Спорт
Светот се простува од Лауда, знамињата во Австрија на половина копје
Австрија деновиве се наоѓа во сериозна политичка криза поради падот на владата, но смртта на легендарниот Ники Лауда ја фрли владината криза во втор план. Медиумите во оваа земја ја оплакуваат смртта и воедно ги слават животот и нескршливиот дух на еден од најголемите Австрици во историјата.
Лауда стана симбол на храброста, нескршливоста и упорноста во 1976 година кога по страшната несреќа во Хокенхајм, кога една минута гореше во својот болид, по само 40 дена минати во болница, се врати на трката во Монца и го освои четвртото место.
„Австрија тагува по еден од своите великани“, „Почина австриската светска ѕвезда“, Ники Лауда се бореше до самиот крај“, „Полина Ники Лауда, легендата на Формула 1“, „Ники Лауда е мртов: беше тоа живот во пол-позиција“, Ники Лауда: Национално богатство и култната личност на Австрија“, се дел од насловите на водечките медиуми во Австрија.
Смртта на Лауда силно одекна во целиот спортски свет, а први реагирале од Ферари и Мекларен, тимови со кои Лауда стана светски првак.
„Денес е тажен ден за Ф1. Големото семејство на Ферари со голема болка ја прими веста за смртта на својот член и пријател Ники Лауда. Трикратен светски првак, кој две титули освои со Скудерија Ферари. Ники, засекогаш ќе бидеш во нашите срца“.
Oggi è un giorno triste per la F1. La grande famiglia della Ferrari apprende con profonda tristezza la notizia della morte dell’amico Niki Lauda, tre volte campione del mondo, due con la Scuderia (1975-1977). Resterai per sempre nei cuori nostri e in quelli dei tifosi. #CiaoNiki pic.twitter.com/srQUUeDqLw
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) May 21, 2019
„Сите во Мекларен сме длабоко потресени кога дознавме дека починал Ники Лауда, нашиот пријател, колега и светски првак во Ф1. Ники, засекогаш ќе останеш во нашите срца и ќе бидеш запишан во нашата историја. Почивај во мир, Ники“.
All at McLaren are deeply saddened to learn that our friend, colleague and 1984 Formula 1 World Champion, Niki Lauda, has passed away. Niki will forever be in our hearts and enshrined in our history. #RIPNiki pic.twitter.com/Ndd9ZEfm6B
— McLaren (@McLarenF1) May 21, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мундо Депортиво: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара околу трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.
Спорт
Манчестер сити подготвува мега трансфер, мета е играч на Баерн
Манчестер сити, во летниот преоден рок ќе се обиде да го нагажира Џамал Мусиала (21), тврди „Гардијан“. Информацијата е пласирана во јавноста откако Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите го исфрли тимот на Пеп Гвардиола, кој нема да може да ја одбрани титулата европски првак од минатата година.
Гвардиола сака дополнителни опции во редот за врска, а главна цел е еден од најголемите таленти во светот. Пред да пристигне во Баерн во 2019 година, Мусиала играше за германски СГ Барокштад Фулда-Ленерц, а потоа и за Саутемптон и Челзи во Англија.
За првиот тим дебитираше во 2020 година и досега има одиграно 161 натпревар, има постигнато 43 гола со 30 асистенции. Досега со Баерн осови 10 трофеи. Иако е роден во Штутгарт, има германско и англиско државјанство. Избра да игра за Германија, во чиј дрес досега одигра 27 натпревари и постигна два гола.
„Трансфермаркт“, веб-страницата која се занимава со проценка на вредноста на фудбалерите, наведува дека Мусиала вреди 110 милиони евра, што го прави еден од најскапите во светот, веднаш зад Фил Фоден и Букаја Сака (130 милиони евра), Винисиус Жуниор (150), Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд и Џуд Белингем (180).
Сепак, Баерн нема намера да го пушти Мусијала, кој има договор до летото 2026 година.
За потсетување, најскап играч на Манчестер сити е Џек Грилиш, кој во 2021 година пристигна од Астон Вила за 117,5 милиони евра. Богатите арапски сопственици на Сити веројатно би морале да го соборат тој рекорд за Мусиала.