Спорт
Старите ривалства не стивнуваат ниту во пензија – Тоти во конфликт со Амико

Франческо Тоти одамна се откажа од професионалниот фудбал, но страста од целата кариера посветена на Рома не стивнува, како што покажува видеото во кое има конфликт со екс-фудбалер на лутиот граадски ривал, Лацио.
На „пријателски“ турнир во фудбал со по 8 фудбалери, Тоти со својот „Тоти спортинг клуб“ играше против Лацио, кои го добија мечот со 4:2, а дуелот беше одбележан со нетрпение во кое беше вклучен самиот Тоти.
Тоти го истурка Томас Амико, фудбалерот кој постигна хет-трик на мечот, но за среќа тензијата бргу попушти и мечот беше довршен.
Тоти играше 786 натпревари за Рома, постигна 307 гола и освои една титула од Серија А во 2001 година.
Scintille in campo durante la finale della 'Supercoppa' di calcio a 8 tra la Lazio e la 'Totti Sporting Club': attimi di tensione pic.twitter.com/qPInreG4Vg
— Ref Ref (@RefRef62623343) April 26, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тиквеш и Скопје остануваат во прволигашкото друштво

Тиквеш и Скопје ќе бидат дел од Првата лига и следната сезона, а Воска и Беласица остануваат во единствената Втора лига.
Тиквеш со 4:1 ја совлада Воска Спорт, додека Скопје со 2:1 ја победи Беласица во бараж натпреварите за пополнување на Првата лига.
Тиквеш поведе со погодокот на Едиз Спахиу во 12. минута, а шест минути подоцна Иван Ивановски зголеми на 2:0. Изаир Емини пред одморот намали, но во 67. минута Благоја Љамчевски постигна убав гол од слободен удар. Спахиу со својот втор гол го потврди триумфот во 74.минута.
Скопје ја победи Беласица со 2:1 во Штип. Филип Јаневски беше двоен стрелец за прволигашот од Автокоманда, а Димитар Трајков погоди за Беласица.
Спорт
Луд пресврт на Манчестер Сити за титула во Премиерлигата

Манчестер Сити со неверојатен пресврт во второто полувреме стигна до победа од 3:2 и ја освои титулата во Премиерлигата. Илкај Гундоган влезе како резерва и постигна два гола, а и Родри беше стрелец за „граѓаните“. Астон Вила водеше со 0:2, со головите на Мати Кеш и на Кутињо.
Ливерпул славеше со 3:1 против Вулверхемптон, но остана без титула. „Волците“ поведоа со голот на Педро Нето, но Садио Мане израмни, а Салах и Робертсон донесоа триумф.
Тотенхем оди во Лигата на шампионите откако го победи Норич на гости со 0:5. Два гола постигна Хјонг – Мин Сон, кој е и најдобар стрелец во лигата, двапати стрелаше и Дејан Кулушевски, а погоди и Хари Кејн.
Лидс Јунајтед на гости го победи Брентфорд со 1:2 и обезбеди опстанок.
Арсенал со 5:1 го победи Евертон, но остана кус за ЛШ, а Кристал Палас го победи Манчестер Јунајтед со 1:0.
Спорт
Нови главоболки за Клоп: Се повреди и Тијаго Алкантара

Ливерпул се бори за шампионската титула во Премиер – лигата, се уште има огромна неизвесност, но Јирген Клоп има многу главоболки откако се повреди уште еден важен член на стартниот тим.
Фудбалерот за врска Тијаго Алкантара се повреди пред крајот на првото полувреме. Ова е само дополнување кон повредите на Мохамед Салах, Џибрил ван Дајк, Фабињо и на Џо Гомез.
Дополнителните лекарски прегледи ќе потврдат колку е сериозна повреда на Тијаго Алкантара и дали тој ќе може да игра во финалето на Лигата на шампионите.