Спорт
Србите пропуштија победа против Хрватска, Унгарците ги растурија Русите
Во најинтересниот денешен меч во квалификациите за Европското првенство во 2020 година Србија пропушти голема шанса да го совлада својот најголем ривал и голем фаворит Хрватска одигрувајќи 25:25 во драматична завршница во Белград.
Србија имаше +2 на 15 минути пред крајот и одлична шанса да дојде од +3, меѓутоа „каубоите“ се вратија и поведоа со 24:23. Вања Илиќ со два брзи гола направи пресврт за 25:24, но Домагој Дувњак успеа да израмни во следниот напад. Во финишот, Србите имаа и напад за победа, но Марсениќ не можеше да погоди од девет метри.
За Србија ова е втор освоен поен во квалификациите, по поразите од Швајцарија и ремито со Белгија. Хрватите имаат две победи и едно реми во три меча. Двете репрезентации се среќаваат повторно в недела (20:00 часот) во Задар.
Во дуел на две репрезентации кои се надеваат на пласман, Унгарија стигна до фантастична 25:19 победа на гости кај Русите во Астрахан, забележувајќи ја третата победа во исто толку мечеви. Унгарците одиграа одлично прво полувреме кое подоцна Русите не успеаја да го надополнат. Балог и Банхиди имаа по пет гола за Унгарците, додека за Русија најефикасен беше Тимур Дибиров со 5 гола. Шанса за реванш ќе имаат за три дена.
ЕП 2020, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА 5
Финска – Босна и Херцеговина 26:30 (13:15)
Табела: 1.Чешка 4, 2.Белорусија 4, 3.БиХ 4, 4.Финска 0
ГРУПА 6
Романија – Литванија 28:23 (16:13)
Табела: 1.Франција 4, 2.Португалија 4, 3.Романија 2, 4.Литванија 0
ГРУПА 7
Русија – Унгарија 19:25 (10:15)
Табела: 1.Унгарија 6, 2.Русија 4, 3.Италија 2, 4.Словачка 0
ГРУПА 2
Србија – Хрватска 25:25 (13:13)
Табела: 1.Хрватска 5, 2.Швајцарија 4, 3.Србија 2, 4.Белгија 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.