Контакт

Спорт

Свирежи од трибините! Њукасл успеа да испадне од ФА купот од третолигаш!

Објавено пред

Навивачите на Њукасл јунајтед, кои славеа кога пристигнаа новите саудиски газди на клубот, со што тој стана најбогатиот клуб на светот, денеска ги исвиркаа своите играчи, откако тие успеаја да загубат со 0:1 од третолигашот Кембриџ јунајтед за испаѓање од третото коло во ФА купот.

И покрај тоа што стартер беше нивното прво скапо засилување во „новата ера“, Киеран Трипиер, Њукасл не успеаја да дадат гол и беа казнети во 57. минута, кога Џо Иронсајд ги шокираше навивачите на „Сент Џејмс Парк“, кои како што се движеше натпреварот прво со свирежи ги „поздравија“ своите играчи, а потоа и почнаа да си заминуваат од стадионот.

ФА КУП, 1/32 ФИНАЛЕ

Борхем Вуд – Вимблдон 2:0

Кидерминстер – Рединг 2:1

Лестер – Вотфорд 4:1

Њукасл – Кембриџ јунајтед 0:1

Питерборо – Бристол роверс 2:1

Порт Вејл – Брентфорд 1:4

Виган – Блекбурн 3:2

Вест Бромвич Албион – Брајтон 1:1, 1:2 по продолженија

Барнсли – Бероу 4:4, 5:4 по продолженија

Квинс Парк Ренџерс – Ротерам 0:0, 1:1, 8:7 пенали



Спорт

Овојпат нема „бајки“ – Вотфорд го отпуштија Раниери

Објавено пред

Вотфорд го отпуштија Клаудио Раниери по нешто повеќе од три месеци на чело на премиерлигашот, по катастрофалната серија резултати и сега ќе бараат трет тренер оваа сезона.

Газдата Џино Поцо го отпушти Чиско Муњоз на 3 октомври во моменти кога Вотфорд беше 14. на табелата, и Раниери успеа да освои само седум поени со клубот, од кои најдобар резултат му беше шокантната 4:1 победа над Манчестер јунајтед (по која отказ доби нивниот менаџер Оле Гунар Солскјер).

Во петокот, Вотфорд загубија со 3:0 од ривалите во борбата за опстанок, Норич, по што се на 18. место на табелата само три поени од дното.

Ова беше четврта тренераска работа за 70-годишниот Италијанец во Премиерлигата, по Челси, Лестер и Фулам. Најголемиот успех, несомнено, е сезоната 2015/16 кога со Лестер ја освоија титулата од Премиерлигата. Но, овојпат немаше фудбалски чуда.

Прикажи повеќе...

Спорт

Хрватите во луд натпревар пропуштија +5, за на крајот да ги поматат сметките на Исланд

Објавено пред

Хрватска и покрај тоа што ги загуби шансите за пласман во полуфинале на Европското првенство, со 23:22 ги совладаа Исланѓаните, така „поматувајќи“ им го нивните планови за пласман во борбата за медали.

Исланд имаше фантастично прво полувреме во кое имаше 5 гола предност (10:5), која спадна на +2 на полувреме, но потоа во 13 минути во второто полувреме не постигнаа гол, и Хрватите поведоа со 20:15. По ова следуваше уште една резултатска „клацкалка“ – Исланд дојде до 22:21 предност, пред да пропуштат два напади, и вардарецот Анте Гаџа во финишот да ги шокира „рибарите“ за победа.

Со победата, Хрватите остануваат во игра за третото место во групата, кое може да води во борба за петто место на шампионатот, место кое може да донесе до пласман на Светското првенство во 2023 – Данска е квалификувана како шампион, Шведска и Полска како домаќини, така што и петтото место може да носи директен пласман. Ова беше шести меѓусебен дуел на Хрватска и Исланд на ЕП, и сега Хрватите имаат 5 победи и 1 реми.

