Спорт
Студен туш за Нант во мечот за Емилијано Сала, Монако нема среќа! (видео)
Фудбалерите и навивачите на Нант се простија со Емилијано Сала во емотивен неделен меч, во кој нивниот тим потоа целосно разочара на теренот и од водство од 2:0 на крајот загуби со 2:4 од Ним.
Ова беше прв меч на клубот по наоѓањето на телото на Сала во авионот кој падна при патот до Велс, каде што Сала требаше да се приклучи на својот нов тим, премиерлигашот Кардиф сити. Клубот реши да му оддаде почит така што сите билети за мечот чинеа само 9 евра (по бројот кој го носеше Сала), а и навивачите не разочараа со посебна кореографија за Аргентинецот.
Touching scenes ???
Emiliano Sala’s shirt attached to the Nantes goal ahead of warm-up for Nimes match.pic.twitter.com/BESnlON879
— Adriano Del Monte (@adriandelmonte) February 10, 2019
⏱ | 9’#PlayForSala | #FCNNO pic.twitter.com/BgvJW4rf8l
— FC Nantes (@FCNantes) February 10, 2019
EMI’ POUR TOUJOURS ?#PlayForSala | #FCNNO pic.twitter.com/6A2qetVWrK
— FC Nantes (@FCNantes) February 10, 2019
Émouvant moment de recueillement devant le stade en la mémoire d’Emiliano ??#PlayForSala | #FCNNO pic.twitter.com/7dW95QMdzP
— FC Nantes (@FCNantes) February 10, 2019
И фудбалскиот меч започна како што посакуваа сите навивачи на „канаринците“ – Кулибали и Маџид донесоа 2:0 водство на полувреме за тимот на Вахид Халилхоџиќ, но гостите не покажаа милост во второто полувреме и им дадоа дури четири гола за убедлива победа.
Интересен меч се оддржа во Монпелје, каде што Монако беше многу блиску да ја забележи втората победа по враќањето на Леонардо Жардим на клупата, водејќи со 2:1 со голот на Фалкао во 85. минута, пред „кнезовите“ да примат гол од пенал во 90. минута и да останат во зоната за испаѓање.
ЛИГА 1, 24.КОЛО
Монпелје – Монако 2:2
Нант – Ним 2:4
Тулуз – Ремс 1:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.