Спорт
Словенија остана без медал, Шпанија е трета на ракометниот турнир
Ракометарите на Словенија се најпријатното изненадување на Олимписките игри, но не успеаја да го остварат сонот, не успеаја да освојат медал. Шпанија го доби мечот за бронзениот медал со 23:22 (12:12).
Најефикасни кај Шпанија беа Алекс Гомез со пет гола, Афустин Касадо со четири гола и Абел Сердио со три гола. За Словенија, Јуре Доленец постигна шест, пет Блаж Јанц, а по три Алекс Влах и Тилен Кордин.
Иако натпреварот започна рано наутро, во 9 часот, селекцијата на Словенија и Шпанија играа со многу енергија, агресивност и цврстина.
Се играше по принципот гол за гол, а на крајот од првото полувреме резултатот беше 12:12.
Војната на нервите продолжи и во вториот дел, на четири минути пред крајот на семафорот стоеше 21:21. Алекс Влах промаши зицер, а Алекс Душебаев погоди за 23:21 на две минути до крајот. Доленец намали од седум метри – 22:23. Шпанија не го искористи нападот, а Словенија го имаше последниот. Блаж Мацковшек не успеа да постигне гол, славјето на Шпанците можеше да започне.
За златниот медал и олимпискиот трон ќе се борат Данска и Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Македонија ја оствари целта, победи во Рига
Фудбалската репрезентација на Македонија славеше во Рига против Летонија со 3:0 (1:0), во третото коло во Групата 4, во Ц-дивизијата во Лигата на нации.
Македонија во натпреварот против Летонија влезе како фаворит и таа улога играчите на Боби Милевски ја оправдаа на теренот.
Мрежата на Летонците прв ја погоди Атанасов во 35.минута, а конечниот резултат со деби голот во националниот тим го постави Ќамили во 70.минута. Фудбалерот на Сондерјиске на теренот влезе четири минути претходно.
— goals (@StefanDaskalov5) October 10, 2024
— goals (@goals9961429696) October 10, 2024
Точка на натпреварот стави Елмас во 93.минута, играчот на Лајпциг од 16 метри ја закова топката во летонскиот гол. Играчот на Лајпциг го постигна 13. гол во националниот тим.
— Live stream @FCStreamTV (@IgnaciaSma39875) October 10, 2024
Пп три кола Македонија има седум бода и е прва на табелата. За три дена македонските фудбалери ќе гостуваат кај Ерменија.
Спорт
Купмajнерс скрши ребро, го пропушта „Дербито на Италија“
Холанѓанецот Теун Купмајнерс скршил ребро, соопшти неговиот клуб, италијански Јувентус.
Италијанските медиуми објавија дека Копемајнерс може да отсуствува и до еден месец.
Поради ова, тој најверојатно ќе го пропушти дербито Интер на 27 октомври.
„Според наодите на лекарот, тој има мала скршеница на реброто на десната страна“, се вели во соопштението и се истакнува дека неговото враќање на теренот ќе зависи од неговото закрепнување.
Копмајнерс (26), кој летово пристигна од Аталанта Бергамо за 55 милиони евра, се повреди на натпреварот Јувентус-Каљари минатиот викенд (1:1).
Спорт
ПСЖ е воодушевен од најавената продажба на Париз на Ред Бул
Како што објави „Лекип“, Ред Бул се подготвува да го преземе парискиот фудбалски клуб со семејството Арно, а веста одекна во Франција бидејќи големото богатство на идните сопственици потенцијално ќе го промени фудбалот во Париз и низ целата земја.
Во Лига 1, од повеќе причини, нема градови кои имаат два клуба во лигата. Како што стојат работите оваа сезона, географски се најблиску Ница и Монако – ги делат околу 20 километри. Но, тоа може да се промени.
Париз вложи многу во тимот во текот на летниот преоден рок, а тоа полека но сигурно се исплати. Париз моментално е лидер во Лига 2. Доколку се случи најавеното преземање на клубот, семејството Арно и Ред Бул сигурно ќе имаат пари за високи амбиции.
Очекувано, реакциите на навивачите на Париз на оваа вест се позитивни, а ништо поразлично не е и кај потенцијалните градски ривали Пари Сен Жермен.
„Тоа е одлична вест. Тоа би било фантастично за Париз и за францускиот фудбал. Тоа би донело здраво ривалство во нашиот главен град на највисоко ниво“, изјави првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал Хелаифи за RMC Sport.