Спорт
Сопругот осомничен дека ја убил светската рекордерка

Кенија, вчера ја потресе веста за смртта на атлетичарката Агнес Тироп. 25-годишната атлетичарка, беше пронајдена мртва во својот стан во градот Итен. Полицијата утврди дека станува збор за насилна смрт. Осомничен за убистото е сопругот на Агнес Тироп.
Полицијата влегла во станот на Тироп, откако нејзиниот татко ја пријавил за исчезната.
„Кога полицијата влегла во куќата, ја нашче Тироп во креветот, на подот имало крв. Тие утврдиле дека била прободена во пределот на вратот. Претпоставуваме дека повредата настанала од убод со нож и веруваме дека тоа е причината за смртта“, рекол шефот на регионалната полиција, Том Макори и дополнил.
„Неизиниот маж и понатаму е на слобода, не можеме да го пронајдеме. Истрагата покажа дека тој е осомничен за убоството. Го бараме за да објасни што се случило“.
Тироп, пред еден месец, постави светски рекорд на улична трка на 10.километри. Трката ја заврши со време 30.01 минути.
Најголемите успеси Тироп ги остварила на Светските првенства во Лондон во 2017 и Доха 2019 година, на 10.000 метри. Во двете трки го освола бронзениот медал. Тироп била светска шампионка во крос во 2015 година.
На Олимписките игри во Токио таа го освои четвртото место на 5.000 метри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Покетино почна со чистката – Челси нема да го откупи договорот на Феликс

Маурисо Покетино, новиот тренер на Челси, започна со чистката во соблекувалната. Аргентинецот, вчера потпиша две годишен договор, а денес го известил Жоао Феликс дека неговиот договор нема да биде откупен од Атлетико Мадрид.
Жоао Феликс, во јануари, се пресели на позајмица во Челси. „Сините“ за него на Атлетико му платија 11 милиони евра. Феликс неколку пати изјави дека сака да остане на „Стенфорд Бриџ“. Покетино нема да му ја исполни желбата.
Феликс за Челси одигра 20 натпревари и постигна четири гола.
„Челзи не извести дека Покетино не го сака Феликс и дека нема да го откупат неговиот договор. По истекот на позајмицата, тој ќе се врати во Атлетико, а потоа ќе видиме што ќе се случи. Во моментов немаме планови за него”, им откри во вторникот на шпанските новинари, пртседателот на Атлетико, Енрике Серезо.
Жоао Феликс е првата „жртва“ во ерата на Покетино во Челси. Се очекува во преодникот рок клубот да го напуштат Кристијан Пулишиќ, Хаким Зијеш, Калиду Кулибали, Мејсон Маунт, Нголо Канте…
Спорт
Де Лаурентис подготвил богата понуда за тренерот на Порто

Лучано Спалети ја освои Серија А со Наполи, го врати шампионскиот пехар во градот под Везув по 33 години и потоа го напушти клубот.
Италијанските медиуми, тврдат дека Спалети се скарал со газдата на Наполи, Аурелио Де Лаурентис. Од другра страна, Де Лаурентус изјави дека Спалети самиот решил да го напушти клубот. Ова можеби е вистината, бидејќи Спалети откри дека заминува на едно годишен одмор.
Неколку тренерски имиња се поврзуваат со Наполи. Италијанските медиуми пренесоа дека Де Лаурентис за тренер го сака поранешниот шпански селектор, Луис Енрике, но изгледа вистината е поинаква.
Првиот човек на Наполи ќе се обиде да го донесе во клубот Жержо Консеисао, тренерот на Порто.
За да го убеди да ја прифати понудата, Де Лаурентис бил подготвен на Португалецот да му понуди шест милиони евра годишна плата. Доколку прифати, Консеисао ќе биде меѓу тренерите со најголема плата во Серија А.
Спорт
Воска се раздели со тренерот Берат Имери

Новиот македонски прволигаш Воска Спорт се раздели со досегашниот тренер Берат Имери. За дебитанската сезона во елитата на Македонија, клубот ќе ангажира нов стратег.
„Воска Спорт објавува дека Берат Имери повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб. По неколку дена разговори не успеавме да најдеме заеднички јазик, по што беше донесена одлука за разделба. Воска му се заблагодарува на Имери за придонесот во периодот додека го водеше нашиот тим и му посакуваме многу среќа, здравје и успех во натамошната тренерска кариера. Веруваме дека еден ден нашите патишта повторно ќе се спојат“, објави ФК Воска.
За најсериозен кандидат за нов тренер на Воска Спорт се споменува Мирсад Јонуз, а во опција се и Муарем Бајрами и Ќатип Османи.