Спорт
Солскјер: Јас сум човекот за успешен Манчестер јунајтед
Оле Гунар Солскјер е сигурен дека е вистинската личност да го врати Манчестер јунајтед на врвот на англискиот и европскиот фудбал и покрај разочарувачкиот почеток на сезоната и мизерните резултати во последните недели.
По двата пораза во низа против Арсенал и Башакшехир, во кој тимот покажа слаба игра, следува гостувањето кај расположениот Евертон на „Гудисон парк“ како 15-ти во Премиер лигата со две победи во шест меча и шпекулации дека Маурисио Почетино е подготвен да го замени. И покрај ова, се верува дека Солскјер (засега) ја има целосната поддршка на управата на Јунајтед.
„Ако јас не верувам во моите вредности, квалитетот на мојот тим и на моите фудбалери, кој ќе го направи тоа? Не гледам само на еден или два резултата и другото паѓа како кула од карти. Да, не беше убаво што не дадовме голови против Арсенал и Челси, но само пред некое време, според медиумите, бевме многу силни против Лајпциг и ПСЖ. Клубот е позитивен и ми покажа карактер, доверба и лидерство. Денеска е сончево во Манчестер и не верувам дека ветерот ќе го смени правецот. Притисокот и очекувањата секогаш се тука. Во Манчестер јунајтед станав маж и научив да се справувам и со добрите и со лошите времиња“, вели Солскјер пред мечот со Евертон.
Тој исто така застана во одбрана на своите фудбалери, кои беа обвинети за недостиг на мотивација на теренот, и тоа од поранешните соиграчи на Солскјер, како Рој Кин, Гери Невил и Рајан Гигс.
„Има побарувања да си фудбалер, тренер или менаџер на Манчестер јунајтед. Ние сме најдобриот и најголем клуб на светот, така што критиките секогаш се тука и не треба да ја губиш главата. Овие фудбалери, како тие од мојата ера, ја покажуваат желбата. Работат на тренинг, сакаат да победуваат и се лутат кога губат. Да не беше така, тогаш работите немаше да функционираат“, вели Солскјер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.