Контакт

Спорт

Сити почнаа со шпалир, па го „демонтираа“ Ливерпул (видео)

Објавено пред

Стариот англиски шампион Манчестер сити стигна до импресивна 4:0 победа над новокрунисаниот шампион Ливерпул во интересен меч на „Етихад“, кој започна со шпалир за заслужените прваци.

Иако гостите имаа подобар старт на мечот и изгледаа поактивни на теренот во текот на целото прво полувреме, грешките во одбраната ги чинеа скапо. Кевин де Брујне ги донесе Сити во водство од пенал во 25. минута откако Џо Гомез го собори Рахим Стерлинг во шестнаесетникот.

Десет минути подоцна, Стерлинг се запиша во листата на стрелците по асистенцијата на Фил Фоден, кој го комплетираше одличното прво полувреме со гол во 45. минута по одличната асистенција на Де Брујне.

Сити имаа две одлични шанси на стартот на второто полувреме, пред Ливерпул да побараат пенал во 57. минута, кога Кајл Вокер го „собра“ Садио Мане. Наместо враќање, во 66-тата минута, Сити зголеми на 4:0, откако Стерлинг се најде во одлична шанса и неговиот шут, кој изгледаше непрецизно, беше „закачен“ од Окслејд-Чембрлен кој ја смести топката во сопствената мрежа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Аталанта во драматичен меч со 10 играчи го елиминира Лацио!

Објавено пред

Аталанта го исфрли Лацио во четврт-финалето на Копа Италија по 3:2 победата и покрај тоа што повеќе од половина час играа со играч помалку, а пеналот на Дуван Запата беше одбранет! Клубот од Бергамо, кој пред некој ден доминира над Милан на „Сан Сиро“ со 0:3 победа, сега во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот Наполи – Специја.

Берат Џимсити го донесе Лацио во водство уште по седум минути откако Пепе Реина не можеше да го сопре неговиот удар. Лацио врати бргу во 17. минута со првиот гол на Ведат Муриќи за клубот пред капитенот Ачерби да направи пресврт со фантастичен гол по слалом во 34. минута. На полувремето се отиде со 2:2 откако само 120 секунди подоцна Луис Муриел го најде Руслан Малиновскиј.

Хозе Луис Паломино го смени натпреварот со директниот црвен картон за туркањето на Мануел Лазари. Само две минути подоцна Алексеј Миранчук го донесе водството за Аталанта по што имаше и шанса да поведе со 4:2 кога Запата доби пенал, но Реина го сопре неговиот удар.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ландин во пенал-драмата ги однесе Данците во полуфинале!

Објавено пред

Египет, сепак, не успеа да направи сензација и да го елиминира вечниот фаворит Данска во четврт-финалето на Светското првенство на домашен терен откако во еден маратонски меч по продолженијата, во пенал-драмата, тимот на Роберто Парондо налета на расположениот Никлас Ландин, кој одбрани два пенала за 39:38 победа.

Данците имаа фантастично прво полувреме, во кое имаа 16:13 предност, но Египет се врати во второто полувреме и требаше да има напад за победа во последните секунди кога доби казна од 2 минути и одземање на топката поради погрешна замена. Данците не успеаја да постигнат гол во финишот и се отиде во продолженија.

Во 10-те минути Данците првин направија предност од два гола, за потоа во финишот Микел Хансен, најдобриот стрелец на Данска, да биде исклучен поради фрлање на топката кога му беше одземена поради пасивен напад и Египет да се избори за второ продолжение. Тука повторно имаше драма – Египет имаше водство до финишот, но повторно во последните секунди беше досуден пенал за Данците за израмнување и пенал-серија, во која на сцена стапи Ландин, кој со два одбранети пенала беше клучниот фактор.

Во полуфиналето Данците би се сретнале со подобриот од мечот Шпанија – Норвешка.

СП ЕГИПЕТ 2021, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Данска – Египет 39:38 (16:13, 12:15. 7:7, 4:3)

Франција – Унгарија 20.30 ч

Шпанија – Норвешка 20.30 ч

Шведска – Катар 20.30 ч

Прикажи повеќе...

Спорт

Погба: Златан – расист? Ајде не шегувајте се

Објавено пред

Пол Погба застана зад својот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, по обвинувањата за расизам против шведскиот ветеран по бурната пресметка со Ромелу Лукаку, уште еден поранешен играч на „ѓаволите“ на вчерашното дерби Интер – Милан.

