Спорт
Судија упатил смртни закани кон фудбалер, УЕФА го тргна од листата за ЛШ
УЕФА објави дека извршила вонредна промена на еден од судиите за натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ПСВ Ајндховен и Спортинг Лисабон.
Италијанецот Фабио Мареска требаше да биде четврти судија на овој меч, но се најде во центарот на скандал и по итна постапка беше избришан од списокот.
Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Мареска кон еден играч упатил смртни закани во текот на натпреварот во кувајтското првенство меѓу Кувајт и Ал Араби. Марсека беше главен судија на овој натпревар.
Откако тие обвинувања излегоа во јавноста, а целиот скандал стигна до челниците на УЕФА, тој беше отстранет од натпреварот од Лигата на шампионите за кој беше делегиран.
Како што соопштија од Европската фудбалска унија, на овој натпревар од елитното натпреварување на негово место ќе дојде неговиот сонародник Даниеле Довери.
Главен судија ќе биде Марко Гвида, а помошници ќе бидат Чиро Карбоне и Џорџо Перети.
Натпреварот помеѓу ПСВ и Спортинг се игра вечерва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Купмajнерс скрши ребро, го пропушта „Дербито на Италија“
Холанѓанецот Теун Купмајнерс скршил ребро, соопшти неговиот клуб, италијански Јувентус.
Италијанските медиуми објавија дека Копемајнерс може да отсуствува и до еден месец.
Поради ова, тој најверојатно ќе го пропушти дербито Интер на 27 октомври.
„Според наодите на лекарот, тој има мала скршеница на реброто на десната страна“, се вели во соопштението и се истакнува дека неговото враќање на теренот ќе зависи од неговото закрепнување.
Копмајнерс (26), кој летово пристигна од Аталанта Бергамо за 55 милиони евра, се повреди на натпреварот Јувентус-Каљари минатиот викенд (1:1).
Спорт
ПСЖ е воодушевен од најавената продажба на Париз на Ред Бул
Како што објави „Лекип“, Ред Бул се подготвува да го преземе парискиот фудбалски клуб со семејството Арно, а веста одекна во Франција бидејќи големото богатство на идните сопственици потенцијално ќе го промени фудбалот во Париз и низ целата земја.
Во Лига 1, од повеќе причини, нема градови кои имаат два клуба во лигата. Како што стојат работите оваа сезона, географски се најблиску Ница и Монако – ги делат околу 20 километри. Но, тоа може да се промени.
Париз вложи многу во тимот во текот на летниот преоден рок, а тоа полека но сигурно се исплати. Париз моментално е лидер во Лига 2. Доколку се случи најавеното преземање на клубот, семејството Арно и Ред Бул сигурно ќе имаат пари за високи амбиции.
Очекувано, реакциите на навивачите на Париз на оваа вест се позитивни, а ништо поразлично не е и кај потенцијалните градски ривали Пари Сен Жермен.
„Тоа е одлична вест. Тоа би било фантастично за Париз и за францускиот фудбал. Тоа би донело здраво ривалство во нашиот главен град на највисоко ниво“, изјави првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал Хелаифи за RMC Sport.
Спорт
Махач го елиминира Алкараз на мастерсот во Шангај
Чехот Томаш Махач спречи полуфинале Синер-Алкараз на Мастерсот во Шангај. Махач, 33. на АТП листата, преку Алкараз избори пласман во своето прво мастерс полуфинале.
Чехот по еден час и 55 минути го победи Шпанецот со 7:6, 7:5.
Карлос Алкараз, како фаворит влезе во дуелот со махач, но како ретко кога во кариерата не можеше да го испрати темпото што го наметна неговиот противник.
Првиот сет Махач го реши во тај-бреј, а до брејк дојде на самиот почеток на вториот сет. Алкараз успеа да го врати брејкот во шестиот гем, но на крајот се испостави дека тоа беше само момент на слабост на Махач.
Чехот уште еднаш му го одзеде сервиост на противникот на 11. гем, а потоа без загубен поен го реализира својот сервиз гем за конечен триумф.
Противник на Махач, во сабота, ќе му биде Јаник Синер, кој лесно се справи со повредениот Медведев (6:1, 6:4).