Контакт

Спорт

Солскјер: Секогаш е криза кога Јунајтед ќе загуби еден-два натпревари

Објавено пред

Менаџерот на Манчестер јунајед, Оле Гунар Солскјер, инсистира на тоа да има сплотеност во неговата екипа по критиките за викенд-поразот од Евертон на „Гудисон“ со 4-0. Јунајтед губи на трет гостински меч во низа, што беше нивни шести пораз во последните 8 меча.

„Верувам во моите играчи. Знам дека се изневерија самите како играчи, а ме изневерија и мене како тренер. Сепак во нив се гледа ДНК на Јунајтед. Тие кои немаат таква ДНКА ќе мора да одат надвор“, вели Солскјер пред утрешното градско дерби против Манчестер сити.

Јунајтед е моментно шести во Премиерлигата, со 3 бода помалку од Тотенхем и Челси и два од Арсенал.

„Мораме да се фокусираме на тоа што нè чека. Мораме да сме подготвени, нè чека меч против една од најдобрите екипи“ – смета тренерот на „ѓаволите“.

Норвежанецот тврди дека верува во својата екипа.

„Секогаш се зборува за криза во Јунајтед кога ќе изгубиме меч или два. Не уживаме во поразите, затоа ќе се бориме до крај“ – вели Солскјер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Сите 36 лигашки голови на Меси во една минута (видео)

Објавено пред

И покрај катастрофалното испаѓање од Лигата на шампионите, Лионел Меси повторно имаше фантастична сезона во Ла лига, постигнувајќи 36 лигашки гола, кои лигата ги собра во фантастично видео од една минута (најдобро потрошената минута денеска).

Во видеото има сè – од индивидуални акции, до супер-финиши, и секако слободни удари. Тој ја заврши сезоната со „Пичичи трофејот“ за најдобар стрелец, со дури 15 голови повеќе од Луис Суарез на второто место.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мерцедес во доминантна форма и во Монако

Објавено пред

Мерцедес продолжија со својата суверена доминација во Формула 1 и на тренинзите пред Монако ГП трката овој викенд, откако Луис Хамилтон и Валтери Ботас беа над седум десетинки од секундата побрзи од ривалите во четвртокот.

На Хамилтон  Ф1 му дозволи да биде ослободен од обврските за појавување пред медиумите по смртта на не-извршниот директор на Мерцедес, трикратниот Ф1 шампион Ники Лауда. Ова не го спречи во боксот да добие посета од Кристијано Роналдо.

Себастијан Фетел се обиде да ги „симне“ Мерцедес од тронот, но Ферари остана далеку на третото место, додека Пјер Гасли со Ред бул изненади со четврто најдобро време, откако проблемите со болидот на неговиот колега Макс Ферстапен го заддржаа во боксот поголем дел од сесијата.

Шарл Леклер, кој се обидува да стане првиот возач од Монако кој бил на подиумот на домашната трка по Луј Широн во 1950, во првата Ф1 сезона, беше само десетти во второто Ферари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кој е Лудовит Реис, најновото холандско засилување за Барса?

Објавено пред

Гронинген потврдија дека нивниот 18-годишен талент, Лудовит Реис, направил трансфер во Барселона со долгорочен договор во кој е вклучена клаузула од 100 милиони евра.

Се верува дека Барселона платиле 3 милиони евра за Реис, кој е роден во Холандија, а неговите родители се од Словачка, но Гронинген може да заработи дополнителни 5 милиони евра ако се исполнат другите услови.

Реис е „продукт“ на академијата на Гронинген, од каде претходно дојдоа и Виргил ван Дајк, Арјен Робен, Душан Тадиќ, Луис Суарез и Дејли Блинд, и дебитираше за првиот тим во септември 2017 година. Тој ќе остане запишан во историјата на Ередивизие, бидејќи неговиот гол против Спарта Ротердам го направи првиот фудбалер роден во 21-виот век кој постигнал гол во холандската екипа.

Реис беше постојано во првиот тим на Гронинген и техничкиот директор на холандскиот клуб, Марк-Јан Фледерус вели дека трансферот е комплимент за клубот.

„Младинскиот скаут ги препозна квалитетите на Лудовит уште пред четири години и го убеди да потпише за нас. Нашите тренери му помогнаа во развојот и тој многу млад успеа да се избори во првиот тим. Ова покажува дека е можно талентирани млади фудбалери во Гронинген да направат трансфери во клубови како Барселона. Му посакуваме успех“, вели Фледерус.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Јункер: Глупавите националисти ги сакаат само своите земји

Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската...

Топ7 часа

(Видео) Груби ја поздрави одлуката за оставка на Богоевски

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, ја поздрави одлуката за оставката на пратеникот Павле Богоевски и изрази жалење за состојбата во...

Бегството на Груевски8 часа

Јовески: Не постојат пречки за Интерпол да објави потерница по Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека верува оти не постојат законски или какви било пречки за да биде објавена потерницата за...

Македонија9 часа

(Видео) Павле Богоевски најави оставка

Пратеникот Павле Богоевски најави дека ќе поднесе оставка по скандалот со аудиоснимката објавена на руската мрежа „Вконтакте“, а на која...

Регион11 час

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал...

Свет12 часа

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје. Министерството...

Спорт13 часа

Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Медиумите објавија дека...

Европа13 часа

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент....

Забава1 ден

Тамара прва од гласовите на жирито, а седма во финалето, гласовите коригирани

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите...

Македонија1 ден

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија1 ден

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија1 ден

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија1 ден

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија1 ден

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија1 ден

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија1 ден

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет1 ден

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа1 ден

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет1 ден

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Досие