Спорт
Спонзорот на Ѓоковиќ, Hublot, вели дека вакцината е личен избор

Генералниот директор на швајцарскиот производител на луксузни часовници Hublot („Ибло“) вели дека нема прекин на соработката со светскиот тенисер број 1 и дека вакцинацијата е право на личен избор.
Ова доаѓа по скандалот со Ѓоковиќ и неговиот неуспешен обид да влезе во Австралија за настап на првиот гренд слем од сезоната со оправдување дека не е вакциниран и така наштетува на јавното здравје и на мирот во земјата.
Директорот Рикардо Гваделупе во интервју за „Ројтерс“ вели дека чекаат да го чујат личното искуство на Ѓоковиќ.
„Чекаме да ја слушнеме неговата позиција за тоа низ што помина. Принципот на вакцините е нешто приватно. Ние ја цениме личната слобода, секој може да одлучи, секој може да биде за или против, тоа е нашата позиција. Кога ќе се чуеме со Ѓоковиќ, ќе имаме дефинитивна позиција“, вели Гваделупе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мбапе: Видов што објавуваат играчите на Реал, ќе разговарам со Бензема

Одлуката на Килијан Мбапе да го одбие Реал и да остане во ПСЖ и понатаму е топ тема во фудбалскиот свет. ПСЖ само за потписот што ќе го стави на новиот договор, на Мбапе ќе му исплати помеѓу 100 и 150 милиони евра, годишно тој ќе има нето плата од 50 милиони евра.
„Среќен сум што ќе продолжам да се развивам во земјата каде што сум роден, израснат и исполнет. Убеден сум дека овде можам уште да напредувам, клубот има средства за да ги оствари поставените цели“, изјавил Мбапе по потпишувањето на договорот.
Првото интервју, откако реши да остане во Париз, тој го даде за „Марка“. Објасни зошто останал во Франција.
„Јас сум Французин, останувам во мојата земја, во нов проект и во нова ера на клубот. Мислам дека тоа е добра одлука. И што е најважно – тоа е само моја одлука“, изјави Мбапе.
„Сега не размислувам за други клубови. Морам да го почитувам мојот клуб. Јас сум играч на ПСЖ. Точно, разговарав со Реал и Ливерпул. Црвената е омилена боја на мајка ми, па преговарав со Ливерпул, но тоа не беше ништо. сериозно. На крајот избрав помеѓу Реал и ПСЖ. Минатата година сакав да се приклучам на Реал, сега мислам дека треба да останам. Да останам во мојата земја“.
Неколку играчи на Реал луто реагираа на одлуката на Мбапе и индиректно го прозваа на социјалните мрежи. Меѓу нив е и неговиот сонародник Карим Бензема, кој на „Инстаграм“, објави слика од легендарниот рапер Тупак Шакур, чиј голем обожавател е. Во позадина на таа фотографија е човек за кој се верува дека го предал Тупак и дека поради него бил убиен 26 години.
„Да, видов што објавуваат играчите на Реал. Немам што да кажам… Секако, кога ќе одам во репрезентацијата, ќе му објаснам на Карим зошто останав во ПСЖ. Ние двајца сме во добри односи“.
Спорт
Чачо се враќа дома

Серхио Родригез од следната сезона повторно ќе го носи дресот на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. „Мундо Депортиво“ пренесува дека искусниот плејмејкер по шест години повторно ќе игра во Шпанија и дека приоритет му бил, да се врати со семејството во родната земја.
Претходните три години Чачо Родригез го носеше дресот на тимот на Армани Милано, каде во сезоната зад нас имаше просек од 8,3 поени и 4,4 скока на натпреварите во Евролигата.
Во Реал ги постигна најголемите успеси и на тимски и на индивидуален план.
За шест години, колку што го носеше дресот на „кралскиот клуб“, Родригез ја освои Евролигата, беше прогласен за МВП на најсилното европско натпреварување и беше избран во идеалната петорка.
Во Шпанија со Реал беше трикратен шампион, а исто толку пати беше избран и во идеалниот тим на АЦБ лигата.
Во Армани е од 2019 година, каде што дојде по две сезони минати во ЦСКА.
Спорт
Мундо Депортиво: Дембеле ќе ја напушти Барселона
Усман Дембеле има уште еден месец договор со Барселона, во клубот е убедени дека тој нема да остане во Каталонија. „Шансите да си замине се 95 отсто“, пишува „Мундо Депортиво“, повикувајќи се на свои извори од клубот.
Оваа недела, Муса Сисоко, менаџерот на 24-годишниот Французин, ќе се сретне со челниците на Барселона, но се чини дека договор нема да има, каталонскиот гигант не може да ги испрати финансиските барања на фудбалерот.
„Клубот тврди дека Сисоко со денови има понуда за нов договор, додека од таборот на менаџерот тврдат дека понудата се уште не е пристигната. Од клубот тврдат дека работите ги води менаџерот и дека фудбалерот ќе постапи онака како што ќе му сугерира менаџерот Сисоко“, пишува Мундо Депортиво.
Каталонците тврдат дека Дембеле на маса има богата понуда на ПСЖ, кој во Французинот гледа идеална замена за Анхел Ди Марија и дека најверојатно таму ќе ја продолжи кариерата. Да потсетиме, Барселона пред пет години плати за Французинот 140 милиони евра. Сега по серијата лоши сезони и големи повреди тој бесплатно ќе го напушти клубот.