Спорт
Стерлинг бара драконска казна за Црна Гора
Англија синоќа ја декласира Црна Гора во Подгорица со 5:1, но главна тема во англиските медиуми се расистичките навреди упатени кон нивните фудбалери.
Според нив, под трибините во текот на целиот натпревар, поради бојата на кожата, биле навредувани Дени Роуз и Калум Хадсон-Одои.
„Најдобар начин да ги замолчите оние што ве мразат и, да, мислам на расистите“, напишал Стерлинг на „Твитер“ под фотографијата на која го прославува голот постигнат против Црна Гора.
Best way to silence the haters (and yeah I mean racists) ?? #2019 #getsomeeducation pic.twitter.com/ohhkOJtdey
— Raheem Sterling (@sterling7) March 25, 2019
„Искрено, лично јас ништо не слушнав, но Дени јасно кажа дека нешто се случило. Сакав да им покажам дека е потребно многу повеќе од тоа за да нè вознемират или сопрат. Што можам да направам? Сите знаеме која ни е бојата на кожата. Тогаш не знам во што е проблемот. Ништо ново не ни кажаа. Време е надлежните да преземат нешто. Парично можете некого да казните, но што ќе постигнете со тоа? Не смеат да казнат еден или двајца, сите црногорски навивачи треба да ја платат цената. Доколку им го направат тоа, наредниот пат ќе размислат пред да направат нешто вакво“, изјавил Стерлинг по натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.