Снимките од инцидентот беа анализирани до бескрај од медиумите и некои од нив сметаа дека боцката на Златан: „Викни ја мајка ти и прави го тоа вуду-с.ање“ е јасен пример за расизам. Ова е провокација за изјавата на еден од акционерите на Евертон, кој тврдеше дека тој одбил да потпише нов договор кога Јунајтед беше заинтересиран за него бидејќи неговата мајка посетила вуду-свештеник.

Погба вели дека е невозможно Ибрахимовиќ да е расист.

„Златан… расист? Тој ме сака премногу и е последниот човек за кого би помислил дека е расист. Ајде не шегувајте се со тоа“, напиша Погба на „Твитер“.

Вербалниот дуел на Ибра и Лукаку – „Да ве е..м тебе и жена ти… Оди прави ги оние вуду-глупости“

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

„Мртвите“ вакцини како кинеските се поефикасни против новите видови коронавирус

Постои загриженост дека вакцините што се користат во целиот свет може да бидат помалку ефикасни против новите видови коронавирус, што...

Свет3 часа

„Оксфорд“ очекува набргу податоци за ефикасност на вакцината против британскиот сој

Универзитетот „Оксфорд“ очекува дека податоците за ефикасноста на вакцината што ја разви против британскиот сој на коронавирус ќе бидат готови...

Македонија3 часа

Над 20 лекари и медицински лица на Клиниката за нефрологија позитивни на коронавирус

Над дваесет здравствени работници од Клиниката за нефрологија се позитивни на коронавирусот, објави Министерството за здравство. Како што се наведува,...

Македонија5 часа

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид-пациенти во јануари, во приватната лабораторија за генетика...

Македонија7 часа

Војниците ќе можат да изберат опремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата

Професионалните војници кои ќе навршат 45 години возраст, доколку не сакаат да продолжат со работа во државна институција, ќе можат...

Македонија7 часа

Нови 394 случаи на коронавирус, оздравени се 387 пациенти, а починаа 9 лицa

Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 190,...

Македонија7 часа

Две котларници на „Фагус“ од Пехчево испуштаат прашина и штетни гасови, велат од инспекторатот за животна средина

По претставка од граѓани, Државниот инспекторат за животна средина вчера изврши контрола на емисиите во дрвниот комбинат „Фагус“ во Пехчево....

Македонија8 часа

МВР за „Јавна соба“: Жртвите да пријават злоупотреби

„Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. Го повикуваме секој граѓанин кој...

Македонија9 часа

По една година одново актуелна групата „Јавна соба“ – илјадници членови споделуваат експлицитни фотографии oд девојки

Една година по обелоденувањето на скандалот „Јавна соба“ за групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде илјадници членови споделуваа експлицитни фотографии...

Македонија10 часа

Здружението на директори од основните и средните училишта со поддршка на реформите

Текот на наставата во второто полугодие и реформските процеси во образованието беше тема на разговорот со Здружението на директори од...

Македонија11 час

Непроспиена ноќ во Маврово, почувствувани пет земјотреси

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утринава регистрира серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 50 километри југозападно...

Европа12 часа

Зaпaден Балкан на листата на шест итни приоритети на новата администрација на САД и на Германија

Западен Балкан е на списокот на заедничките надворешнополитички приоритети на новата американска администрација и на Германија, беше истакнато во телефонскиот...

Свет13 часа

Мадуро промовира капки од мајчина душица како чудотворен лек против Ковид-19

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро промовира „чудотворен лек“ за кој тврди дека лечи од Ковид-19 без несакани ефекти. Британските медиуми пренесуваат...

Свет13 часа

Бајден и Путин договорија продолжување на договорот за нуклеарното оружје

Претседателот на САД, Џо Бајден, и рускиот претседател Владимир Путин договорија продолжување на договорот околу контролата на оружјето. Тие во...

Македонија13 часа

Земјотрес во Маврово со јачина од 3,6 степени

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутринава во 7:44 часот во подрачјето на Гостивар. Според...

Свет24 часа

Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека...

Македонија1 ден

21 починат и 444 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на...

Топ1 ден

Поранешниот прилепски градоначалник осомничен за криминал со државно земјиште

Против поранешниот градоначалник на Прилеп, Маријан Ристески, и уште осум лица, како и против две правни лица, поднесена е кривична...

Европа1 ден

Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на состанок на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се заложила за можност за целосна...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036...

Досие