Спорт
Сколари замина во пензија
Бразилскиот тренер Луис Фелипе Сколари (74) замина во пензија. Во неговиот проштален натпревар Атлетико Паранаенсе го победи Ботафого (3:0) и избори пласман во Копа Либертадорес.
Сколари по победата изјави дека ќе остане во клубот, ќе биде технички директор.
„Разговарав со претседателот, нов тренер на нашиот тим ќе биде Пауло Тура, а јас ќе бидам технички директор“, изјави популарниот Фелипао.
Сколари е еден од најголемите тренери во историјата на бразилскиот фудбал, тој за четири децении како тренер освои 27 трофеи. Освои две титули во Бразил и во Копа Либертадорес, четири пати победи во Купот на Бразил. Најголемата титула ја освои во 2002 година, кога со Бразил стана светски првак.
Тренерската кариера ја започна далечната 1982 година на клупата на ЦСА, а потоа водеше голем број клубови во земјата на фудбалот: Жувентуд, Бразил де Пелотес, Гремио двапати, Гојас, Коритиба, Крисиум, Памеирас во три наврати, Крузеиро во два наврати, а имаше и бројни меѓународни искуства на клупите на Ал Шабаб, Ал Кадасија, Кувајт, Ал Ахли, Џубило Ивата, Буншове и кинескиот Гуангжу Евергранде. Најголемиот клуб со кој раководеше надвор од Бразил беше Челзи во сезоната 2008/2009. По Челси беше селектор на репрезентацијата на Португалија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Горан е член на семејството, пријател
Ден по веста дека Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката, српскиот тенисер тренираше во Белград, во Кошутњак со Ненад Зимоњиќ.
Хрватските медиуми во Белград, се обидоа да добијат дополнителни одговори, зошто тенисерот и тренерот ја прекинаа соработката.
Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Монте Карло.
Српскиот ас не сакаше да дава дополнителни коментари на актуелната тема, но љубезно им се заблагодари на сплитските новинари.
„Сега не можам ништо да коментирам, извинете што нема да ви го дадам тоа што го барате, но ви благодарам што дојдовте. Добредојдени сте да останете овде, но јас и Горан ја завршивме нашата соработка. Ја видовте објавата, така што…“, рече Ѓоковиќ и додаде.
„Горан е член на семејството, пријател засекогаш и така ќе биде. Професионално едноставно се разделивме, направивме историски резултат – најтрофејниот играч и тренер досега, па мислам дека се е кажано во тоа смисла“.
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за голманот на Бразил
Бразилскиот голман Бенто (24), максимално ја искористи шансата која му се укажа по повредите на Алисон Бекер и Едерсон.
Бенто го бранеше голот на Бразил на неодамнешните пријателски натпревари против Англија (1:0) и Шпанија (3:3).
Она што го демонстрираше на „Вембли“ и „Сантијаго Бернабеу“ не мина незабележано, иако од претходно е на радарот на европските клубови. Наводно интерес за Бенто покажуваат Интер, Челзи, Нотингем Форест.
Бразилските медиуми пишуваат дека Атлетико Параненсе за него ќе бара отштета од 20.000.000 евра, а италијанските медиуми пренесуваат дека најблиску до него е Интер. Во клубот сметаат дека добро е Јан Сомер да добие силна конкуренција, а исто така Бразилецот би бич залог за иднината бидејќи има само 24 години.
Спорт
Јувентус најде тренер за следната сезона
Болоња е хитот на сезоната во Серија А. Тимот кој од клупата го предводи Тиаго Мота се бори за место во Лигата на шампионите. Она што е извесно е дека Мота на крајот од сезоната ќе ја напушти Болоња.
Медиумите на Апенинскиот полуостров го поврзуваа со Милан, но тоа нема да се случи. Поранешниот фудбалер на Интер, во овој момент е најблиску до клупата на Јувентус.
Мота ќе го наследи Масимилијано Алегри од чија работа во клубот од Торино не се задоволни.
До пред два месеци Јувентус се тркаше со Интер за шампионската титула, но откако на последните осум натпревари „старата дама“ забележа една победа, тимот на Алегри сега се бори за второот место со Милан.
Наводно, челниците на Јувентус и Алегри спогодбено ќе го раскинат неговиот договор кој важи до јуни 2025 година. За да се реализираа ова работа, двете страни треба само да ја договорат оштетата која ќе му биде исплатена на тренерот.