Контакт

Спорт

Сосиедад се жали дека Манчестер јунајтед добил нефер предност

Објавено пред

Директорот за фудбал на Реал Сосиедад, Роберто Олабе, ја нападна УЕФА откога беше потврдена одлуката нивниот домашен меч во Лига Европа да се пресели во Торино поради ограничувањата на патувањата од Велика Британија бидејќи реваншот ќе се игра на „Олд Трафорд“.

Двата тима првин требаа да се сретнат на „Аноета“ во Сан Себастијан следниот четврток, но поради појавувањето на новиот сој на коронавирусот во Велика Британија, Шпанија и Германија не дозволуваат пристигнување од оваа земја. Затоа УЕФА реши дека првиот меч ќе се игра на „Алијанц стадионот“ на Јувентус.

„Би сакал и реваншот да е на неутрален терен или УЕФА да обезбеди еден меч како минатата година. Навистина е нефер што ние како домашен тим играме на неутрален терен, а како гостин ќе одиме таму. Но, такви се работите со УЕФА. Сепак, мислам дека можеме да ги елиминираме иако имаат еден од најсилните тимови на светот“, изјави Олабе.

Спорт

УФЦ: Џон Џонс се направи ѕвер од 120 килограми!

Објавено пред

Легеднарниот поранешен УФЦ-шампион, Џон Џонс, се пофали со своите тренинзи пред камбекот во кафезот, првпат во кариерата во тешка категорија, и фановите беа воодушевени од брзината и моќта на 33-годишниот Американец, кој сега има над 120 килограми.

Популарниот „Боунс“ ќе дебитира во тешката категорија оваа година по доминацијата во средно-тешка категорија и видеото на кое тренира со тренерите Брендон Гибсон и Мајк Винкелџон е импресивно.

„Чувствувам дека добро се движам за дебело момче и кога ќе се вратам во форма, ќе бидам опасен“, напиша Џонс.

Последен меч на Џонс беше контроверзната победа над Доминик Рејес на УФЦ 247 во февруари 2020 по што се откажа од титулата и сега, најверојатно, ќе добие брз обид да ја освои и оваа титула откако шефот на УФЦ, Дејна Вајт, потврди дека тој е прв кандидат за меч со победникот на дуелот меѓу актуелниот шампион Стипе Миочиќ и Френсис Нгану.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BONY (@jonnybones)

Прикажи повеќе...

Спорт

Звезда дочекана како победник во Белград

Објавено пред

Црвена звезда испадна во шеснаесет-финалето на Лига Европа иако не беше поразена во двомечот со големиот Милан и тоа ги предизвика „делиите“ да им приредат пречек како на шампиони при враќањето во српската престолнина.

Звезда на „Сан Сиро“ одигра 1:1 со Милан и испадна само бидејќи дома прими повеќе голови при 2:2 ремито. На навивачите очигледно им се допадна начинот на кој игра тимот на Дејан Станковиќ како што може да покажат следните фотографии пред стадионот „Рајко Митиќ“.

На него, пак, тимот на Звезда повторно го изведе голот на Павков, со кој на првиот меч во Белград стигнаа до драматично 2:2 реми.

Прикажи повеќе...

Спорт

По две крвавења од носот, Куман ја прекина прес-конференцијата

Објавено пред

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, признава дека неговата иднина на клупата на каталонскиот гигант е неизвесна објаснувајќи дека секогаш има притисок кога си тренер на толку голем клуб.

Холандската легенда на Барселона се врати во својот стар клуб минатото лето во обид да донесе стабилност во тимот по катастрофалниот 8:2 пораз од Баерн Минхен во ЛШ минатата година и отказот за Кике Сетиен.

Меѓутоа, Барса не блеска оваа сезона – таа е трета во Ла Лига зад Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, а во првиот меч од осмина-финалето на ЛШ загуби дома од Пари Сен-Жермен со 1:4.

„Знам дека има многу притисок кога си тренер на Барса. Ако не победуваш, тогаш вината е кај тренерот. Не знам што ќе се случи во иднина, но има време да се размислува за тоа“, изјави Куман пред да ја прекине прес-конференцијата поради крвавење од носот, последица на лекарствата што ги зема за срцевите проблеми.

Куман имаше срцев напад во мај 2020 година, но бргу закрепна и продолжи да биде селектор на Холандија додека не го повикаа од Барса.

Човекот што помина шест одлични сезони како фудбалер во Каталонија досега ги предводеше Барса во 37 меча, од кои победи во 23, но имаше и 8 порази. Покрај резултатите, за неизвесноста влијаат и претседателските избори во клубот откако еден кандидат, Виктор Фонт, постојано тврди дека ќе го смени Куман со Чави.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Во Шпанија помладите од 55 години што прележале Ковид-19 ќе добијат по една доза вакцина

Шпанија ќе им даде само една доза вакцина на лица помлади од 55 години што биле заразени од коронавирус, соопшти...

Македонија2 часа

Повредени седум полицајци и осуммина приведени на протестот за „Монструм“

На протестот за пресудите во случајот „Монструм“ се повредени седум полицајци. Од МВР исто така информираат дека се приведени осум...

Македонија4 часа

Регистрирани нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени...

Македонија6 часа

Шврговски: Казната за Мијалков е драконска, а притворот е противзаконски

Сашо Мијалков може да помине само 60 дена во притвор во затворот во Шутка, бидејќи истиот е побаран со обвинителен...

Македонија7 часа

Веднаш по судењето Мијалков оди во затворот во Шутка

Судот донесе одлука првообвинетиот Сашо Мијалков да издржува ефективен, односно затворски притвор. Тој по судењето ќе биде спроведен во истражниот...

Македонија8 часа

Лекарска комора: Згрозени сме од постапката на возачот кој удри во доктор и побегна

Лекарската комора најстро го осудува вчерашниот инцидент во кој со тешки повреди се здобил д-р Ѓорѓи Јота, хирург и професор...

Македонија8 часа

12 години затвор за Мијалков за масовно и нелегално прислушкување

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор за масовното нелегално прислушкување од 2008 до 2015 година...

Европа9 часа

Меркел: Вакцините на „Астразенека“ се безбедни, но јас нема да се вакцинирам со неа

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, германската канцеларка Ангела Меркел призна дека луѓето ја одбиваат вакцината на „Астразенека“ затоа што...

Европа9 часа

Макрон: Со задоволство би ја примил вакцината на „Астразенека“ кога ќе дојдам на ред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека со задоволство би прифатил да се вакцинира против Kовид-19 со вакцината нa „Оксфорд“ /„Астразенека“...

Свет10 часа

Кина одобри уште две вакцини против коронавирус

Кина одобри употреба на уште две вакцини против коронавирус. За вакцината„Кансино е потребна само една доза и, како што е...

Свет11 час

Бразил не знае што да прави со мутациите, калифорнискиот вид е најопасен

Бразил се соочува со нова фаза на пандемијата со мутирани варијанти на Ковид-19, три пати позаразни, рече министерот за здравство....

Свет11 час

Воздушни напади во Сирија по наредба на Бајден

Американската армија изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот eо Бајден врз објекти за кои Пентагон вели...

Македонија12 часа

Затворени повеќе улици во Скопје поради протест за „Монструм“

Во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“. Роднини на осудените, во вторникот,...

Свет22 часа

Меркел најави дигитални сертификати за вакцинација во ЕУ

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа...

Македонија1 ден

Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија1 ден

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија1 ден

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија1 ден

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија1 ден

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Досие