Контакт

Спорт

Супер Ѓоковиќ во супер тај-брејкот го скрши Оже Алијасим

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ во епски меч го победи Феликс Оже Алијасим и се пласира во полуфиналето на Вимблдон. Мечот траеше пет часа и 13 минути, а заврши шест минути пред 23 часот, односно пред полицискиот час, кога е во прашање одржувањето на спортските натпревари. Ѓоковиќ и Оже Алијасим го одиграа најдолгото четвртфинале во историјата на Вимблдон.

Ѓоковиќ беше посилен од повредата, пропуштените шанси и подароците кои му ги даде на 13 години помладиот противник.

Прашање е како ќе се одвиваше мечот и дали толку долго ќе траеше доколку Ѓоковиќ малку подобро ги реалзиираше брејк топките. Србинот исккористи само две, а ги имаше вкупно 13, додека Оже Алијасим бешер одличен, имаше четири брејк топки искористи две.

Мечот беше решен во супер тај-брејкот, во кој Ѓоковиќ доминираше и го доби со 10:4.

На крајот Србинот славеше со 7:6, 3:6, 6:3, 6:7, 7:6. Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против првиот носител Јаник Синер.

Foto/ EPA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Аргентина со играч повеќе ја скрши Швајцарија

Објавено пред

Аргентина е последниот полуфиналист на Светското првенство откако ја победи Швајцарија со 3:1 по продолжение во драматично четвртфинале во Канзас Сити.

Алексис Мек Алистер ги доведе Аргентинците во водство, Ден Ндоје израмни за Швајцарците, а Хулијан Алварез и Лаутаро Мартинез ја обезбедија победата за бранителот на титулата во продолжението.

Аргентина поведе во 10-та минута. Лионел Меси изведе корнер, а Алексис Мекалистер остана небранет на првата статива и ја испрати топката со глава во мрежата зад Грегор Кобел.

После тоа, бранителот на титулата ја контролираше играта до полувремето без многу тешкотии, но не покажа голема амбиција да постигне втор гол. Единствената сериозна закана за Швајцарија во првото полувреме ја испрати Џибрил Соу со удар од дваесет метри, но топката заврши во рацете на Емилијано Мартинез.

Во 67-та минута, Мартинез беше немоќен. Ндоје и Родригез одиграа одлично двојно додавање, по што швајцарскиот напаѓач влезе во шеснаесетникот и со прецизен удар од непосредна близина го погоди спротивниот агол за израмнување на 1:1.

Потоа следуваше бизарното исклучување на Енболо, кој со солзи во очите замина од теренот.

Со играч повеќе, Аргентина ја презеде целосната контрола и притискаше силно, но до крајот на регуларниот дел не успеа да постигне гол. Најблиску до гол беа Меси, кој шутираше покрај стативата во судиското надополнување, и Лисандро Мартинез, чиј обид Кобел го одбрани со максимален напор.

Притисокот продолжи и во продолжението. Во 95-та минута, Тијаго Алмада ја погоди стативата со удар од дваесет метри, а натпреварот беше решен во 112-та минута. Кобел го одбрани ударот на Меси, но топката отскокна до аргентинските играчи, а акцијата ја заврши Хулијан Алварез. Со фантастичен удар од работ на шеснаесетникот, тој го погоди горниот лев агол и ѝ донесе на Аргентина водство од 2:1.

На самиот крај, Швајцарија се обиде на „сè или ништо“ со играч помалку, што отвори простор за контранапад. Лаутаро Мартинез стави точка на мечот во првата минута од судиското продолжение.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Англиски медиуми: Имавме среќа и се провлековме

Објавено пред

Англија ја победи Норвешка во третиот натпревар од четвртфиналето на Светското првенство. Андреас Шјелдеруп ги доведе Норвежаните во водство, а потоа Џуд Белингам постигна два гола за пресврт и пласман во Топ 4.

Еве како англиските медиуми го видоа натпреварот.

Гардијан: Англија се протна, но покажа ширина и карактер

„Англија мораше да се бори, понекогаш имаше среќа, но едноставно не се откажаа и се извлекоа“, пишува Гардијан. Се истакнува дека ширината на ростерот и квалитетот од клупата, на крајот донесоа предност. „На крајот славеа, но без премногу еуфорија бидејќи сите беа целосно исцрпени“, додава Гардијан.

Би-Би-Си: Белингам повторно ја спаси Англија

„Од каде да почнам? Уште едно големо разочарување со примениот гол, но оваа Англија е цврста градба“, изјави Алан Ширер за Би-Би-Си. Тој истакнува дека во второто полувреме Англичаните мораа да страдаат и да се бранат под притисок, но повторно најдоа начин. „Не е изненадување што Џуд Белингам повторно ги спаси“, додаде Ширер.

Би-Би-Си: Не беше најдобрата претстава, но ја заврши работата

„Од каде воопшто да почнеме по ова? Повторно беа турнати на работ“, изјави Пол Робинсон за Би-Би-Си. Тој нагласува дека Англија не била вистинската, но дека најважно е што целта е постигната. Тој, исто така, ги критикува тактичките промени на Томас Тухел, но додава: „Тие се држеа до планот, а кога ги имате Џуд Белингам и Хари Кејн, имате играчи за големи натпревари“.

