Спорт
Солзите на Ангеловски кажуваат многу – човекот кој ја трансформираше репрезентацијата
Игор Ангеловски, или како што некои го нарекуваат Мрме. Човекот кој седна на клупата на македонската репрезентација во 2015 година, кога навивачите беа целосно разочарани од резултатите и залагањето, и кога можеше да се каже дека го достигнавме нашето фудбалско дно.
Квалификациите за Европското првенство во 2016 година не можеа да бидат полоши – стартувавме со 5:1 пораз од Шпанија, а успеавме да загубиме од Луксембург. Бошко Ѓуровски доби отказ, на негово место дојде Љубинко Друловиќ, а бевме на последното место во нашата група. Горан Пандев не беше во репрезентацијата поради конфликт со федерацијата.
„Ова е голем предизвик за сите нас. Никој не може да гарантира успех, но можам да ветам многу работа. Не се плашам од одговорноста иако резултатите и пласманот на ФИФА-листата не ни одат во прилог. Ќе направиме сè што можеме да го поправиме впечатокот, бидејќи имавме фудбалери со силен карактер. Знам што значи репрезентацијата за сите нас и оттука нема поголем мотив да се вложам себе и тимот за подобри резултати“, изјави Ангеловски кога беше именуван за селектор.
Горан Пандев се врати по две години, но почетокот не беше сјаен – во првите четири меча од квалификациите за СП 2018 година немавме ниту еден поен. Сепак, потоа резултатите почнаа да се подобруваат и дојде шансата во Лигата на нации, новото натпреварување на УЕФА. Рангирани во најниското ниво (Д-лигата), во шест меча имавме 5 победи и 1 пораз за да обезбедиме пласман погоре (Лига Ц) и во исто време да ја добиеме шансата за пласман преку баражите со Косово и Грузија.
Joy? Relief? Pick your emotion as Igor Angelovski & North Macedonia qualify for the Euro finals. pic.twitter.com/CKBJDOjCBM
— Ed Wyatt (@edwyatt) November 12, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…