Спорт
Светската атлетика ги забрани трансродовите спортисти

Светската Атлетика, интернационалната федерација која ја води атлетиката, ги забрани трансродовите жени во елитните женски натпреварувања ако тие поминале низ машки пубертет.
Претседателот Себастијан Коу, британската атлетска легенда, оценува дека ова се прави за да се „заштити женската категорија“ во атлетиката и дека ќе се формира комисија која ќе ги разгледува случаите за трансродови спортисти.
Претходно ФИНА, светската пливачка федерација во јуни гласаше за забрана на трансродовите жени во елитните натпреварувања исто така ако поминале низ машки пубертет, оценувајќи дека и покрај намаленото ниво на тестостерон, тие кои се родени како мажи имаат „значителна“ биолошка предност.
Покрај тоа, Светската Атлетика стави крај на осумгодишната суспензија поради допингување на Руската атлетска федерација, иако ова не значи дека тие ќе се вратат на натпреварувањата поради посебната суспензија поради војната во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Перишиќ сака да го напушти Тотенхем

Иван Перишиќ (34) не е задоволен од својот статус во Тотенхем, но и воопшто од состојбата во која се наоѓа клубот. незадоволен е што Тотенхем нема да игра во европските купови, поради што сака да го напушти Лондон. „Калчомеркато“, обајави дека оваа своја одлука искусниот фудбалер им ја соопштил на клупските челници.
Хрватскиот репрезентативец оваа сезона за Тотенхем одигра 44 натпревари во сите натпреварувања, постигна еден гол и забележа 12 асистенции.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Перишиќ сака да се врати во Интер и дека не го интересира ниту еден друг клуб. Жали што си замина од Милан бидејќи Интер сега игра финале во Лигата на шампионите.
Пласманот во финалето на Лигата на шампионите е мала финансиска инјекција за италијанскиот гигант, но ситуацијата се уште е далеку од идеална. „Калчомеркато“, пишува дека Интер нема да понуди нов договор на ниту еден од играчите кои имаат 30 или повеќе години и влегуваат во последната година од договорот.
Поради тоа речиси е невозможно клупските челници да одобрат средства за да го вратат Перишиќ.
Спорт
Академија Пандев се ребрендира во Брера Струмица

„Брера Холдингс“, неодамна купи 90 отсто од акциите на фудбалскиот клуб Академија Пандев. Новиот газда го повлече првиот конкретен чекор од превземањето на клубот, го смени името. Од наредната сезона клубот ќе настапува под името „Брера Струмица“.
„Брера Струмица е за нас стратешки клуб и прв прволигашки клуб во Европа, јадро за пазарот на светскиот фудбал. Затоа ние правиме напори за брзо да го вратиме клубот на водечките позиции“, изјави Серџо Скалпели, извршниот директор на „Брера Холдингс“.
Со клубот влезе во подготвките за новата сезоната. Најпрвин во клубот ќе пристигне нов тренер, откако од клубот си замина Александар Васоски.
Македонската легенда, Горан Пандев за 600.000 евра продаде 90 отсто од акциите на „Брера Холдингс“.
Спорт
Јунајтед ќе му плати на Мегваер за да го напушти клубот

Манчестер јунајтед по секоја цена сака да се ослободи од услугите на Хари Мегваер. Клубот е подготвен да го исплати Мегваер за тој да го напушти клубот.
Во 2019 година, Хари Мегваер пристигна во Манчестер јунајтед од Лестер за рекордни 80 милиони фунти. Сепак, престојот на најскапиот дефанзивец на светот на „Олд Трафорд“ се претвори во вистински кошмар од кој немаше излез.
Правеше комични грешки, стана предмет на потсмев ширум светот, а навивачите дури му се закануваа со бомби доколку не го напушти клубот.
Сепак, тој и покрај се остана во клубот. Тој има уште две години од договорот вреден 190.000 фунти неделно, но Манчестер јунајтед има намера да се ослободи од него веќе на крајот на сезоната.
Клубот на 30. годишниот дефанзивец ќе му понуди 10 милиони фунти за раскин на договорот. Ќе добие пари и ќе може да го напушти клубот без обесштетување.
Понудата е на маса. Сега се чека одговорот на Мегваер, но проблемот е што тој претходно изјави дека сака да остане на „Олд Трафорд“ и да се бори за своето место во тимот.
Оваа сезона, Мегваер започна само 16 од 61 натпревар на „црвените ѓаволи“. Се шпекулира дека тој би можел да ја продолжи кариерата во Серија А.
Хари Мегваер одигра вкупно 175 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“.