата со освојувањето на скудетото ќе прифатат кратење на платите за 2021/22, иако спортскиот директор Бепе Марота инсистираше дека не се работи за наредба, туку на барање на добра волја од фудбалерите.
Попладнево, „Ла република“ тврди дека нема договор и дека ниту еден од фудбалерите, ниту од придружниот тим не се согласиле на вакво кратење. Покрај тоа, се одбила и втората опција, двете плати за 2021/22 да се преместат во 2022/23.
„Сунинг“ подолго време имаат проблеми со протокот на финансиите, и бараат инвеститори во клубот, а постоеја шпекулации дека е можна и целосна продажба на клубот. По одбивањето на овој предлог, најверојатно дел од фудбалерите ќе бидат поставени на трансфер листата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ларкин од еден се сели во друг крај на Истанбул
Шејн Ларкин е еден од кошаракрите чии договор истекува на крајот од сезоната.
Американецот, пет сезони го носи дресот на Ефес. Со овој клуб освои две титули во Евролигата.
Ларкин ја има најголемата плата во Евролигата. Годишно тој заработува четири милиони евра.
Прашање е дали Ефес ќе му понуди нов договор на 31-годишниот Американец.
Наводно, целата ситуација внимателно ја следат од другиот крај на Истанбул. Фенербахче е заинтересиран да го донесе Ларкин од наредната сезона.
Фенербахче не е единствениот клуб кој покажува интерес за Ларкин, но според медиумите води во трката за неговиот потпис.
Оваа сезона Ларкин има 17 поени по натпревар, 5,2 асистенции, три скока и 1,1 украдена топка.
Спорт
Ѓоковиќ: Горан е член на семејството, пријател
Ден по веста дека Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката, српскиот тенисер тренираше во Белград, во Кошутњак со Ненад Зимоњиќ.
Хрватските медиуми во Белград, се обидоа да добијат дополнителни одговори, зошто тенисерот и тренерот ја прекинаа соработката.
Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Монте Карло.
Српскиот ас не сакаше да дава дополнителни коментари на актуелната тема, но љубезно им се заблагодари на сплитските новинари.
„Сега не можам ништо да коментирам, извинете што нема да ви го дадам тоа што го барате, но ви благодарам што дојдовте. Добредојдени сте да останете овде, но јас и Горан ја завршивме нашата соработка. Ја видовте објавата, така што…“, рече Ѓоковиќ и додаде.
„Горан е член на семејството, пријател засекогаш и така ќе биде. Професионално едноставно се разделивме, направивме историски резултат – најтрофејниот играч и тренер досега, па мислам дека се е кажано во тоа смисла“.
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за голманот на Бразил
Бразилскиот голман Бенто (24), максимално ја искористи шансата која му се укажа по повредите на Алисон Бекер и Едерсон.
Бенто го бранеше голот на Бразил на неодамнешните пријателски натпревари против Англија (1:0) и Шпанија (3:3).
Она што го демонстрираше на „Вембли“ и „Сантијаго Бернабеу“ не мина незабележано, иако од претходно е на радарот на европските клубови. Наводно интерес за Бенто покажуваат Интер, Челзи, Нотингем Форест.
Бразилските медиуми пишуваат дека Атлетико Параненсе за него ќе бара отштета од 20.000.000 евра, а италијанските медиуми пренесуваат дека најблиску до него е Интер. Во клубот сметаат дека добро е Јан Сомер да добие силна конкуренција, а исто така Бразилецот би бич залог за иднината бидејќи има само 24 години.