Контакт

Спорт

Србија падна од Норвешка, Црногорките ја преживеаја Унгарија

Објавено пред

Женската ракометна селекција на Србија денеска загуби од Норвешка со 28-25 во третото коло од Светското ракометно првенство во Јапонија. Србинките одиграа добар меч против големиот фаворит, но финишот на мечот им припадна на Норвежанките за 3 победи од 3 меча во групата А. Србинките, пак, од трите досегашни натпревари имаат 2 победи.

Во истата група изненадувачки Ангола ја совлада Словенија со 33-24, а Холандија ја декласира Куба со 51-23.

Женската селекција на Црна Гора славеше минимална победа против силната Унгарија со 25-24 во рамките на групата Ц. Црногорките до третиот триумф од исто толку натпревари стигнаа благодарение пред сè на ексвардарката Јованка Радичевиќ, која мечот го заврши со 8 гола.

Во истата група Романија со 22-20 беше подобра од Казахстан, а фаворитот Шпанија немаше проблеми со Сенегал, 29-20.

Во групата Б Франција конечно ја забележа првата победа, и тоа убедлива со 46-7 против аутсајдерот Австралија. Јужна Кореја продолжува со одличните партии. Падна и Бразил со 33-27, а мечот Данска и Германија им припадна на Германките, минимално со 26-25.

Во групата Д со 34-13 славеше против Конго, Шведска со 34-26 триумфира против Јапонија, ка Аргентина со 34-28 беше подобра од Кина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Наполи ја „турна“ Џенова кон Серија Б, Пандев овојпат немоќен (видео)

Објавено пред

Условно речено „македонското дерби“ Џенова – Наполи им припадна на гостите, на Елмас, славеа со 1-2.

Екипа на Елиф Елмас (играше до 82 минута, постигна гол, ВАР му го поништи, а имаше уште еден одличен обид, голманот Мерет одбрани) ги освои трите бода и уште повеќе ја закомпликува состојбата на Џенова кога станува збор за опстанокот во Серија А.

Капитенот на македонската фудбалска селекција, Горан Пандев влезе во игра кај Џенова во 71, но беше немоќен да донесе барем реми за својата екипа.

Инаку, Наполи поведе со 0-1 во 45 минута, стрелец Мертенс.

На стартот на вториот дел, по асистенција на Шене, стоперот Голданига со глава погоди за 1-1, но предноста на гостите ја врати штотукувлезениот Лозано во 66 минута.

Наполи сега е петти на табелата со 51 бод, го потисна Милан на шестата позиција со 49 бода.

Џенова, пак, е во зоната за испаѓање и до крајот ќе води борба со Лече, Торино и Удинезе за да го продолжи прволигашкиот статус.

На вториот меч од ова коло што се одигра во истиот термин, во Фиренца домаќинот Фиорентина и Калјари ремизираа без голови, 0-0.

Прикажи повеќе...

Спорт

Сити пукна петарда со Њукасл, „волците ги скршија забите“ кај Шефилд (видео)

Објавено пред

Манчестер Сити со високи 5-0 го порази Њукасл на својот „Итихад“ во рамки на 34 коло од Премиерлигата.

Пулените на Пеп Гвардиола со 2 гола во првото полувре и три во вториот дел му покажаа на гостинот дека нема што да бара на теренот на минатосезонскиот шампион.

Серијата погодоци ја отвори Хесус во 10 минута, а Марез во 21 минута донесе водство од 2-0.

Во вториот дел Фернандес постигна автогол за 3-0 за домаќините, додека на 4-0 зголеми Силва во 65 минута.

Конечните високи 5-0 беа дело на Стерлинг во 91 минута.

Сити останува цврсто на втората позиција, а Њукасл е во средината на табелата.

На останатите два дуела во истиот термин, Шефилд Јунајтед со гол постигнат во 94 минута славеше со 1-0 против екипата на Вулверхемптон. „Волците“ иако се борат за излез во Европа, во вториот дел не упатија ниту еден директен шут кон голот на Шефилд. Домаќините од единствениот во финишот успеаја да погодат за нови 3 бода. Стрелец е Еган.

Сега разликата меѓу овие два тима на табелата е само еден бод.

Вест Хем кој се бори за опстанок загуби на свој терен со 0-1 од екипата Барнли. Стрелец на погодокот вреден 3 бода за гостите беше Родригез уште во 38 минута.

Прикажи повеќе...

Спорт

Елмас погоди, ама ВАР го поништи голот (видео)

Објавено пред

Серија А – 31 коло.

Македонскиот фудбалски интернационалец во редовите на Наполи, Елиф Елмас во 7 минута ја затресе мрежата на Џенова при една мешаница пред голот. Сепак ВАР му ја скрати радоста.

Технологијата покажа дека пред Македонецот да ја затресе мрежата, Манолас играл недозволено, со рака.

Елмас е стартер на мечот на кој треба во секој момент да започнат вторите 45 минути.

Кај домашната екипа, која грчевито се бори за опстанок на клупата е Горан Пандев.

Се поизвесно е дека во вториот дел ќе добие шанса затоа што Наполи по првиот дел со голот на Мертенс постигнат во 45 минута води со 0-1.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион2 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет5 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион7 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија7 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија8 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија10 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион10 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион11 час

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион11 час

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија12 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет13 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет13 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет14 часа

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија14 часа

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион14 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Свет1 ден

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион1 ден

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија1 ден

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион1 ден

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Досие