Сан: Кога го имате Белингам, секогаш имате шанса

„Токму кога помисливте дека е крајот на патот, патот до славата продолжува“, пишува „Сан“. Се истакнува дека Англија изгледаше како тим што си оди дома поголемиот дел од натпреварот, но сè се промени на крајот. „Кога го имате Џуд Белингам, секогаш имате шанса“, заклучува таблоидот.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Крај на норвешката бајка: Голманот и судијата ги честеа Англичаните

Објавено пред

Норвешката бајка на Светското првенство заврши на суров начин во четвртфиналето со пораз од Англија по продолженијата (1:2). Пласманот на Англија во полуфиналето ќе остане во сенка на сериозна судиска грешка. Голот за 1:1 мораше да биде поништен бидејќи топката го погоди кабелот што ја држи камерата, падна одеднаш и се отвори контра на Англија. Норвежаните протестираа, но залудно.

Сè беше решено кога голманот на Норвешка, Ниланд, имаше ужасна интервенција по ударот на Роџерс, ја испушти топката, а Белингам брзо реагираше и ја погоди мрежата.

Здодевни беа првите половина час, а потоа дојде голот што го отвори натпреварот. Шјелдеруп сакаше да центрира за Халанда, но се покажа како идеално за него и Норвешка. Топката зеде траекторија што го измами Пикфорд се одби од стативата и влезе во мрежата.

Во тие момент ,ожеше да се види стравот на лицата на играчите на Англија, а ќе беше уште полошо за нив доколку Серлот да беше посмирен во две ситуации. Никој не го обвини за малку непрецизниот шут во првата можност, но Халанд му беше лут што не му додаде во втората ситуација.

Себичноста брзо стигна на наплата, Англија израмни со голот на Белингам. Само, голот на асот на Реал мораше да биде поништен!

Норвежаните имаа гол поништен на почетокот на второто полувреме, ВАР процени дека Халанд направил прекршок пред Хегем да ја затресе мрежата.

Англичаните имаа голема среќа во финишот што Норвешка ја погоди пречката, но и што немаше реакција од ВАР собата за туркање на норвешкиот играч одзади во гол шанса.

Дојдоа Англичаните некако до продолженија, а во 93-та минута добија подарок од голманот Ниланд. Тој не ја фати топката по ударот на Роџерс, Белингам дотрча и го постигна вториот гол на натпреварот – шести на првенството.

Очајниот судија Турпан досуди пенал за Англија во 100-та минута, но беше повикан од ВАР собата да ја прегледа ситуацијата и тогаш виде дека Спенс одглуми пенал.

Потоа во 109-та минута две брилијантни интервенции на Ниланд по ударите на Спенс и Сака.

До крајот Тухел ја затвори играта, не им дозволи на Норвежаните да направат ниту една шанса пред голот на Пикфорд.

На крајот трагичарот Ниланд во солзи замина од теренот.

Англија во полуфиналето ќе игра против Аргентина или Швајцарија.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт34 секунди

(Видео) Аргентина со играч повеќе ја скрши Швајцарија

Аргентина е последниот полуфиналист на Светското првенство откако ја победи Швајцарија со 3:1 по продолжение во драматично четвртфинале во Канзас...

Свет13 минути

(Видео) Истрага по експлозиите во близина на Киев: Зеленски обвини за незаконско складирање оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека раководни лица на државниот одбранбен концерн „Укроборонпром“ ја прекршиле законската регулатива дозволувајќи складирање оружје...

Свет18 минути

(Фото+видео) Силно невреме ја погоди Словенија, паѓал град со големина на орев

Силнo невреме проследено со град ја зафати Словенија во саботата попладне, а нестабилното време се прошири во централните, северните и...

Економија25 минути

СДСМ: Оризот скапува по амбарите, Владата на Мицкоски ги остави оризопроизводителите без откуп

Оризопроизводителите се соочуваат со една од најтешките кризи во последните години, како директна последица на погрешните политики на Владата на...

Економија29 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е со најниска инфлација во регионот, СДС се обидува да шири паника, но бројките ги демантираат

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека економските показатели покажуваат стабилизирање на цените и дека Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите кои...

Македонија35 минути

Пронајден романски државјанин изгубен кај Матка, ЦУК и МВР координирале ноќна потрага

Странски државјанин од Романија бил успешно пронајден по координирана акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за...

Македонија38 минути

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ, Левица и ДУИ дека се обединети во блокада на донесувањето на нов Изборен законик и дека,...

Македонија42 минути

СДСМ: Македонија повеќе не е на европската мапа, Мицкоски ја турна државата во изолација

Последните пораки од Европската Унија се најсилниот доказ дека Македонија повеќе не е на европската агенда, оцени СДСМ. Од опозициската...

Македонија48 минути

Спасени тројца планинари од Бистрица, ЦУК координираше акција поради здравствени тегоби на едно лице

Тројца планинари беа успешно извлечени од планината Бистрица по координирана спасувачка акција во која учествуваа повеќе институции, информира Центарот за...