Спорт
Спалети доби нов договор
Лучано Спалети ќе потпише нов двегодишен договор со Јувентус, кој ќе важи до 30 јуни 2028 година.
Тренерот доби нов договор без оглед на конечниот резултат што ќе го постигне оваа сезона.
Спалети во Јувентус пристигна кон крајот на октомври минатата година, кога клубот му врачи отказ на Игор Тудор.
Со новиот договор ќе се зголе,и и неговата плата, од 3 на 5.000.000 евра. Со ова, Спалети ќе се изедначи со Макс Алегри (Милан) и Џан Пјеро Гасперини (Рома), додека како тренер со најголема плата во Серија А ќе остане Антонио Конте, кој во Наполи заработува 8.000.000 евра годишно.
На седум рунди до крајот на сезоната, Јувентус се наоѓа на петтото место со бод помалку од Комо, кој ја држи последната позиција која носи пласман во Лигата на шампионите.
Foto/ Depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сент Паули и Ханденхајм испаднаа, Волфсбург ќе игра бараж за опстанок, Лајпциг и Штутгарт се пласираа во ЛШ
Вечерва заврши сезоната 2025/2026 во германската Бундеслига.
Одамна беше познато дека Баерн е шампион, а Борусија Дортмунд заврши на второто место. И двата тима победија во последното коло. Баерн беше подобар од Келн со 5:1, со хет-трик на Хари Кејн, а Дортмунд победи против Вердер со 0:1.
Освен нив, во Лигата на шампионите ќе играат Лајпциг и Штутгарт. Хофенхајм и Леверкузен изборија пласман во Лига Европа, додека Фрајбург се квалификуваше за Конеренциската лига.
На дното на табелата беше напнато до самиот крај. Сент Паули заврши на последното место, загуби од Волфсбург дома во директен судир за опстанок.
Но, Волците, кои беа шампиони во 2009 година, ја освоија само 16-тата позиција со победа од 1:3 и ќе играат плејоф за опстанок во првата лига.
Од Бундеслигата испадна и Хајденхајм.
Бундеслига, 34. коло:
Менхенгладбах – Хофенхајм 4:0 (2:0)
(Болин 14, Табаковиќ 23, Дикс 81, Хак 90+1)
Баерн – Келн 5:1 (3:1)
(Кејн 10, 13, 69 Бишоф 22, Џексон 83 – Ел Мала 18)
Вердер Бремен – Дортмунд 0:1 (0:0)
(Гираси 59)
Ајнтрахт – Штутгарт 2:2 (0:2)
(Буркарт 72 (п), 90+2 (п) – Андрес 10, Нарти 45+4)
Фрајбург – Лајпциг 4:1 (2:1)
(Бесте 24, Матановиќ 26, Гунтер 47, Шерхарт 75 – Уедраго 33)
Хајденхајм – Мајнц 0:2 (0:2)
(Тик 7, Амири 43)
Баер Леверкузен – ХСВ 1:1 (0:0)
(Ремберг 78 (аг) – Виеира 61)
Сент Паули – Волфсбург 1:3 (0:1)
(Сисеј 57 – Кулиеракис 37, Васиљ 64(аг), Пејчиновиќ 80)
Унион Берлин – Аугсбург 4:0 (2:0)
(Илиќ 10, 42, Шафер 54, Јеонг Ву-Јеонг 89)
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Магијата на Семењо – Сити го освои ФА купот
Манчестер Сити го победи Челзи со 1:0 на Вембли и го освои ФА Купот. Стрелец на единствениот гол беше Антоан Семењо во 72-та минута, кога со „штикла“ го совлада Сначез, по додавањето на Ерлинг Халанд.
Ова е осма победа на клубот од Манчестер во ФА Купот, а Челзи исто така има осум, но последната победа ја има во 2018 година. Рекордер е Арсенал со 14 трофеи.
Ова е втор трофеј за граѓаните оваа сезона, откако го освоија и Лига Купот со победа од 2:0 против Арсенал.
Тимот на Пеп Гвардиола сè уште е во игра за титулата во Премиер лигата. На две кола пред крајот на првенството, Сити има два бода помалку од водечкиот Арсенал.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Маеда му пресуди на Хартс во 88-та минута – Селтик ја одбрани титулата
Фудбалерите на Селтик го победија Хартс со 3:1 во последното коло и ја освоија титулата во Шкотска.
Великанот од Глазгов стигна до својата петта последователна шампионска титула, иако оваа сезона се чувствуваше дека Хартс ќе ја прекинат својата доминација и ќе го кренат пехарот во домашното првенство по 66 години.
Важноста на натпреварот се чувствуваше на теренот, па не видовме многу возбуда во првото полувреме, сè до финишот кога беа постигнати два гола.
Екипата од Единбург го постигна првиот гол преку најдобриот стрелц Шенкланд во 43-та.
Радоста на Хартс траеше само три минути и се чини дека пеналот што го доби Селтик, откако Кизиридис играше со рака, го одреди текот на натпреварот во корист на Селтик.
Енгелс ја презеде одговорноста и постигна гол за израмнување.
Се очекуваше гостите да играат подефанзивно во второто полувреме, бидејќи бод им ја гарантираше титулата. Мартин О’Нил правеше измени, ги внесе сите напаѓачи на теренот, но Хартс се бранеше добро.
Ихеначо имаше одлична шанса во последните 15 минути кога ја затресе стативата, Нигрен исто така имаше добар обид од слободен удар, но резултатот остана 1:1.
Сепак, Селтик успеа да најде дупка во одбраната и да постигне гол за титула. Сарачи го пронајде Османд, тој ја сврте топката во шеснаесетникот, Маеда се најде на вистинското место и им го донесе на домашните тим она што го бараа целиот натпревар.
Хартс се обидоа да постигнат гол во судиското продолжение што ќе му го донесе трофејот, но примија уште еден. Во 98-та минута кога по корнерот, сите во бордо дресови беа пред голот на селтик, заедно со голманот Шволов.
Османд ја освои топката, претрча 70 метри и ја смести во небранетата мрежа.
