Спорт
Судел на три Мундијали, а сега е осомничен дека присилувал колеги на секс

Поранешниот колумбијски судија, Оскар Руиз, еден од најдобрите јужноамерикански делители на правдата е осомничен дека од тројца колеги – судии барал сексуални услуги во замена за да им помогне професионално да напредуваат.
42-годишниот судија ја делеше правдата на Светските првенства во 2002, 2006 и 2010 година, а сега работи како ФИФА – инструктор по судење.
Судиите Харолд Периља, Карлос Чавес и Хулиан Меија рекле дека Руиз со години сексуално ги вознемирувал.
„Сексуално ме вознемируваше во 2007 година, се додека не се повлеков. Не престануваше, секогаш бараше физички контакт. На почетокот ми зборуваше болни работи. Најлошото беше кога се обидуваше да ги допре моите тестиси и задникот. Го одбив и тогаш почнаа проблемите со него“ – раскажал Периља за колумбиско радио.
Тој истакнал дека Руиз е многу интелигентен затоа што никогаш не оставил никаква пишана трага.
Чавес, пак, раскажал за детали од инцидент кој се случил по еден натпревар во Купот на Колумбија.
„Излегов од бањата, а тој ме допре по задникот и ми рече: Ова вечерва ќе ја плаќа сметката. Му реков да не си игра со мене“ – вели Чавес.
Постапка против осомничениот судија била водена во 2010 година поради вознемирување на колегата Маурицио Санчес, но тој бил прогласен невид поради недостаток од докази.
#Colombia Árbitro Harold Perilla acosado sexualmente por Óscar Ruiz e Ímer Machado.https://t.co/kwExx8zdYB pic.twitter.com/Pzke063nQE
— ONDAS DEL META 1170 (@ondasdelmeta) March 13, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Клоп го продолжил договорот со Ливерпул (Видео)

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп го продолжил договорот со клубот до 2024 година. Покрај Клоп договорите со „црвените“ ги продолжиле и неговите асистенти Петер Кравиц и Пеп Лијндерс.
Познат како духовите човек и шегобиец Клоп во таков стил им се обратил на навивачите преку социјалните мрежи.
„Решивме да ја продолжиме соработката која досега не е лоша. Ова за некого се добри вести, а за некого не се толку добри. Ги сакаме сите тука, ова е убав клуб, се чувствуваме како дома. Ова е добар момент да продолжиме, преговорите не беа тешки, тајно преговаравме, што не е лесно во овие времиња“.
Happy Friday, Reds! 🤩🤩🤩 pic.twitter.com/7qUWOsszb6
— Liverpool FC (@LFC) December 13, 2019
Клоп е менаџер на Ливерпул од јануари 2015 година. Неговиот претходен договор истекуваше во 2022 година.
Пред Ливерпул, Клоп, бил тренер на Борусија Дортмунд (2008-2015), а пред тоа седум сезони г тренирал Мајнц.
Минатата сезона тој со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите. Оваа сезона е на добар пат на Ливерпул да им ја донесе првата титула во Англија по 1990 година.
Спорт
Гвардиола би можел да ги напушти Манчестер сити

Пеп Гвардиола летово би можел да ги напушти Манчестер сити, пишува „Дејли Мејл“. Тренерот минатата година го потпиша нов договор со важност до 2021 година, меѓутоа во договорот постои клаузула која Гвардиола може да ја активира ова лето. Не е познато само колкав е износот што треба да биде платен за да може Гвардила да го напушти клубот.
Тренерот ќе реши дали ќе остане на „Итихад“ откако клупските челници неколку пати потенцираа дека сакаат Гвардиола да остане до истекот на договорот.
Доколку остане до 2021 година во Сити тоа ќе биде најдолг ангажман на Гвардиола во некој клуб.
Во Барселона се задржа четри години, а пота три години работеше во Баерн. Со Барселона освои три трофеи во Ла Лига и два во Лигата на шампионите, а со Баерн три пати бил шампион на Германија.
Во Манчестер сити е од 2016 година, во првата сезона го освои третото место, а потоа два пати ја освоил титулата.
Спорт
Дончиќ е незапирлив (Видео)

Лука Дончиќ одигра уште една партија во НБА лигата, а неговите Далас Маверикс лесно ги победија Детроит Пистонс 122:111. Дуелот на овие два тима се одигра во Мексико сити.
Словенецот го забележа осмиот „трипл-дабл“ во сезоната и е лидер на оваа листа пред Леброн Џејмс и Расел Вестбрук.
Дончиќ натпреварот го заврши со 41 поен, 12 скока и 11 асистенции. Кај Далас уште се истакнаа Сет Кари (30 поени, 7 скока, 4 асистенции) и Кристапс Прозингинс (20 поени, 8 скока).
Најдобри играчи на Детроит беа Андре Драмонд (23 поени, 16 скока) и Дерик Роуз (19 поени).
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија3 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене