Спорт
Странец повторно ќе ја тренира Србија, меѓу кандидатите е и Раул Гонзалес
Ракометниот сојуз на Србија (РСС) интензивно бара нов селектор. По заминувањето на Тони Џерона, привремено решение беше Борис Ројевиќ, а како сигурен кандидат за позицијата се истакна пораншениот тренер на Веспрем, Момир Илиќ.
Но „Спортски журнал“, тврди дека планот на РСС е повторно странец да ја предводи репрезентацијата.
Меѓу нив се Швеѓанецот Магнус Андерсон и Шпанците Раул Гонзалес и Талант Душебаев (роден во Киргистан, играше за Советскиот Сојуз, Русија и Шпанија).
Според овој извор, РСС веќе обавиле разговор со Душебаев кој моментално е тренер на полскиот тим Кјелце. Душебаев во кариерата бил селектор на Унгарија и Полска.
Дујшебаев бил заинтересиран за таа позиција, исто како и тренерот на Порто, Андерсон.
Наводно заинтересиран е и Раул Гонзалес, поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, но тој има проблем со клупското правило. ПСЖ не им дозволува на своите тренери да обавуваат уште една функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вардар е шампион на Македонија
Фудбалерите на Вардар на ја освоија шампионската титула, 12-та во клупската историја и прва по пауза од шест години. Во пресрет на последното коло, Вардар, стекна недостижна предност во однос на сега поранешниот првак, Струга Трим Лум.
За да ја обебеди титулата во 32-то коло, на Вардар му беше потребен бод во Струга. Црвено-црните ги освоија трите.
Славеа минимална победа со голот на Цетковиќ во петтата минута.
Вардар во сезоната 2026/ 2027 ќе игра во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.
Табела:

Спорт
Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата
Драмата околу враќањето на кошаркарскиот клуб од Дубаи во татковината продолжува. Клубот од Обединетите Арапски Емирати се заканува дека ќе ја напушти АБА лигата.
Дубаи се пресели да игра во Сараево поради војната на Блискиот исток, но по испаѓањето од Евролигата одлучи да се врати во Обединетите Арапски Емирати.
„Во договор со лигата, испративме писмо до Клуж и Будуќност за да разјасниме дали имаат административни пречки да патуваат во Дубаи, бидејќи тие не одговорија до вторник напладне, објавивме дека се враќаме дома. Будуќност подоцна зазеде став дека не се согласува со тоа, односно дека не сака да игра натпревари во Дубаи затоа што некои играчи не сакаат да дојдат“, тврди неименуван извир на „Спортал“.
Тимот се врати во ОАЕ, а во меѓувреме, АБА лигата одлучи Дубаи да продолжи да игра на неутрален терен.
Наводно, клубот верува дека челниците на АБА лигата направиле грешка затоа што наместо писмо, требало да организираат состанок со клубовите, каде што ќе разговарале за враќањето на Дубаи во татковината.
Соговорникот на споменатиот извор тврди дека Дубаи очекува промена на одлуката, и дека доколку тоа не се случи, сигурно ќе ја тужат лигата, што би довело до потенцијална разделба.
Foto/ ABA league
Спорт
Нојер ќе брани за Германија на СП
Легендарниот германски голман Мануел Нојер (40) е на проширениот список на Јулијан Нагелсман за претстојното Светско првенство, а според германските медиуми, договорено е неговото враќање во репрезентацијата по пензионирањето во 2024 година.
Наводно, селекторот и голманот на Баерн се сретнале и се согласиле Нојер да се врати во репрезентацијата.
Сепак, ова наводно не му гарантира место меѓу 26-те патници на Светското првенство, а конечниот список треба да биде објавен на 21 мај.
Нојер се збогува со репрезентацијата во 2024 година откако беше елиминиран од Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство.
Тешко е да се очекува дека Нојер ќе оди на СП за да биде втор или трет голман и ако е на списокот, јасно е дека ќе биде „единицата“ на Германија.
Во тој случај, цехот би го платил голманот на Хофенхајм, Оливер Бауман, кој беше виден како стартер за „Панцерите“ на Светското првенство.
Германците ќе бидат дел од групата Е на Светското првенство, а нивни ривали ќе бидат Брегот на Слоновата Коска, Еквадор и Курасао.
Foto/ Depositphotos