За Исланѓаните, ова е незгоден пораз кој доаѓа по славната победа над Франција и ова е резултат кој најмногу им одговара на „триколорите“. Данците остануваат лидери во првата група со 6 поени пред вечерашниот меч со Холандија, Французите и Исланѓаните се на 4, а Холандија, Хрватска и Црна Гора имаат по два поени.

ЕУРО 2022, УНГАРИЈА/СЛОВАЧКА

Исланд – Хрватска 22:23 (12:10)

Данска – Холандија 18.00 ч.

Црна Гора – Франција 20.30 ч.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-4105-36556”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Прикажи повеќе...

Спорт

Усик: Поради политиката загубив милиони во спонзорство во Украина

Објавено пред

ВБА, ИБФ, ИБО и ВБФ шампионот во тешка категорија, Олександер Усик тврди дека загубил богати спонзорски договори во неговата татковина, Украина поради неговите политички ставови и поради тоа што не ја критикувал Русија.

Усик стана светски шампион кога го победи на поени Ентони Џошуа во септември во Лондон, откако претходно беше апсолутен шампион во крузер категорија, а освои и злато за Украина на Олимпијадата во Лондон во 2012 година. И покрај ова, тој не е многу сакана личност во Украина, најмногу поради тоа што е роден во Крим и не ја критикуваше Русија за преземањето на полуостровот во 2014 година.

Усик одговараше дека Крим е „божји“ кога го прашуваа украинските новинари, и иако живее во Киев, неговото семејство уште е таму. Покрај тоа, тој е голем верник на православната црква која уште е поврзана со Московската Патријаршија и беше поставен на неславната листа „непријатели на државата“ од страна на една невладина организација.

„Имам договори? Не во Украина. Ситуацијата е таква со целата омраза, поделбите и недоразбирањата, што многу повеќемилионски договори ги загубив. Едноставно беа одбиени. Ќе ми кажат: ‘Си зборувал за политика таму?’. Ќе ги прашам: ‘Каде, покажете ми!’. Тие ќе речат: ‘Па, тие зборуваат за тебе’. И толку. Би сакале да ме спонзорираат, но им е страв. Но, не жалам за парите, тие најлесно се надополнуваат“, вели 35-годишниот Усик.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија2 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Македонија4 часа

(Видео) Митрески: Предвремени избори нема да има

За укинување на техничка Влада потребен е консензус, предвремени избори нема да има, ВМРО-ДПМНЕ прави театар изјави на денешната прес-конференција...

Македонија6 часа

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија6 часа

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија6 часа

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија7 часа

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет7 часа

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Македонија8 часа

Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците...

Свет8 часа

Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за...

Македонија8 часа

(Видео) Јанакиески спроведен на судење со полициско возило

На патерици, легнат во полициско возило, Миле Јанакиески е земен од дома со судска наредба и спроведен на судење. Денеска...

Свет9 часа

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија. Според извештајот, официјалните лица...

Свет10 часа

Kазнети 3.600 долари зашто на една минута го напуштиле карантинот

Тајванските здравствени власти казнија индонезиски рибари со 3.610 долари затоа што ги напуштиле хотелските соби за време на карантин за...

Свет10 часа

СЗО најавува крај на пандемијата во Европа

Сојот омикрон на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата...

Македонија21 час

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

Локализиран е пожарот што избувна околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот....

Македонија23 часа

Нови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424...

Свет1 ден

НАТО испраќа се’ повеќе оружје во Украина

Во последните денови, членките на НАТО испраќаат оружје и воен персонал во Украина, како и во блиските европски земји, во...

Македонија1 ден

„Преговорите ги диктира Софија, ова е пазар дипломатија“ – опозицијата со критики за начинот на кој Владата преговара со Бугарија

Остри критики за начинот на којшто се водат преговорите со Бугарија упатија говорниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Заштита...

Економија1 ден

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница

„Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен...

Топ1 ден

Прегазен малолетник на улица во Тетово, возачот избегал

Седумнаесетгодишно момче било прегазено од автомобил вчера на улицата Благоја Тоска во Тетово. Возачот кој управувал со возилото избегал од местото,...

Досие